ne e bespredmetna, 50% se otkažaa od abolicijata ...
Кој кур ако се откажале кога сеуште важит.
Иначе мала ретроспектива на настаниве(се извинвам ако грешам некоја година и датум) :
2009та година - тогашното парламентарно мнозинство составено од дпмне и дуи носит закон со кој му се ограничвит правото на помилување на претседателот.
2011та - лустриран претседателот на уставниот суд и дефакто земање на единствената институција во државава која не беше под капата на дпмне.
2015та - Пржински договор на кој потпис става и Груевски за формирање на СЈО.
2016та февруари - прв случај на СЈО, обвинети Јанкулоска и Јанакиески за изборен криминал.
2016та февруари - неколку дена подоцна, адвокат од Охрид(кој уствари е шанкер ама уствари ти бил адвокат кој крајно "случајно" делит канцеларија со адв. на Јанкулоска ) поднесвит иницијатива до уставен за неуставност на законот од 2009та.
2016та март - уставен со брзина на светлината(во поглед на нивната брзина за другите иницијативи) ја разгледвит иницијативата и го прогласвит законот од 2009та за неуставен. Претседателот јавно искажвит дека ни на крај памет немат намера да помилуват изборни силеџии.
2016та април - се распуштат собранието, сдсм не прифаќат во овие услови да одит на избори, политичката криза која делумно престана со договорот од Пржино се враќат на старите патеки.Во меѓувреме СЈО отворат нов случај со кој многу веројатно ќе се дознаеше кој тоа прислушкувал незаконски, и сите тези за странски служби, за надворешниот анти Груевски односно анти македонски интерес, сите тие тези кои упорно се верглаа мината година ќе паднеа во вода а функционерите во зандани.
И многу "случајно" во ситуација на распуштено собрание, кога единствен коректор му е квази уставниот суд, претседателот го поминува прагот на крајот на неговиот памет, и се одлучвит за помилување на лица меѓу кои има обвинети за изборен криминал со цел за надминување на политичката криза, односно спроведување на фер и демократски избори
И покрај сите овие причинско последични акции и реакции одредени ликој доаѓаат на форумов и као демек со "факти" дискредитираат секаков граѓански активизам кој се бори за правда, ја дискредитираат единствената институција во државава која работит според закон а не според интересот на фамилијата, спинуваат со разно разни сценарија, гасоводи, сфери на влијание итнт. Искрено се надевам за ваше добро дека тролате мислејќи дека со тоа станувате поинтересни ликови за читање на форумов(дека си го храните ситното его) и дека не верувате во тоа шо го пишувате, но ако сте озбилни, тогаш да ви се на помош Исус, Алах, Буда, цел црвен крст, заедно со тим од врвни научници со значајни постигнувања во областа на медицината и најдобрите психијатри од секоја држава во светов рачунајќи ги државите што не се меѓународно признаени.