Прикривањето на смрта на Мартин, во кое министерката за внатрешни работи признава како Урковци се обидувале да прикријат и таа тоа го дознава и не презема ништо да ги казни, туку се избегнуваше 2-3 дена да се каже дека дете е убиено. Ова не е 100% ?
Во другите никој не се пофали јас направив тој и тој криминал , но во добар дел разговараа за криминал за кој се формира СЈО за да го истражи. Тие и подигнаа обвиненија ама ете фикусот се појави и аболицира за да не пропее некој.
И тогаш што е проблемот што сте против протестите за повлекување на одлуката ? Заев беше и исвиркуван во почетните протести (од тие што се симптатизери на СДСМ сигурно не), потоа го немаше, барем јас не го видов. Приказките за патриоти и предавници пропадаат кога имаше и снимка како Антонио Милошевски, Грујо и Мијалков го пазарат името. Антонио Милошевски кој беше исфрлен од врвот на УМС заради пробугарски ставови од тогашниот претседател Филип Петровски кој е еден од организаторите на контра-протестите како што знам. Ова го има изјавено во емисија на Васко Ефтов.
Добра бројка на протестите се од ИТ секторот, ги знам зашто и ја сум во тој сектор. Знаеш зашто, затоа што ВМРО не влијае на нашето вработување, а и во случај да успеат притисок да извршат за отпуштање , секогаш можеме да најдеме работа овде, во странство или freelance и не очекуваме ништо од нив. Ниту пак СДС.