Вие двајца го пукате (burn84 и Гижо)
Факти:
Appetite For Destruction е најдобро продаван дебитантски рок албум на сите времиња, над 20 милиони копии, и заедно со Use Your Illusion 1 и 2 се меѓу најдобро продаваните албуми воопшто
GnR ја имале најдолгата и најдобрата турнеја - Use Your Illusion турнејата
Sweet Child O' Mine е прогласувана за песна со најдобар риф на сите можни топ-листи, а солото од истата секогаш го има на топ-листите за најдобри солажи
Slash има земено награда за гитарист на годината (1992 мислам)
Slash има соработувано со безброј познати и непознати музичари (Michael Jackson, Ray Charles, Ozzy, Chic, Daughtry,...), има свирено како гостин на безброј албуми и tribute изданија. Единствено он е викнат како почесен гостин од сите гитаристи да свири на tribute концертот за Jimi Hendrix (ја свири Hey Joe, побарајте ја на YouTube)
Axl Rose и Christina Aguilera имаат најголеми распони на гласот (4 октави)
Axl Rose и Mick Jagger "претрчуваат најголема километража" на концертите
..............
Горните факти ги прават GnR еден од најголемите бендови што некогаш постоеле, Axl - еден од најдобрите фронтмени, Slash - еден од најдобрите гитаристи, и вие двајца, ви се свиѓало тоа или не, не можете никако да го негирате.
А дека Kurt е меѓу најдобрите 10 гитаристи е чиста глупост, знае само да мава на дисторзија, а иначе користи само два прста кога свири. Ниедно соло (од сите 2 солажи шо ги имаат Nirvana) го нема на топ-листите.
Velvet Revolver се добри, само страшно им фали "кормило", затоа не можат да се споредат со GnR, таму Axl беше "кормилото".
А за постот на fantom y последниот мој пост е одговор.
Поздрав
Appetite For Destruction е најдобро продаван дебитантски рок албум на сите времиња, над 20 милиони копии, и заедно со Use Your Illusion 1 и 2 се меѓу најдобро продаваните албуми воопшто
Тоа само ја докажува искомерцијализираноста на гнр и фактот дека свиреле музика што во тоа време била популарна. Не донеле ништо ново, туку само ја исвиреле добро познатата формула на глем рокор со малку појачана дисторзија. Колку и да е продаван, сепак nevermind го симнал најпродаваниот албум на сите времиња а и тоа никој не може да го негира.
GnR ја имале најдолгата и најдобрата турнеја - Use Your Illusion турнејата
Зошто сите ние другите знаеме дека ролинг стоуннси ја имале најдобрата турнеја? Ако не постојат факти не мора да ги измислувате.
Sweet Child O' Mine е прогласувана за песна со најдобар риф на сите можни топ-листи, а солото од истата секогаш го има на топ-листите за најдобри солажи
Кој се тие топ листи? VH1 секоја година го менува изборот, но ако ги земеме како индикатори музичарите тогаш SLTS е најдобар риф...а да и на сите топ листи SMLS е прогласена за најдобар риф.
Уште еден многу важен податок...секој што барем малку се разбира од гитари знае дека sweet child не е риф така да сите теории за најдобар риф пропаѓаат во вода, што значи дека смелс пак тука ги убива.
Солото на сите топ листи??? Добро бе кој се тие топ листи, јас ги следам сите значакни рок топ листи и сите случувања и анкети и глупости што се прават и до сега не сум сретнал ваков податок. Какво се солажи има па сега ќе ставаме од гнр некоа си просечна и веќе милион пати видена солажа како најдобра. Колку пати ќе треба да се повтори револуционерниот феномен и својот стил на свирење и воведување на нешто ново...веќе и глупо е по 100 пати да објаснувам.
Slash има земено награда за гитарист на годината (1992 мислам)
Објасни ми како една награда за најдобар гитарист во која што гласаат 15 годишњаци што везе немаат од гитари е валиден документ дека слеш е подобар гитарист...уште еднаш брзина на свирење и техника не е мерило за колку е некој добар. Ако е така во Македонија има еден куп одлични гитаристи на светско ниво....побогу јас знам 17 годишно момче што свири подобро од слеш ако тоа се зема во предвид.
Slash има соработувано со безброј познати и непознати музичари (Michael Jackson, Ray Charles, Ozzy, Chic, Daughtry,...), има свирено како гостин на безброј албуми и tribute изданија. Единствено он е викнат како почесен гостин од сите гитаристи да свири на tribute концертот за Jimi Hendrix (ја свири Hey Joe, побарајте ја на YouTube)
Курт е мртов затоа не го викаат. Но ајде затоа што работиме со точни податроци. Дејв грол, основа свој бенд кој што се моментално највлијателен рок бенд во светот. Фу фајтерси денеска ги сметаат за спасители на рокот, дејв има еден куп успешни прокети на страна: пробот, квинс оф д стоун ејџ, тенејшс д....итн.
Но за разлика од слеш дејв ова го прави од чиста љубов кон музиката, а слеш тоа го прави од чисто финансиски мотиви што во мојте а богами верувам во очите на милиони е моронска работа.
Axl Rose и Mick Jagger "претрчуваат најголема километража" на концертите
Недостатокот на талент го покриваат со трчање 200 метри со пречки а:pos2: Курт свирел гитара алоо ниеден гитарист и вокал што е во бенд не е во состјба да трча. Но и покрај тоа курт поседувал поголема харизма и бил поблизуд до публиката, и без никакви свтлосни ефекти и глупости успеал да им добре до срцата, нешто што аксел никогаш нема да може да го направи затоа што ја нема основната компонента..искреност и љубов.
Горните факти ги прават GnR еден од најголемите бендови што некогаш постоеле, Axl - еден од најдобрите фронтмени, Slash - еден од најдобрите гитаристи, и вие двајца, ви се свиѓало тоа или не, не можете никако да го негирате.
Гнр биле еден од најголемите бендови да...тоа не може да се негира како целина. Но аксл нме бил и никогаш нема да биде добар фронтмен, а слеш засекогаш ќе остане просечен гитарист џабе се обидуваш да убедиш некого во спротивното кога за жал има луѓе што ги знаат фактите.
А дека Kurt е меѓу најдобрите 10 гитаристи е чиста глупост, знае само да мава на дисторзија, а иначе користи само два прста кога свири. Ниедно соло (од сите 2 солажи шо ги имаат Nirvana) го нема на топ-листите.
Velvet Revolver се добри, само страшно им фали "кормило", затоа не можат да се споредат со GnR, таму Axl беше "кормилото".
инфо: ги има на листите.
Но само како податок, поради нирвана ги прават тие топ листи. Курт имал сопствен стил на свирење, нешто за кое што слеш може само да сонува сега. Разликата што курт го прави голем гитарист а слеш просечен е фактот што курт свирел од срце и со љубов, нешто што во тоа време го немало. Во тие негови 3 акорда отсвирени со два прста има повеќе емоции отколку во 70-те ноти на слеш што ако сака може и со 100 прста да ги свири
Таман кога сакав да ти кажам дека велвер револвер се единствената добра работа излезена од гнр поставата успеа и нив да ги избрукаш...значи џабе