^^
Гледаш тука некаде „слепо верување“?
......
Лошо го користиш ад хоминем у муабетов. Често ти се дешава да користиш термини кои не ги разбираш во потполност, нешто што е суперфицијално од твоја страна.
Ад хоминем функционира според следнава шема.
„Бидејќи ти си дрво, тоа значи дека тоа што го кажуваш не е точно.“
Ова е ад хоминем и е логичка грешка бидејќи дали си дрво или не, не е релевантно на тоа дали тоа што го кажуваш е точно или не што треба да се процени според самата содржина на кажаното.
-Јас постулирам дека ти си дрво според тоа што си го кажал, што е заклучок, а тоа што си го кажал е глупост поради содржината на тоа што си го кажал.
Ова не е ад хоминем.
Ти реков за почеток прочитај го проблемот за индукцијата на Хјум. Вака гледано од страна на луѓе што се разбираат повише во овие работи, изгледаш смешно пошто не ја доловуваш суштината на проблемот и копи пејсташ дијаграми чијшто механизам очигледно не го разбираш во потполност. Нон стоп го правиш овој маневар и хистеришаш ко жена у пмс кога ти објаснуваат зошто тресеш глупости. Ова е исто така заклучок, а не ад хоминем.
Ае, ќе ти објаснам на кратко ама читај внимателно ти ебам.
За да може науката да биде валидна епистемиолошка алатка, првично мораме да веруваме дека постои реалност и реалноста оперира според одредени природни закони кои ние емпириски ги осознаваме. Ова верување е аксиоматично. Исто така, аксиома е дека научниот метод е начинот на којшто стигаме до вистината, земено дека нашите сетила ни даваат веродостојна слика за вистината и нашите размисли се знаење што е исто аксиоматично верување.
Дали исказот дека научниот метод те носи до вистината е научно потврден самиот по себе?
Проблемот на индукцијата кажува дека кога ние ги добиваме сознанијата преку нашите сетила, ја поставуваме премисата дека постојат физички закони на коишто се темели реалноста, а ние ги откриваме. Исто така веруваме дека реалноста ќе продолжи да се темели на тие закони коишто сме ги опсервирале до сега и на тоа ги базираме нашите предиктивни модели. Ама никогаш не знаеме дали тоа е така. Примерот со кокошката која добива храна од газдата 100 дена и очекува да добие храна и 101 ден кога газдата всушност доаѓа за да ја заколе, е добар пример за проблемот со индукцијата.
На пример, како знаеш дека ова не е матрикс и илузија, а теоретските модели кои ги постулираш откако си правел опити се одраз на некоја реалност? Тоа е пошто очекуваш експериментите кои ги правиш, да ти го даваат истиот резултат при повторување од бесконечно број пати.
Ти веруваш дека живееш во детерминиран универзум со причинско последични врски кој оперира по правилата на логиката. Дури и да е тоа точно, не можеш да знаеш дали постојат други универзуми кои не оперираат по правилата на логиката.
Дури и да се согласиме дека постои реалноста со природните закони што од старт го побива тоа дека научниот метод не се темели на верувањата погоре, проблемот се поставува првенствено со постоењето на „знаење“ наспроти „верување“ независно од тоа што овие аксиоми ќе ги земеме за точни. Нашите ставови и сознанија се верувања, со што шансата некои верувања да се поблиску до вистината ако постои таква надвор од феноменологијата на нашиот ум, е поголема од шансата други верувања да се блиску до вистината.
Само дедуктивниот метод на резонирање може да не доведе до знаење на факти, што се употребува во математиката која исто така се базира на аксиоми за кои мораме да се сложиме дека се точни.
Индукцијата не доведува до верувања кои се модели на реалноста (ако ги земеме премисите дека реалноста и законите според кои оперира постојат) базирани на евиденција и кои и да можат да ја опишат реалноста до одреден степен, невозможно е опфаќањето на сите фактори според лапласовата дефиниција за знаење во детерминиран универзум што од старт ја прави индукцијата несоодветна за добивање на знаење.
Другиот проблем е што редуцирањето на феномените кои ги гледаме на феномени од понизок ред вo науката, не носи до самата математика која се објаснува преку логика и теоријата на множества како архе на кое се темелат феномените од повисок ред. Tука во улога доаѓа неможноста да ја користиме логиката во системи кои не се логични. На пример во квантната физика законот за дистрибуција не е валиден што од старт не доведува до проблемот за логиката како начин за објаснување на реалноста. Другиот проблем е што инструментите кои ги вршат мерењата, влијаат на резултатите што е проблем поврзан со емпиризмот, односно научната методологија.
Дури и да можеме да објасниме све со логика, логиката сама по себе се темели на аксиомата дека логиката е добра алатка за објаснување на вистината. Логиката се содржи сама во себе и треба да веруваш дека со логика, стигаш до вистината.
Има уште многу проблеми што треба да се зборат, а ме мрзи да ти ги пишуем.
Ти доаѓаш и буквално зборуваш работи кои не ти се јасни и не ја знаеш природата на проблемите кои се познати и дебатирани со години и кога некој ти го посочува тоа, почнуваш да се потресуеш ти ебам.
Дај олабави малце. Никој не те напаѓа тебе лично. Дрво си за муабетов и егото те јебе пошто влагаш у некоја фајт ор флајт дефанзива увек кога се расправаш за било што. Дури те приметуем и на други теми, спремен си за кавга у секој момент.