За кои тие? За Шанац & company, и останатите „уметници“ од „гдом“? Мислам дека се дно на дното, шлајм пар екселанс, скапа, мнооогу скапа забава за овците на пастирот, која за жал сите ја плаќаме од нашите џебови.
Оваа власт ќе си замини, тоа е неминовно, готови се! Дали порано или покасно, со шарени или без, со санкции или не, со Сорос, Флеш Гордон, Мики Маус или без... готови се. Оти многу им е „битна“државата на пастирот и тајфата, затоа се готови, оти маме расплакаја на рајава затоа се готови. Не можи да манипулираш до бесконечност со таа рајата, колку и да им се испрани мозоците и да се плашат.
Ако нема тоа малку луѓе со резон и свест да размислуваат поинаку, тешко нас на сите, вклучувајќи те и тебе. Такви кои „за шаку долара“ ќе праат џефа секогаш ќе има во вакви банана републики ко нашата, но работата е да ова клецкање од пастирот и фамилијата биде последно и да кој и да дојде на власт, било од сдс или дпмне или некој трет и почне да се однесува како да е ова негов пашалук - има раја која ќе стани да му се спротивстави, а не да го брани!
Тоа е разликата.