Важи, ќе ги дискутираме нивниве ставови. Само во друга прилика, не сакам да трошам моментално време фаќајќи белешки што рекол Мајло или Гавин. Еве едно видео на кое налетав неодамна а ми се појави повторно вечерва. Типов си се нарекува жиголо, и сите други го викаат жиголо. Но дали е тоа? Според мене, жиголо било и ќе остане партнер стриктно за социјални ангажмани, како придружник на некоја дама, и релацијата е прилично социјално-зачинета. Ова што он го збори е во најмала рака проституирање. Негде се протнува зборот машки ескорт, али и двајцата знаеме дека тоа е фенси политички коректен термин за машка проститутка. Сигурен сум дека на ваков маж, не само во една Италија, него и во Македонија, ќе добие подеднаков третман и воодушевување, ако не и поголемо (because Enter: Local Mentality), а за жена ако е, навикнати сме и проститутка, ороспија, курва д аја наречеме и се гледа попреку за истото, и како на нешто долно. Нормално немам слични примери на куп собрано од цел свет, па да презентирам дека уште има некој талог од сексизам према жени кој треба да се искорени (но ете, би се согласиле дека нео-феминистичкиве движења, не класичние феминисти, воопшто не им дошло ова на радар, од што се пресафатени со rape culture, patriarchy и gender-enabling). Сметаш дека и едното и другото треба подеднакво да се омаложуваат/дигаат на пиедестал? Или треба да остане вака како е?
Еве го видеото иначе: