Кочење на СЈО, рестартирање на процеси за кои, нели кога се објавува аболиција, веќе се укинати и оневозможување на притвор за било кој(од власта) се до избори. Тоа е и правен и политички битен.
Тој вториот е чисто политички. Сите од ВМРО што ќе побараат да им се укине аболицијата, многу тешко да влезат во судски процес пред избори. Невозможно. И да побараат се раат оти знаат дека СЈО ќе биде укинато за брзо. Ако еден од СДСМ побара, скоро сигурно пред избори ќе заврши во затвор или у најоптимистичко сценарио, на ден после избори.
Tие "успешни собирања" на Заев, ако не поднесе барање, му се контрапродуктивни. За шо протестира, ако скоро сите од ВМРО се побунат и формално против аболицијата, а тој како лидер на опозицијата не го направи истото? Значи се согласува. Ако пак го направи, не му бега ќелија. Ќе пишев за малку дека изборот му е меѓу честа и негова и на тие на улица или слобода, само негова...ама некако не ми се става тоа магаре во иста реченица со зборот чест.