Тоа е твое видување за твојата вера... и овде самото пишување и излагање размисли е дело нели, со сите саркастични писанија, со сите потајни навреди што ги читаме - и ги гледаме делата нормално, а со тоа и верата, а во позадина старо-еонската религија. Се разбираме до тука...
Но дали треба ние по тоа како ти делуваш тука (не знаеме надвор од форумот како дејствуваш во однос на твојот старо-еонски закон), да судиме за твојата вера, за твојата црква, за твојата морална и етичка философија од стариот еон?
Јас не ги сведувам „само на вера“, твојот нов завет таму некаде зборува така. Само вера и планината - оп ќе ја снема, без да се заморуваме што со тоа ќе ја промениме климата во тој регион.
Хепта,
иако ме мрзиТ да пишувам, ај еве ти малку „азбука„ од мојата „старо еноска„.
- Црквата има свои апологети/бранители на верата, кои верата ја бранат на соодветен начин: со споредби со другите вери и со делата од истите (на кои (дела) не е тешко да им е види логиката),
- мојата вера е заснована на од Бога објавената вистина, односно од Бог/лик Кој Е вечен, безвременски и чие учење не застарува никад (така да поимот „старо еонска вера„ чувај го за по дома...),
- мојата вера е една од многуте и можните, но не е од овој Свет, не е створена од смртник за да биде субјективна, туку од сам Бог, а Бог, како почетна и крајна инстанца, Е референца за се‘ па така и за вистинитоста од верите,
- мојата вера е учење кое го опфаќа сето познато време: од почетокот на Светот и на Небесата, преку сегашноста па се‘ до крајот од Светов и неговото возобновнување: ај ти кажи го истото за Телемата, која ѓоамити била „ново еонска„...
- верата не е проста теороја која се учи „на памет„ како од некого (не занеме кого...) „докажана„ научна „вистина„, туку е учење кое се испитува преку личниот и соборниот духовен опит,
- чудата во мојата вера се резервирани само за најревносните и најсилните во верата, така да глупо е да бараш поместување планини од било кого од Црквата.