Проектов до некаде е добар а донекаде и не е, 6000 евра се премалку за да се започне нов живот(на село), па макар имал и средена куќа, со овие пари неможат да се покријат почетните вложувања за тие 3 хектари, или колку и да се. А читам и дека државата давала до 3 хектари, поголемиот дел од државните ниви останати и неземени под концесија се ниско класни, високо класните и квалитетни почви одамна се земени од боџованите и се далеку од рацете на вистинските земјоделци. Така да со овој проект сигурно апликантите нема да добијат висококласно земјиште на коешто како што ве читам дискутирате ке засадат градинарски производи, напротив ке добијат некое си ниско класно земјиште(над 5-та класа) на некој рид(како што јас го викам *уропек) на коешто едвај ќе биде и жито( и бериќетот којзнае дали ќе биде доволен за покривање на трошоците).
А и најбитно од се во земјоделието е сигурниот пласман на производите, ајде да речеме ќе добиете и квалитетна почва ќе посадите било што и ќе добиете богато род, ако нема кој да ви го купи само ќе тонете и финансиски и на секој друг начин.
Најпрвин во државата треба да се направат некои рестрикции(како на пример забрана за увоз на земјоделски производи коишто се произведуваат во МК), за да има колку толку посигурен откуп, а и државата треба да се заврти накај земјоделецот, а не да стои зад грбот на БОЏОВАНИТЕ коишто го откупуваат(некогаш и не го окткупуваат) родот од земјоделецот за багателни цени и се богатат на неговиот грб. Се додека државата за овие е мајка, а за другите маќеа(без разлика партиска припадност) земјоделецот уште долги години ќе се маќи и секој млад ќе гледа да се спаси од таа мака верувајте ми.
Можам конкретно да зборувам за оризот, бидејќи со тоа се бавиме, еве сега нема откуп на оризот нема каде да го дадеме, има тук там некој откупувач по смешни цени од 36-38 денари од килограм БЕЛ ОРИЗ, којашто цена не е воопшто исплатлива за покривање на производствените трошоци.
Друг проблем е и тоа што и да го продаде оризот, за твоите пари ќе се молиш да си ги земеш и трговецот,прекупецот,преработувачот како сакате ке ве зафркава. Еве ние поточно имаме продадено ориз уште во Декември минатата година, ни денар немаме видено, откупецот секогаш кога ќе оди татко му ќе биде утре ќе ти пуштам оди задутре извади си ги, оди да проверува нема, му оди пак, пак ја кажува истата приказна и така многу пати. А дома во амбарите имаме уште 40тона знаете ли колкав губиток е тоа, не го откупуваат, а можно е оризот да се запали(дијалектно кажано),да се расипе и треба да го фрлиме.
Сезоната,сеењето веќе е почната а за да се обработат и посејат нивите пак требаат пари, и сега сите земјоделци се задолжуваат, баш поради ваквите газди.
Џабе се и субвенции и се, се додека производот којшто се произведе нема сигурен пласман, за земјоделието во Македонија нема иднина и напредок. Затоа не правете само математики дома на лист за заработката, туку прошетајте малце помеѓу вистинските земјоделци(не гледајте ги оние на телевизија) и видете каква е ситуацијата. Поздрав