Протести низ Македонија (Генерална дискусија)

Статус
Затворена за нови мислења.

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Мислам дека е редно време да се отвори темата за СЈО , за да Crazy in Love да не ги брише постовите тука. :)
Не. Крејзи Ин Лов е поим за објективно модерирање и секоја нејзина одлука ќе биде конечна.

А темата за СЈО ќе ја отворам во најскоро време.

Само трпение.
 

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.552
Поени од реакции
7.656
Не. Крејзи Ин Лов е поим за објективно модерирање и секоја нејзина одлука ќе биде конечна.

А темата за СЈО ќе ја отворам во најскоро време.

Само трпение.
Немам замерки за Crazy in Love , само посочив дека очекувам да ми го избрише постот и повикав да се отвори темата за СЈО.

Единствено имам замерки кон Мис Параноја.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Тотално одговара де. Зошто искреност им земаш како зло?
Да расчистиме некои дилеми :).
P.S. Важна информација - ПРОТЕСТИТЕ и КОНТРА-ПРОТЕСТИТЕ во следните четири дена се поместуваат на Халкидики, Олимпискиот регион и во помал обем на некои подалечни дестинации. Грчката полиција се припрема да ги раздвојува групите за време на викендот.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
9.265
Поени од реакции
5.045
Овој Пандов лигушов како би го тепал .....нема поголемо дволично лигле од него ....
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Немам замерки за Crazy in Love , само посочив дека очекувам да ми го избрише постот и повикав да се отвори темата за СЈО.

Единствено имам замерки кон Мис Параноја.
И Мис Параноја е поим. Иако е релативно млада во модерирање, сепак е женско и го дава својот максимум.

Друже... абе жени се жени! ;)
 
M

macgowan

Гостин
секоја власт мора да замине, ама кога ќе созреат условите... со оваква неизделкана опозиција уште долго... Башка излезе еден експерт од уса со тврдење дека пастирот ќе падне кога ќе се реши името :confused: , демек неговата популарност се рани со проблемот со името... ама не е само тоа, сепак и економијата е во напредок, сакале или не да признаат неизделканите...
Граѓаните со Протест ќе ја урнат власта тогаш кога на протест ќе излезат обични луѓе од народот, не некој матни платенички типови .
најбрз начин да се смени власта е опозицијата да му се извини на народот за малтретирањето; кога ќе се притисне ЕУ со обединети партии околу проблемот за името РМ, ќе влезе во Нато и ќе го забрза патот кон ЕУ, а со што самата власт ќе биде принудена макар во еден циклус да им дозволи на опозицијските партии да земаат поголемо учество во власта, но не со партиски војници како сега, туку со способни кадри.....
Какво име кои црни камења, вие стварно сте во делириум тременс бе луѓе! Пастирот е отпишан, енде. Кога ќе се тргни пастирот, тогаш ќе можат да издишат илјадниците кои ги држи неговата мафија закатанчени и ги влечка по парамитинзи и контрапротести и слични надреализми. Тогаш ќе видиме кое алиби ќе го имаат тие кои во име на својот конформитет ги малтретираат останатите овци, а кое алиби овците кои се прават на три и пол и одат да ги бранат нив и секако главните лопужи, криминалците од власта. А за економијата едно че кажамдопрва ќе ги плаќаме ние и нашите деца глупостите направени од овие дегени, назад ни е зимата.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.337
Поени од реакции
5.457
Тоа е резултат на населување и давање државјанства на странци од Косово во државава шо се спроведуваше во времето на владите на Сдс до 1998, потоа законите за локална самоуправа, територијалната поделба и законите за знамиња и јазикот донесени во времето на Сдсм 2002-2006.
Порталите на ДУИ деноноќно го напаѓаат Заев исто и функсионерите на ДУИ. (исто како што курурите вршат пропаганда дека Заев ќе направи федерализација, и куририте на Дуи вршат пропаганда дека на Заев не му е гајле за албанците, бидејќи тој не ги објави бомбите од интерес за албанците, дека на протестот во Тетово немало албанско знаме, дека Заев не прифатил МТВ2 да се преименува во ТВМ2 и истиот канал да биде само на албански јазик итн итн... само и само албанците да не излезат на протести)

Федерализација веќе имаме на некој начин, пошто Груевски не може да симне од функција ниеден од ДУИ, како што ни ДУИ не симнува ниеден на Дпмне.
ДУИ не ги попречува спомениците на Дпмне во македонските средини, исто како што Дпмне не ги попречува тие на Дуи.
Дпмне велеше дека нема да коалицира со терористи ... не само што коалицираа, туку им дадоа и амнестија, министерство за одбрана итн.

Поздрав од Арм Учк
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
23.443
Поени од реакции
31.336
друга е сега работата, со обоената политичка криза Грција и нејзините подржувачи сакаат фиктивно да прикажат дека не се работи за проблем со името.. а ако партиите покажат зрелост, ќе мора да излезе на виделина вистинскиот проблем за блокадата... а можеби и за Грција името не е вистинскиот проблем, едноставно на Грција и одговара северно да има еден протекторат растргнат со политички и меѓунационални проблеми, а каде тие ќе го собираат кајмакот од ЕУ парите за разни проекти.. замолкна ΣΔΣΜ за АКТОР , кога видоа дека не можат да го поврзат со ΔΠΜΗΕ , а тоа што грците го надуваа автопатот кој наши фирми го прават за 30% од цената не им се слуша. А не се таму сите пари европски, има и нашипари , башка утре гЕУ ќе ти каже ви дадовме автопат од 500 милки Еур, а всушност тој ќе го напраиме сами за третина од цената... исто како што ни праат фуцк ин браин за парите за бегаалците...
Одговорено на друга тема, за да не одиме во офтопик:
http://forum.kajgana.com/threads/Надворешни-односи-на-Македонија.73041/page-50#post-7695654
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.759
Поени од реакции
9.925
Да ги дознаваше на своја рака, ќе ја гледавме како премиер, немаше да слугува. :D Русите и Австријците, можеби и двете. Само не знам како да го оквалификувам денешново објавување на слики и имиња. Храбро или лудо.
Кој што како објавил?
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Федерализација веќе имаме на некој начин, пошто Груевски не може да симне од функција ниеден од ДУИ, како што ни ДУИ не симнува ниеден на Дпмне.
ДУИ не ги попречува спомениците на Дпмне во македонските средини, исто како што Дпмне не ги попречува тие на Дуи.
Дпмне велеше дека нема да коалицира со терористи ... не само што коалицираа, туку им дадоа и амнестија, министерство за одбрана итн.
Истите потемкинови села се нудат и на двете национални групи, нормално по потреба. И кај едните и кај другите не им се дава суштината: економска иднина - никаква, безбедност - уште помала, спроведување на правда - што е тоа?
Туку што ве држи вас по дома да седите? Скокате секогаш за некои специјални ваши права, а тоа што се молзат пари и од вас и се помилуваат молзачите - нема проблем, мува не ве лази.
Кога ќе го надминете тој ментален праг на националното и ќе сфатите што ви следува како граѓани? Вие се лечите у истите скапани мувлосани болници, вие гинете по истите лоши патишта, вие се исселувате по странство, вие ќе си ги плаќате долговите за гипсовине - јасно е ко бел ден дека две здружени банди си играат к**от и со вас и со нас, само вие си ќутите.
Протестот е јасно дефиниран, насочен кон спроведување правда без отстапки и повластици, во тоа спаѓа и националноста - ако сакаш и марсовец биди, ако си дрпал државни пари > суд > ќорка, за секој нареден што ќе дојде да размисли два пати пред да брцне во медот - овој концепт е многу лесен и јасен, а несфатлив само за орангутанине од ГНОЈ.
 

Rokko

SiFU 師父
Член од
30 мај 2014
Мислења
714
Поени од реакции
299
Нели малку изгубивте допир со реалноста, тој што крши треба да го ослободиме,и ги барате правните заврзлами, а не кажувате дека типчето палело и кршело државен имот. Па добро бе, последно што ќе го видиме е дека вие по книга не признавате ништо и сеете магла, после маглата викате видете бре луѓе ние го најдовме излезот од маглата. Или пак, според типчињава ви треба анархизмот и неговата филизофија која бара да се спроведе во дело општество без водство, без институции кои би ја ограничиле слободата. И за крај, зошто Македонец секогаш ќе победи, затоа што има ген за тоа.
Сакам и да ви појаснам дека таргетирате население кое би сакале да го манипулираате и кое живее во некој степен на незнаење за својата околина. Во напредните општества луѓето треба да работат, јадат, спијат, да се облекуваат и многу други активности. Едноставно кажано, постојат оправдани ограничувања во тоа колку време и труд можат поголемиот број на луѓе да посветат во разоткривањето на вистината од лагата. Луѓето или грашаните како што милувате, својата доверба ја предаваат на политичарите, новинарите, научниците и академците итн. Тие треба да ги исфилтрираат информациите и да ја откриваат вистината, потоа да донесуваат одлуки во интерес на населението. За жал, веќе спомнатите се самите систематски манипулатори (пропагандисти) кои си ја остваруваат својата агенда или застрашувачки лесно го изнајмуваат своето поле на експертиза на тој што најмногу ќе понуди - тоа сте вие и вашите финансиери кои ви ги кажа Мирка. Оправданото незнаење е всушност вградена неотпорност кај населението од пропагандни кампањи. Таа неотпорност може да биде експлоатирана на многу начини. Ама пак ќе кажам за крај, џабе Ви е се Ве читаме -комуњаркса фраза -(ко селски буквар) и опасно ви се приближуваме за тотална капитулација да ви нанесеме. :) Не плачете борете се, и на другата страна сакаат да тренираат ! ;)
 
Член од
23 октомври 2011
Мислења
887
Поени од реакции
2.207
Да ги дознаваше на своја рака, ќе ја гледавме како премиер, немаше да слугува. :D Русите и Австријците, можеби и двете. Само не знам како да го оквалификувам денешново објавување на слики и имиња. Храбро или лудо.
Не објавува само слики и имиња, она прави нешто пострашно објавува прислушувана комуникација помеѓу шефовите на ЦИА и МИ6 за југоисточна Европа. Под презумпација дека таа комуникација е автентична, Дневник и Мирка се или премногу луди и храбри, или добиле некаков контрачадор - поголем од чадорот на Верушевски.

Нашите разузнавачки служби немаат капацитет да пресретнат таква комуникација, во тоа не може никој да ме разубеди дека нашето МВР преслушкувалo луѓе на ЦИА и МИ6 во Виена. Тоа може само некој друг чадор од рангот на конкурентските разузнавачки служби.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.217
Поени од реакции
25.977
Не објавува само слики и имиња, она прави нешто пострашно објавува прислушувана комуникација помеѓу шефовите на ЦИА и МИ6 за југоисточна Европа. Под презумпација дека таа комуникација е автентична, Дневник и Мирка се или премногу луди и храбри, или добиле некаков контрачадор - поголем од чадорот на Верушевски.

Нашите разузнавачки служби немаат капацитет да пресретнат таква комуникација, во тоа не може никој да ме разубеди дека нашето МВР преслушкувалo луѓе на ЦИА и МИ6 во Виена. Тоа може само некој друг чадор од рангот на конкурентските разузнавачки служби.
Да не се заебаваме со нашите. :D Секако дека не се. Поголема е оваа, само на наша територија се игра.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom