Јас се си мислам кој му нареди на Хорке да ја донесе аболицијава, прво и јас помислив дека Грујо му има наредено ама навистина се двоумам дека не е така.
СЈО нема ама баш ништо со што би ги загрозило освен телефонските разговори, некој ќе рече имаат и други докази, ама и тие други докази не се нешто сјајни, повеќе се оди на бонбастични пресови, каде ни држат говор мислеш Зајко им ги пишувал.
Во Титаник имаат во разговорите дека Гоца барала адреси и им помагала да добијат лична карта, ама конкретн доказ тешко дека ќе извадат, ако одат со некој заштитен сведок (некој од пустец), овие ќе ги донесат сите други ако треба, па и тој заштитениот оти нели нема знаат кој е и ќе изјават дека сами се организирале од премногу љубов кон гласање.
Сето оваа со Титаник се координираше со фантомите кој требаше да ги има 500 илјади, ама ги заебаа со објавувањето на име и презиме за секој фантом, па самите ги пребројавме колку се!
Во Тврдина иако уништиле опрема, не верувам дека не го спровеле тоа според законот (незнам точно каков е во врска со уништување на опрема), тука СЈО ќе ни прикаже сведоци кој ќе тврдат дека не морала да се уништи опремата, ама овие другите ќе покажат сведоци дека таа опрема е застарена и нема шанси никој друг да ја купи, на пр. била скапа за одржување (еве ви пример со сухоите кој ќе скапат кај и да е на аеродромот).
ТНТ незнам што ќе извадат како доказ, ако Фиат градел макар и 1 см над дозволеното е крив, тука Фиат сакал екстра профит и градел над дозволеното, ако Грујо наредил да не се урива ќе направел кривично дело, само одобрил оти сигурно го прашале да не е некој од неговите, па да не згрешат. Тука можат да го заебат Грујо само ако имаат разговори во кој не дозволувал рушење на некој од неговите дивоградби (под негови мислам сопартијци).
Во врска со кредитите и провизијата, немаме никаков доказ дека земале провизија, а јас сум убеден дека земале.
Во разговорите разговараат нешто, според Зајковото објаснување за провизија, ама може да разговараат колку сантиметри асвалт да украдат, од слој по 5 см и од секоја лента по 15-18 сантима ширина ете ти профит.
Јас лично не верувам дека СЈО ќе извади асален доказ со кој ќе можат да направат нешто повеќе, барем за овие поголемите, за помалите можеби ќе најдат нешто.