- Член од
- 7 август 2011
- Мислења
- 4.969
- Поени од реакции
- 15.226
Наместени избори? Не благодарам.
Точно така повеќето од уапсените не се платени ескалатори на криза, мнозинството се само корисни идиоти.Повеќето од уапсените на 13 април немаат фрлено камен во вардар, а не па кон полиција.
Баче, можеме ние да ја нарекуваме како сакаме - во светот начестиот назив е „обоена револуција“.Е добро де, еве за мир во куќа, ќе ја наречеме криминална револуција, или злосторничка револуција, слична на злосторничката револуција од 2001 година
... ќе се знае кој ќе има вистинска корист од ваквата таканаречена револуција, а кој не.
па сигурно не е од сдсм, они еден митинг не може да организираат а не пак олкави протести.Уште има луѓе што веруваат дека револуцијата е плаќана од Сорос? Ај излезете еднаш на протест, видете ги луѓето што протестираат, напрајте муабет и донесете заклучок. Од тие ваши предрасуди и претпоставки државата отиде јабана
А што, демек на чело им пишува на платениците: „Власништво на Сорос“?Уште има луѓе што веруваат дека револуцијата е плаќана од Сорос? Ај излезете еднаш на протест, видете ги луѓето што протестираат, напрајте муабет и донесете заклучок. Од тие ваши предрасуди и претпоставки државата отиде јабана
Како сакаат нека ја нарекуваат, но едно е сигурно - дефинитивно не е општествена/народна револуција.Баче, можеме ние да ја нарекуваме како сакаме - во светот начестиот назив е „обоена револуција“.
Кога ќе се вклучиш во дебатата немој да заборавиш на јудеомасоните и новиот поредок сорос веќе го имаш, за успешно рандом генерирање на реченици потребни ти се уште неколку поими како илуминати и Ротишилдови.Не можев да најдам тема точно за дестабилизацијата на Македонија, има разни општи теми којшто делумно совпаѓаат: CJO, насилства во Македонија...но точна тема која се занимава само со македонската портокалова револуција нема, затоа ја отварам.
Основен постулат во секоја демократија е дека управува мнозинството. другите којшто може да се и 49% ја прифаќаат и почитуваат вољата на народот да даде над 50% на останатите партии, ја чекаат законската дата на следните избори и се подготвуваат за нив.
Доколку ситуацијата во Македонија е изолиран случај и немаше Пуч во Либија, Египет, Сирија, Јемен, Украина , ќе мислев дека се ова може да е во ред, спонтано и случајно.
Но после повторување на тоа исто сценарио десетина пати последните 10 години, нема како да не ги препознаеш, особено ако се тоа го прават во твојата држава.
Знаеме што следува после тие портокалови револуции, доколку успеат.
Одма после изборите, којшто си беа нормални, СДСМ плаче како разлигавено дете, бега од парламентот и одма почна да бара нови избори.
Ако ЕУ и САД беа вистински демократии и ни мислеа добро ќе им кажеа на СДСМ да ја прифати загубата и игра чесно, тие зборови ги кажувале многу пати и во многу земји низ светот но под услов, управувачкото мнозинство да е под нивна контрола, тогаш опозиционерите се недемократи, ултрадесни...
Нека се вратиме на Украина, Јанукович им беше љубимец на ЕУ и САД, беше легитимен претседател се додека не го прочита договорот за асоцирање со ЕУ , всушност договорот означуваше да ја ликвидира целата индустрија, го откажа договорот и одма стана диктатор.
Го читам текстов "АЈМО ЗВИЖДАЉКЕ"
http://kurir.mk/makedonija/vesti/ajmo-zvizhdalke-srpski-aktivisti-na-chelo-na-protestite-vo-skopje-foto/
Таа српска група за Пучови ОПЛОТ е обучена во САД во 90 години, првпат прави успешен пуч Белград, по неофицијални податоци Милошевиќ победи на изборите, но ја потцени силата и методите не само на ОПЛОТ, тоа се доста структури којшто активно се подготвувале, за еден ден го заземаа парламентот и изборната комисија, се објавија за победници, добија честитки од САД и ЕУ.
Таа иста група како доста добра во работата ја користат за пучот во Киев и Софија во 2014 година, зашто тие не е важно, немаат подобри локални соросоиди којшто се најасно како се прави пуч, мислам дека таа рецепта за пучови не ја раздаваат на сите НВО-та, затоа и сеуште е горе долу тајна, тоа е огромна машинерија, прв е меѓународниот притисок на власта, со закани, уцени, реформи, СЈО, да создаде услови за Пуч, другото е да најде екстремисти, ИСИС, комунисти, фашисти кој ќе го направат пучот и ќе дојдат на власт, тоа е од старата школа и го практикуваат во држави од затворен тип(арапската пролет), при делумно завладеани држави користат марионетна опозиција (Белград, Киев, Софија, Скопје).
Темата е долга ќе сопрам до тука, ако има дебата ќе се вклучувам
Причина повеќе да се исшутираат и тие клептократи.која партија е позната како портокаловите во Македонија и зошто е тоа така?
Ова кај нас е само генерална проба, вистинската цел е Србија, ние сме лук и вода... Русија или ПРЦ не мрднуваат ни со мал прст, на пример зошто Русија не финансира барем една НВО и протестанти, како што праи во Црна Гора ?? Очигледно е поважно им е да не се замерат на Грција каде имаат потајни амбиции преку Ципраз.Јас можам само да воочам и заклучам дека пропагандните служби работат со полна пареа. И ова твоето може да е нечија пропаганда.
Единствено сум сигурен дека ако некој сака да ја дестабилизира Македонија, тогаш целиот регион ќе биде дестабилизиран и ќе пламне во војна. Засега тоа сценарио мене не ми изгледа можно.
Русија работи според возможностите, не верувам дека ако може нема да инвестира во НВО, за 6 милиарда долара колку што зема САД заем од Ј.П. Морган и Рокфелер секој божји ден, може да оддели дел од таа сума во многу земји за обоени револуции, додека Русија за тие пари треба да изгради една атомска централа да речеме во Иран и тоа 5 години ја градат, или ,да изнесе околу 150 илјади барела нафта.Ова кај нас е само генерална проба, вистинската цел е Србија, ние сме лук и вода... Русија или ПРЦ не мрднуваат ни со мал прст, на пример зошто Русија не финансира барем една НВО и протестанти, како што праи во Црна Гора ?? Очигледно е поважно им е да не се замерат на Грција каде имаат потајни амбиции преку Ципраз.
А објективо, ништо повеќе демократија или помалку корупција нема во Хрватска во однос на Србија или Македонија, ама таму нема овакви работи.... нема врска што се во НАТО, па и Турција е во НАТО а им правеа обиди за рушење на власта со демонстрации...
Чекај сега, нели ДУИ беше во владата заедно со ДПМНЕ?Зошто бе? Мое масло ли е ова или игра на ВМРО и ДУИ?
Сарказам или не, ама муабетов завршува со обоена револуција во Македонија. Како што ќе видиш и сам на крајот од постов.Башка, не сме ние патриотите. Ние сме антимакедонци, сакаме федерализација...
Од кај го извади процентов жити све ?Имам уште едно прашање, ваљда тука не е оф топик пошо во СЈО се смета за такво очигледно.
Кај ГДОМ на протестите имаше транспарент "Не во ЕУ". Дали дпмне има анти ЕУ ставови?
Ептен ми е чудно да се на власт во држава кајшто 80% од граѓаните се за ЕУ.
Ах како не бев паметен да си ја решам сам мистеријава
Sent from my Nexus 5 using Tapatalk
Од кај го извади процентов жити све ?
Повелете другари љубопитни, имате еве тука на пример.^^
Тоа и мене ме интересира.
Претпоставувам, од некое темно, мрачно, и влажно место.
Некаде каде не грее сонце!