Јас мислев на канцелариска „работа“. Не им се работи за 15,000 ден. месечно. Не им се „исплати“.Тешко дека денес било каков ќар ќе најдеш ако плаќаш и наем на нива и орање и вадење и ѓубриво и прскање и копање и транспорт....
Замисли само по 30 тона на хектар ќе имаш 90 тона компири еден ден, каде ќе ги складираш? како ќе ги однесеш негде, доволно е само да немаш заинтересиран купец па да си во борч до гуша...
Во 60сетите ќе ти ги земеше сите топтан некоја фабрика за во менза или студенстки домови или ЈНА па и пола да ти земат останато по пазар ќе ги продаваш...
А за 15.000 месецо, земјоделие не ти се исплаќа, да одиш негде на работа од 7-15 па ај имаш време после и нешто друго да си фатиш или барем ќе лежиш дома и дремеш, земјоделие ќе работиш од 6 - 20 и само то ќе ти е за цел живот и сите потреби. Многу поголеми вложувања се во земјоделие од колу да работиш во кромберг за 12000, за кромберг ти треба панталони чели маица и виндјакна, за на село и трактор и плуг и сејалка и прскалка и ѓубрива и препарати и семиња и ветеринари... со 100 евра си спремен за громберг, за на село за сериозно можи и 10.000 стартно ти требаат и да се надеваш дека времето ќе се погоди, дека нема некоја болест или глодари да ти преполови усев или стока и дека некој ќе ти откупи и дека цената ќе ти одговара....
За пласманот, велеше дека било проблем. Се снаоѓале, ама не било лесно. Не продавале на пазар, колку што знам. А парите ги земале по неколку месеци. Денешниот народ, НЕ РАБОТИ. Мрзливи се, големиот дел. Сите се за в канцеларија, за НВО, за „филозофирање“... и плата над 500 евра... месечно.