Акции на СЈО (Генерална дискусија)

Статус
Затворена за нови мислења.

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.581
Поени од реакции
7.712
2004та. Уште не го видела Груевски во фулблоун акција и право светло. А Мирка никогаш и не криела дека е поблиска со левата идеологија. Не знам што ти е спорно тука. За вискач сите кои биле нешто во државава пиеле со БЦ.
Значи тогаш Мирка не била во право затоа што уште не го познавала добро Груевски и го понижувала во колумни , а сега добро го познава значи грешела ?

kill yourself[DOUBLEPOST=1461684967][/DOUBLEPOST]
Kakoв криминал имало ако тендери земале некои фирми блиски до некои министри? Што е криминалот? Па и во општина Струмица имаше делење тендери на фирми од фамилијата Заеви.
Груевски нарачал да се изработи тој извештај каде се нотираат неправилности во постапка и проневери , но тоа го чувал во тајност , ако некој му сврти грб да го уништи. А се тоа го правеле по негова наредба .
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Оди до менувачница да купиш 500-1000 евра ако имаш, да видиш што ќе ти кажат...
Денеска од сметка извадив 70к денари и без проблем ми дадоа 1000 евра
 
Член од
1 септември 2014
Мислења
625
Поени од реакции
606
Ова ДПМНЕ со своите дела јасно се етаблира како македонска национална партија, со доктрина за промовирање на македонскиот идентитет како континуитет од античка Македонија преку средновековието па до денешен ден. Поради тоа и настана проектот Скопје2014, сите оние споменици на древните македонски водачи и како врв се направи триумфалната порта со повесни релјефи кои го поврзуваат македонскиот историски конткнуитет од древноста до денес.

ДПМНЕ не е антимакедонска и немакедонска партија, не руши споменици и обележја од македонската историја, не го негира континуитетот на македонскиот народ од антиката до ден денешен.

Гледам многу нервозен/на си. Проблемот не е во ДПМНЕ, проблемот е што народот не ја сака вашата опција и гласа против вашата опција за ДПМНЕ, а не од што ВМРО се многу сакани. Па кој сака федерализација, бегалски кампови и промена на име?

После доделувањето на 250,000 државјанства на Косовци, а посебно по новата територијална поделба, на македонскиот народ му стана јасни многу работи.
Дали ти се читаш што пишуваш ? ДПМНЕ 10 години се шлепа со лажен патриотизам, Скопје 2014 е најголемиот лоповлук шо му се има случено на Македонија, 600 милиони евра за стиропор, народот нема леб да јади. Ако ги интересира толку Македонскиот народ зошто тогаш 10 години нема никакви инвестирања во инфраструктура, здравство, спорт? Зошто се дозволува да страда нивната револуционерната братска Македонска крв? А го заборавив величествениот автопат Е-75 Демир Капија - Смоквица во должина од 28 километри кој започна со изградба на 29.08.2008 година до ден денес асвалт немаме видено од тој автопат, уште малце ќе влезиме и во десетта година од неговата изградба. Зошто не го оставаат народот слободно да ја изрази својата волја, туку секогаш го тероризираат мислењето на народот со федерализација(поголема Албанизација на Македонија во овие 10 години, никогаш се нема случено), промена на име, или ДПМНЕ на власт или државата ни отиде. Зошто не се направени напори да се подобри кандидатскиот статус за влез во ЕУ, иако тоа Грујо го ветуваше. Одговорот е едноставен богатење на двајцата психопатски исфрустрирани братучеди кои што се затскриваат зад тој лажен патриотизам кој што го шират.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
[DOUBLEPOST=1461685654][/DOUBLEPOST]
2004та. Уште не го видела Груевски во фулблоун акција и право светло. А Мирка никогаш и не криела дека е поблиска со левата идеологија. Не знам што ти е спорно тука. За вискач сите кои биле нешто во државава пиеле со БЦ.



1) Криминалци има секогаш;
2) Избори доаѓаат и поминуваат;
3) Ради првото, нелогично е да се одложува второто, затоа што - 4)
4) Сметате дека народот е на ваша страна, и посекако би ги добиле изборите доколку идете на нив;
5) Потребна е официјална и стабилна влада, кој и да ја сочинува, за да се решаваат проблемите, очигледно хибридново руво не функционира;
6) Јас ќе те цитирам секој пат кога ми даваш бајати изговори, твое е дали, колку, како ќе одговориш;
мирка Велиновска во тој период беше повеќе наклонета кон љубчо георгиевски што е и логично затоа што љубчо георгиевски се претставуваше како борец против меѓународната заедница. Мирка позитивно пишуваше и за Љубе затоа што и тој така стана славен со неговите собири и митинзи на кои ги правеше партали амбасадорите и меѓународната. Тогаш овие другиве го правеа љубе слаткар будала ненормален. Кога је смени плочата и почна да зборува љубов мир еу нато и на крај за обид за проджаба на името во кешарица заврши во притвор почнаа да го бранат. Ај веќе кога зборуваме и за тоа, овие што денес плачат по никола младенов забораваат дека таму (во фокус) пишуваше мирка и дека младенов беше на иста линија со љубчо георгиевски долго време и пред изборите 2002 и после нив (што по дифолт го прави режимски играч). Груевски од друга страна беше мек и мирка го сметаше за играч на меѓународната и затоа го критикуваше. Така да тоа што го пишувало е на линија со тоа што го пишува и сега.
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.576
Поени од реакции
5.845
Од оние што оспоруваат работењето на СЈО ...ме интересира споредба со нивни став :

Пример 1
- демонстанти ( против власта ) кршат стакло на канцеларија на Хорхе пред 5 дена, веднаш приведени и покрената пријава
VS
- Демонстранти (дел од власта ) кршат стакло пред години на Општина Центар. Има снимки, лесна идентификација, нема приведени, нема кривични пријави

Пример 2
- сомнеж за криминал за трудна жена ( против власта ) . Веднаш приведена, одобрен притвор, во затвор го губи бебето додека чека судење.
VS
- сомнеж за криминал за Јанкулоска (дел од власта ). Огромни индиции, нема приведување, нема притвор, аболиција.

Значи,
Дали има сличен криминалот и дали правната постапка е иста ?
Дали треба ВМРО да ги издигнеме на ниво на Бог ?
Дали треба да направиме нов закон со 2 члена : Член1 - ВМРО никогаш не греши. Член2 - Ако ВМРО згреши, се применува чл.1.
 
S

silmarillion

Гостин
2004та. Уште не го видела Груевски во фулблоун акција и право светло. А Мирка никогаш и не криела дека е поблиска со левата идеологија. Не знам што ти е спорно тука. За вискач сите кои биле нешто во државава пиеле со БЦ.
Не бе среќо моја. Нема идеологија, има кеш.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.543
Поени од реакции
82.114
После сѐ што ни направи овој бандит на власт што е, треба да си поприлично ментално ретардиран за да го подржуваш, или барем да го мразиш македонскиот народ, или некаков личен ќар да ти е изговор. Друго нема.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
24.004
Поени од реакции
31.982
Правниот систем е уништен, ние сме сега во услови на окупација, како во турско или бугарско или српско, си постоеа закони и тогаш и власт и устав и полиција, па пак денес како херои и ослободители ги славиме тие што се кренале против таа власт, и то пази во тоа време имаме гемиџии кои подметнале бомби и кренале во воздух цивилни објекти, имаме атентатори имаме вооружени борци кои против законски, против уставно , вршејќи кривични дела, сакале да ја тргнат таа власт. И тие се криминалци спрема закон и устав, али денес не ни пречи да ставаме нивни споменици, именуваме по нив школи улици институции и гги учиме децата да се угледаат на нив.
Ова власт на некој начин е таква, судови ЈО полиција министерства станаа само за корист на едни а против други, немаш никаков начин да истераш правдина пред суд, се попречуваат истраги се отфрлаат очигледни докази за криминал, унапред масовно се помилуваат и аболицираат уште неосудени личности... Партијата на власт е во улога на пример на турци во отоманска Македонија. Сите закони сите права сите судови сиот аскер е на нивна страна, законски не им можеш ништо, така ако ги остаиш 1000 години ќе владеат се по „закон“
затоа некогаш се потребни и вакви чекори и вакви мерки за опште добро и за општа заедничка иднина на сите нас и нашите потомци
Правниот систем е уништен уште од минатиот милениум. Зошто сега наеднаш ваква итност?
Мислам јас сум секако за решение, ама не гледам такво на понуда - секако не од овие што ни натурија паралелно Јавно Обвинителство. Што е следно Специјален Суд?
Едностран, очигледно.

Инаку порано подобро тролаше, или само така ми се чини?
Турци, Срби, Бугари... Тоа е окупација.
Правиш разлика чинам, меѓу окупација и експлоатација? Понатаму, решението кое го нудиш не е без експлоатација. И не само што не е без експлоатација, туку доаѓа и со обврска за крепосност. Знам дека опцијата Грујо е очајно лоша опција за гласање - но зачудувачки имало и полоша опција: Гласајте за Зајко, за не само да ве експлоатираат туку и да добиете специјален статус на крепостен селанец КОРИСЕН ИДИОТ! А ако ни се јавите придружите во следниве 5 минути, во шарено ОБОЕН преврат, имате прилика да им помогнете на Шќиптарите да добијат бонус федерализација, и да ја официјализираат двојазичноста.
(Sponsored by Soros, BESA, and your friend US of A)

Само сакам уште да те прашам, не ти текнало некогаш дека кога ти нудат две лоши опции - дека всушност не мора да одбереш ни една од двете лоши опции?
Дури и Хомер не е толку глуп:
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
24.004
Поени од реакции
31.982
Ова вака излегува Заев сака корумпираниот систем да остане а само да се смени врхушката т.е. други да цицаат.
А кoга па ова било дилема? :)
Ни Грујо ни Зајко не сакаат да се искорени корупцијата. Пошто да се искорени корупцијата - тоа значи дека ТИЕ треба да се искоренат. Не бива, и Господ го забранил самоубиството... ;)
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
Правниот систем е уништен уште од минатиот милениум. Зошто сега наеднаш ваква итност?
Па шо туку бараа да дојдат на власт ако не мислеа да ги исправат работите?
освен миљарда евра вреден стиропор, имитација на мермер и ламарина вградени по стари фасади, шо од корен е сменето во земјата?
се поправи здравство? се поправи положбата на Македонија во меѓународна политика? се искорени криминал корупција ? се унапреди земјоделство? добивме сериозни партнери?
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
24.004
Поени од реакции
31.982
Па шо туку бараа да дојдат на власт ако не мислеа да ги исправат работите?
Хахаха... што барале да идат на власт!!! Па да крадат пари бе Лет3... ајде сега не се прави наудрен до оволку. :)
Ај сеа јас да прашам, шо бараат овие другиве? Да ја уништат корупцијата и да ја спасат државата??

Аман, сите наивни се правите. Не ви одговара да се решат работите пошто ако гори се што е лошо треба и „вашите“ треба да изгорат. Демек не го знаете решението:
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
Хахаха... што барале да идат на власт!!! Па да крадат пари бе Лет3... ајде сега не се прави наудрен до оволку. :)
Ај сеа јас да прашам, шо бараат овие другиве? Да ја уништат корупцијата и да ја спасат државата??
Демек, кој и да дојде ќе кради зато остај овие лопови
Овие другите јавно изнесоа податоци и информации за проневери, изборни кражби, местења тендери, влијанија партиски по судовии државни органи, иницираа формирање на СЈО кое би ги истражило тие случаи и казнило виновниците...
Тоа е почеток кој ветува
овие друите извадоа куп закони и претседателски укази за помилување и аболицирање на криминалци и на секој начин сакат да го згаснат СЈО и истрагите за криминал
И сега шо е поарно??
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.158
Поени од реакции
15.148
Сјаши курта да узјаши мурта...

Покрај тоа што го веќе напишав дека едната обвинителка си ја вработи ќерката во СЈО(тазе дипломирана по нивно фалење), плус си го вработиле синот на претседателката на судот, сега овие денови обвинителката си го вработила и прв братучед од вујко и, иначе исто така поранешен претседател на судот.

Некако непотизмот како да им се лепи на рацете, а види богати, тие се должнио да го гонат:eek:
 
B

Bafra

Гостин
Демек, кој и да дојде ќе кради зато остај овие лопови
Овие другите јавно изнесоа податоци и информации за проневери, изборни кражби, местења тендери, влијанија партиски по судовии државни органи, иницираа формирање на СЈО кое би ги истражило тие случаи и казнило виновниците...
Тоа е почеток кој ветува
овие друите извадоа куп закони и претседателски укази за помилување и аболицирање на криминалци и на секој начин сакат да го згаснат СЈО и истрагите за криминал
И сега шо е поарно??
Лет па ти сигурно си бил сведок на неколку почетоци, и резултатот на нив е сеганшново т.е. ТОТАЛНА КОРУПЦИЈА од чистачка до Претседател.
На хартија поарно е СЈО активно, со Ленче секако :love:
Но и во самото СЈО имаш обвинители кои биле КОРУМПИРАНИ т.е. работеле по наредби :cautious: (јас барем за 2ца знам).
Гледај судииве што прават и мува не ги лази.
Државен систем со корумпиран Суд и МВР му нема спас.
Граѓанин да згреши или приватна фирма казна од 15 до 5000 евра. А ако згреши административец НЕ сноси одговорност.

Нема ОДГОВОРНОСТ, нема ПРАВДА :D
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.710
Поени од реакции
27.676


Она кога Мирко пиеше вискач со БЦ и Грујо не и беше потаман, а СДС не и беа странски пудлици.
Не разбираш ти, она е open-minded и реално гледа на ситуацијата.
Тогаш, ситуацијата била таква.
Сега, ситуацијата е поинаква.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom