Мало реактивирање на стара тема, иако веројатно има уште некоја по форумов.
Сума сумарум, војната ја исценирало тогашното раководство на власт (ЉуБчо Георгиевски со ДПА и ПДП).
За целото сценарио веројатно биле запознаени сите политичари, вклучувајќи ги и оние на СДСМ.
Малку непознати факти (барем за мене) се тие дека уште на стартот една политичка партија рекла дека Бугарија е подготвена да ни помогне веднаш за решавање на кризата. Истата партија понатаму дала предлог за поделба на Македонија и размена на територии (всушност, македонците од Тетово се менуваат со албанците од Куманово). Сите знаеме чија теорија беше тоа, така што не е тешко да се открие дека партијата за која се говори е ВМРО.
За да се исперат пред народот, политичарите креираат криза. Прво ненавремено реагираат за првичните напади (Панде не е сигурен дали е од страв или неинформираност) или претходно договорено сценарио.
Борис Трајковски некако им избегнува од планот и се решава за воено решавање на кризата. АРМ и полицијата имаат само успеси во операциите и секогаш кога треба да се зададе конечен удар, се вклучува НАТО и бара прекин на огнот за да не дојде до цивилна војна.
Странските служби цело време пуштале патки дека УЧК се со огромни бројки на територијата на Македонија, а генералот тврди дека никогаш не биле повеќе од 1500, расцепкани на цела територија. Пред Арачиново, не биле ни 500, а на тетовско Кале немало повеќе од 20-тина.
Арачиново е главна сцена на странците со која сакаат да се прикаже дека УЧК го држи Скопје на нишан, за да се натера власта да оди на преговори. Панде тврди дека Арачиново било опколено од сите страни и не претставувало никаква закана, а и добро знаеле дека УЧК биле размонтирани од претходните борби и немале сила за долга битка.
Ги напнале да почнат со непотребна операција и крајот ни е познат, влегуива НАТО и сценира дека нашите не се доволни подготвени самите да се одбранат.
БОРИС ТРАЈКОВСКИ неколку денови претходно побарал помош од НАТО за мирно решавање на кризата.
Од тој момент Панде сфаќа дека ова се е исценирано и АРМ застанува зад одбраната на мировниот договор и негово спроведување.
Одеднаш некои структури во ВМРО прават провокации со цел да се даде слика дека УЧК е многу јак и АРМ не сака да му помогне на МВР. МВР ги напушта полициските станици низ Тетовско и им дава оружје на населението за само да се бори, неколку пати од МВР и од новоформираните Лавови биле поочнати беспотребни пукотници. УЧК со подготвени списоци влегува во селата и од куќа на куќа го собира оружјето прошверцувано од Бугарија. За се ова, АРМ не биле информирани. Медиумите креваат врева дека АРМ не сака да му помогне на МВР и ова е се поистакнато за да се нападне Бучко, кој според книгава на Панде е најпозитивен лик од сите политичари.
Сите кукавички напади во кои загинаа многу бранители се НАМЕСТЕНИ, тоа е констатација на Панде.
Не успеав да сфатам, а веројатно ни он, кој имал полза од сите овие наместени сџенарија од страна на МВР и Љубе Бошковски.
Прво размислувал дека се прават за да се потпише Рамковниот што побрзо, но потоа добил впечаток дека некои фракции од партииве се обидувале да го одложат.
Чудно му е што од старт политичарите сакале да дошле до договорот и да се избегне борба, а самите тие предизвикале наместени заседи на наши војници со големи загуби.
Борис Трајковски е претставен како човек што е под огромен притисок од сите страни, кој на крај е надвладеан од стравот и заканите, како и од своите советници Фрчко и Никола Димитров и е принуден на неколку нерезонски анти-државни потези.
На некој начин, заклучокот е дека странците ни сценираат криза со одредени цели. Панде тоа го сфаќа по битката за Арачиново и смета дека ако се продолжи со борби, следен чекор ќе биде Босанско сценарио и граѓанска војна. Сфаќа дека мировниот договор во тој момент е единствено лошо решение, подобро од другите, кое ни е допуштено да го направиме. И во тој случај двете најголеми партии делувале како посредници на поолитиките на две соседни држави (Бугарија и Србија).
Констатира дека го ангажирале затоа што во државата морало да има борби и некој морал да ги води. Он си ги знаел единиците и цело време дејствувал од патриотски побуди, како и борците, пиуни во оваа игра. Слично е и со противниците, борци кои исто така биле пиони за нечии интереси.