Да, како што кажуваш, едно е ние лаички да си ги коментираме бројките, а друго е да ја познаваш суштината на работите. Кај мене на разни андроид апарати сум осетил побрза работа откако ќе го исчистам кешот, и кога ќе направам форс стоп на апликации кои не ми требаат во секојдневието(плеј стор, мапсот исто така....)
Точно, но, ако се однесуваш кон RAM меморијата како во Windows, и тоа како ќе осетиш бавен телефон

Пример, имаш 20 апликации на тел. Од нив, реално користиш 10 дневно. Ама и од тие 10, најмногу се 6-7 постојано активни. Ако ти се сите 20 во RAM, во зависност од количината на меморија, ќе имаш проблеми. Тоа е прво: избриши или барем disable на непотребните апликации. Од останатите што ги користиш, пожелно е да не се сите активни (ако имаш тел со 2-3-4 GB RAM ова не е за тебе). Тие што најмногу ги користиш, постојано нека стојат во меморија. Побрзо ќе се вклучат од оние што се force close. Кеш на апликација повеќе ѝ прави проблем на апликацијата, отколку на самиот андроид. Пробав пред некое време една апликација Back as exit (мислам дека вака се викаше). Апликацијава на притискање back не само што ја исклучува активната апликација, туку и комплет ја вади од RAM. Ми се виде супер, па на сѐ што имав вклучено му го направив тој "exit". Исклучени сите, да видам што ќе биде...вклучувам chrome и си чекам, си чекам...тапаталк не правам муабет, maps не сакаш да знаеш после force close како се вклучува...итн. Различен менаџмент на меморијата има андроид, затоа е страшно кога гледаш скоро full искористеност на RAM. Остави го полн (со потребни апликации). Тоа е за твое добро
