Git(Дистрибуиран Систем за Контрола на Верзии)

  • Креатор на темата Креатор на темата smihajlo
  • Време на започнување Време на започнување

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.755
Поени од реакции
4.526
Git
е бесплатен софтвер со отворен код, дистрибуиран систем за контрола на верзии дизајниран да се справи со сè, од мали до многу големи проекти со брзина и ефикасност.

https://git-scm.com/

Денес е доста распостранет има графички клиенти за Windows, Mac и Linux.

Кодот можете да го чувате на далечинско складиште бесплатно на сервиси како bitbucket и github.(За обични корисници и мали фирми е бесплатно за поголеми фирми најверојатно поефикасно е ако се направи претплата на некој од плановите) или може сами да си го хостирате.

Дали го користите Git или некоја алтернатива?(Не постои причина зошто не)

П.С Не знам друго што да пишам во воведов ако одите на страната на GIt ќе видите дека околу 20 - ина технолошки гиганти го користат.

Го искористив пребарувачот чудно ми беше да не постои тема за ова ако има бришете.
 
Јас почнав со користење на github пред 2 години. Денес ми е незамисливо да работам на проект на кој работат повеќе луѓе а притоа да не го користам :).
Знам дека повеќе развојни околини имаат развиено свој графички интерфејс за git (сум го користел во Eclipse и Intellij). На овој начин можеш да ги користиш основните функции (pull, commit, push, merge, stash) без воопшто да ги знаеш потребните git команди. Покрај тоа, овие развојни околини нудат и едноставни начини за справување со конфликти.
Една од најкорисните работи во git (според мене) е branching-от. Без branching систем, сите девелопери ќе го поставуваат кодот на една "линија" (branch). Во тој случај, ќе имаме голем број на конфликти бидејќи кодот не е менаџиран од едно лице. Поради тоа честопати може да се случи да имаме и код кој не е доволно тестиран или пак воопшто не се извршува.
Oд друга страна, користењето на branch-ови ни ги решава овие проблеми. На пример, на еден branch секогаш можеме да имаме работна верзија на проектот (master). Секој нов feature го правиме во посебен branch и откако добро ќе го истестираме, го спојуваме со master branch-от.
Истото го правиме и со bug-овите. На овој начин, спојувањето може да биде правено од само едно лице и можеме да имаме поголема прегледност на feature-ите и bug-овите. За крај, ќе поставам линк до еден branching model, за кој мислам дека е доста користен во светот, а го користат и некои фирми кај нас.

ОфТопик:
Голем плус за отварањето на било какви теми поврзани со програмирање, програмерската заедница на кајгана ни е некако пасивна :)
 
Git

https://git-scm.com/

Денес е доста распостранет има графички клиенти за Windows, Mac и Linux.

Кодот можете да го чувате на далечинско складиште бесплатно на сервиси како bitbucket и github.(За обични корисници и мали фирми е бесплатно за поголеми фирми најверојатно поефикасно е ако се направи претплата на некој од плановите) или може сами да си го хостирате.

Дали го користите Git или некоја алтернатива?(Не постои причина зошто не)

П.С Не знам друго што да пишам во воведов ако одите на страната на GIt ќе видите дека околу 20 - ина технолошки гиганти го користат.

Го искористив пребарувачот чудно ми беше да не постои тема за ова ако има бришете.
Сите, масивно го користиме Гит. Само не хостирајте код на Гитхаб!

http://esr.ibiblio.org/?p=6918
http://hackit.edward.io/p/89732
 
Ако кодот поставен на github беше толку несигурен, немаше да го користат милиони корисници.
Мене ме интересира, зошто луѓето се плашат некој да не им го октрие кодот ?
Мислам океј, ако имаш некој опасен алгоритам (сортирање во логаритамско време или пејџ ранк од гугл) тогаш сигурно нема да го поставиш на гит. Ама ако си направил некоја просечна апликација, какви што ги има милиони во светот, твојот код не вреди ништо посебно.Да речеме дека го имам кодот на форумов. Што можам да направам со тоа ? Да речеме дека го имам и кодот од фејсбук. Што корист ќе имам јас од тоа ? Ќе успеам да им ја украдам работата ?
Она што сакам да го кажам е дека, крадењето на туѓ код не води никаде (секако со исклучување на "опасните" алгоритми). Прво ќе ти биде потребно доста време да разбереш за што станува збор. Второ, никогаш нема да можеш да му го украдеш бизнисот на оној кој е сопственк на кодот, бидејќи тој се појавил на пазарот пред тебе, има изграден имиџ, маркетинг итн.., и неговите корисници никогаш не би се префрлиле на друг ист сервис.
На крајот на краиштата, која е алтернативата на github и сличните на него? Треба да направиш свое repository. Треба самиот да се грижиш за неговата безбедност, да обезбедиш редундантност, со цел да не ги изгубиш сите проекти ако ти цркне серверот итн...
На крајот, ако сакаш кодот да ти биде 100% сигурен, ќе треба и самиот да го хостираш, бидејќи во спротивно хостинг провајдерите ќе имаат пристап до твојот код.
 
Претпоставувам дека е така, но чудно ми беше што нема посебна тема за нешто што е есенцијално за секоја програма со повеќе од 10 редици код. Барем според мене добро е гит да се научи дури и пред да почнеш било каков код да пишуваш или да учиш програмски јазик.
 
Сеуште на svn, сум експериментирал ама многу е комплициран и треба време да ги мапираш со веќе познати акции со svn. Дека е далеку подобар тоа нема збор, посебно ако се работи на голем проект, креирање библиотеки и слично.
Треба UX да го подобрат и тие што се на svn многу лесно да мигрираат, нормално оние advance работи ќе почнеш да ги користиш кога ќе бидеш веќе добро запознат.
 
Ако кодот поставен на github беше толку несигурен, немаше да го користат милиони корисници.
Мене ме интересира, зошто луѓето се плашат некој да не им го октрие кодот ?
Мислам океј, ако имаш некој опасен алгоритам (сортирање во логаритамско време или пејџ ранк од гугл) тогаш сигурно нема да го поставиш на гит. Ама ако си направил некоја просечна апликација, какви што ги има милиони во светот, твојот код не вреди ништо посебно.Да речеме дека го имам кодот на форумов. Што можам да направам со тоа ? Да речеме дека го имам и кодот од фејсбук. Што корист ќе имам јас од тоа ? Ќе успеам да им ја украдам работата ?
Она што сакам да го кажам е дека, крадењето на туѓ код не води никаде (секако со исклучување на "опасните" алгоритми). Прво ќе ти биде потребно доста време да разбереш за што станува збор. Второ, никогаш нема да можеш да му го украдеш бизнисот на оној кој е сопственк на кодот, бидејќи тој се појавил на пазарот пред тебе, има изграден имиџ, маркетинг итн.., и неговите корисници никогаш не би се префрлиле на друг ист сервис.
На крајот на краиштата, која е алтернативата на github и сличните на него? Треба да направиш свое repository. Треба самиот да се грижиш за неговата безбедност, да обезбедиш редундантност, со цел да не ги изгубиш сите проекти ако ти цркне серверот итн...
На крајот, ако сакаш кодот да ти биде 100% сигурен, ќе треба и самиот да го хостираш, бидејќи во спротивно хостинг провајдерите ќе имаат пристап до твојот код.
читај ги бе линковите, суперфицијален еден!
 
Као, бапнав 2 линка и го уништив гитхаб, фак јеа бро. Мислам стварно, јас можам да ти најдам 2 линка за било кој софтвер дека е несигурен... Би било убаво да споделиш некои аргументи тука и да кажеш тебе лично кои работи на гитхаб ти претставуваат проблем.
 
И јас веќе втора година github го користам и секоја апликација си ја закачувам. Никогаш не сум колаборирал со некој друг на гит, едноставно го користам за version control и за референци кон проектите во cv :D
 
Имаше еден мајтап и точен е. Линус Торвалдс го кодирал дур бил во Лас Вегас со многу пари, жени и виски. А го користам за глупости. Најчесто за синхронизирање на кодој со другари/пријатели.
 
Сеуште на svn, сум експериментирал ама многу е комплициран и треба време да ги мапираш со веќе познати акции со svn. Дека е далеку подобар тоа нема збор, посебно ако се работи на голем проект, креирање библиотеки и слично.
Треба UX да го подобрат и тие што се на svn многу лесно да мигрираат, нормално оние advance работи ќе почнеш да ги користиш кога ќе бидеш веќе добро запознат.
Дека ти е познато SVN инаку реално GIT не е толку тежок за учење основите се исти.

Додади, Бриши, Разграни, Спои...[DOUBLEPOST=1460673967][/DOUBLEPOST]
Имаше еден мајтап и точен е. Линус Торвалдс го кодирал дур бил во Лас Вегас со многу пари, жени и виски. А го користам за глупости. Најчесто за синхронизирање на кодој со другари/пријатели.
http://www.ted.com/talks/linus_torvalds_the_mind_behind_linux[DOUBLEPOST=1460674339][/DOUBLEPOST]
Сите, масивно го користиме Гит. Само не хостирајте код на Гитхаб!

http://esr.ibiblio.org/?p=6918
http://hackit.edward.io/p/89732
Се што е доволно популарно е мета на хакери реално се може да се хакне. Инаку bitbucket е подобра опција моментално од причина што бесплатниот план дава приватини складови.

Github моментално е можеби број 1 така да не е чудо што е главна мета.
 
Последно уредено:
Ми треба графички интерфејс за Гит ама за работа на сервер. Ај ако можи некој линк за интерфејс кој сте го користеле и сте задоволни, и некоја инструкција како се користи.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom