Некои членови на форумов патат од блага ретардација и не им вреди да се реплицира ама ајде

Како прво, какво и да беше судењето они уште од ланска година се спремни со соопштение во кое плачат од истото. Судењето беше супер, без некоја поголема грешка. Се сложувам дека прерано свирна крај судијата, можеше да се одиграат уште минута-две. Дека сме лежеле на крајот, вистина лежеше наш играч, ама лежеше затоа што стварно заработи повреда. Се работи за Ивановски кој после здобиената повреда се врати во игра, но при првиот скок повторно легна во грч и беше изваден на носилки. Не лежеше од што му беше мило...
Немаше задржување време, а и да сме задржувале тоа е сосема логично затоа што резултатот ни одговараше.
Нападот над управата на Шкендија не го оправдувам, затоа што глупост е да напаѓаш луѓе кои не се навивачи. Тоа чекаа они, да скокнат на гол, да испровоцираат и да јадеме казна за играње пред празни трибини. Ама од нашиот клуб се криви, слепци прави. Цел стадион имаш, четири трибини. Можеа да ги однесат на север или исток уште на старт на мечот. Не се сложувам дека имало Балисти меѓу нив...
Но, навивач на Шкендија да се буни за ваков напад при сите инциденти во Тетово, не знам како не ви е срам. Ист ваков напад имавте врз нашата управа и фудбалери во прв дуел во Куманово.
Како викаат, што сте си надробиле, тоа ќе си сркате.
Околу играта. Шкендија беше поквалитетен тим на теренот. Нашите момци одиграа одлично во рамките на можностите. Средината мртва, со мртовци како Николов и Глигоров што едино до голман знаат да вратат, не се освојува титула. Напаѓач немаме. Ќеран статуа, Дашјан очобол. Среќа жива што Којашевиќ одигра натпревар на кариерата и Фелипе беше на ниво. Брдаровски ѕвер во одбрана, другиве солидни, ама многу бавни. Голот што го примивме резили. Со кој памет го ставил овој Гачевски да брани не ми е јасно

Сепак, нерешеното беше и најреален резултат, иако Шкендија имаше повеќе шанси, ама и ние и они погодивме статива/пречка и ние и они утнавме убава шанса (Којашевиќ кај нас, Ибраими мислам кај нив), само што Шкендија имаше плус 1-2 добри шанси, за разлика од нас.
Подобра игра имаат благодарение на силната и креативна средина.
Одигравме како што ни одговараше, а резултатите се поклопија како што размислував минатото коло кога реков дека можеби не случајно изгубивме од Силекс. Им подаривме трето место и дуел со нив на нивни терен кој ни е единствен гостински дуел, со Работнички ќе играме како гости на Градски, а со Слога дома. Очајните одбрани на Пача ме натераа да мислам дека нешто не е во ред со дуелот, а ова ми беше причината која ја најавив како можна ситуација, иако голема е шансата и да нема везе муабетот
