Не сум сигурен за ова, али знам дека другарче кога зеде кредит од околу 50.000Е, му ставија некоја клаузула за девалвација. Ѕирни си во договорот дали имаш такво нешто.
Иначе, во петокот бев во Халк Банка да раскинам денарски депозит, па едно добри 3-4 минути се обидуваше шалтерушата да ме предомисли. Па дечко, ова е вештачки креирано, па ова, па она, па дојде до степен на тоа да и кажам, да не се секира за моите пари, и дека нејзината работа е да ми ги предаде парите, а не лекција за девалвација.
Од многуте колеги што ги имам од привремена работа во странство што бевме, добри 70% ги вадат денарите, купуваат евра, и ги оставаат парите во сефови.