Да се одигра еден натпревар, потребни се 2 страни (играчи/натпреварувачи/тима) и публика. Кај нас едната страна организира протести, другата контра-протести. Тоа ти е шах. Само Груевски после 10 години не ги научи баш потезите, секогаш имаше суфлер. Тој беше навикнат на мазење и фаворизирање од страна на медиумите, а сега кога малку подолго е отсутен на “теренот“ настана конфузија за тоа како тој ќе се врател и ќе било подобро, како овие другите биле дебили, платеници, предавници.......Патетично нели? Но тоа е веќе психологија на човекот, како се однесува тој кога не е сигурен во себе, кога е во тесно и кога мисли дека му се ближи крајот. Ако никој не го турка, нема да има толку самодоверба, како на пр. и Бркуловска.
И за терористичкиот акт во Куманово. Читни нешто повеќе. Вака само си неколку чекори поназад само затоа што се потпираш на провладините манипулатоски системи. Имаше тензија, имаше информации, имаше докази за активноти претходниот ден, а дури полицијата наредното утро го вклучува алармот и тргнува во акција!? Интересно.
-------------
Темата е за протестите. Контра-протестот организиран од ГНОЈ е патетика. Желба да се исплива на површината, да се земе воздух и потоа повторно да се нурне во криминалот. А за возврат членовите на ГНОЈ ќе добијат награда така што нема да бидат мета на недемократско политичко владеење на таа една група на луѓе. Така што нема да бидат на врвот на пирамидата, ќе бидат под нозете на фараонот т.е. ќе имаат бенефит за сето ова што го прават и што ја туркаат Македонија во се подлабока криза. Има еден интересен цитат од Черчил, кога Британија активно зела учество во втората светска војна и започнала да ја притиска Германија од север- “ова не е почетокот, ова не е ниту крајот, но ова можеби е почетокот на крајот“. Само кај нас е малкуцка поразлично, кај нас само што започна крајот на почетокот и Хорхе не врати на почетната позиција. Сега само тонеме и што е потрагично, сите ние сме внатре во трупот на бродот.