Ова со “украинското сценарио“ е најпатетичниот обид да се спаси сопствена кожа преку манипулирање со емоционалните реакции на населението на база на национална гордост, патриотизам и бранење од “напади од надвор“, што било кој, било каде ги пробал. И генерациски глупав потег. Толку безначајна земја, со апсолутно никаква политичка тежина во меѓународната заедница самата свесно да се става како карта за поткусурување, во еден од најнестабилните периоди од 90те години па наваму.
![Facepalm :facepalm: :facepalm:](http://forum.kajgana.com/styles/default/xenforo/emot/facepalm.gif)
Мада незнам и на онаа опозиционерската смотаница што му требаше да споменува билошто поврзано со Украина. Да не знае човек кој е поглуп во целава ситуација.
Изгубија компас целосно вмровциве, на чело со лидерите нивни. Беа на пат некако да се извлечат од калта, али пусти Ѓорѓе ги закопа до крај во гомна. Не знам чива одлука било се ова и чив договор, али ова ни најголем душман не можеше да им го среди.
Со јалово претање и заканување на сите страни ништо не добиваат, аматерски изгледа. Единствено што можеби би им ја вратило работата во колосек, би било комплетно заминување на целокупното сегашно раководство, што во моментов е практично невозможно.
Од почетокот на целава работа само го зголемуваат влогот, прво беше политичката кариера во прашање, па материјалната благосостојба, а сега како да сакаат и физичкиот интегритет да си го вложат, со лаење на секој странец што воопшто покажал интерес за ситуацијата овде. А очигледно е дека немаат exit strategy.
Не знам само што ќе остане кога ќе заврши конфронтацијава.