Акции на СЈО (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Grmys
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Најголем удар ќе биде кога ќе почнат да им ги одбиваат кредитите , и да ги редат на црна листа за пристап во ЕУ и САД.

Тоа најмногу ќе ги боли и ќе внесе раздор во бандава .
 
А до чадорот дојдовме? Е тоа ти се Курир муабети, на тоа ниво не дискутирам. Чадорот човече. Чадорот.
Чадорот е зборот што двајцата Зорани го употребувале во приватна комуникација. Не е ни од Курир, ни од мене. Од скајп разговорите на Верушевски и од Вајбер разговорите на Заев е.
 
Меѓународната заедница си го доби тоа што го сакаше денес. Ќе биде бучна некој ден, за да ги брани “принципите“, па ќе ја снема. И ќе го тапшаат Хорхе по Брисели, дека супер си ја завршил улогата.
Меѓународната заедница му даде шанса на власта да оправда тврдењето дека нема никакви криминали, нема измами нема лаги....
Договорија, да се прочисти список, одржат фер избори, испитаат обвинениа со формирање на СЈО.
Не е до Грујо да каже “списоко е прочистен, нема криминал, изборите се фер“
Не е ни до меѓународната заедница то да ни го каже.
До нас е. Тие можат само да ни се придружат во констатацијата.
Треба НИЕ да дојдеме на ниво кога и позиција и опозиција и неутралните ќе кажат, “да, случаите се решени, виновните се казнети, нивините ослободени, списокот е во ред и изборите се фер“
Како шо е номално во свет каде се стремиме, како шо е нормално во Холандија или Англија или Франција или Германија.
Тоа се основи за едно правно и законско општество. И се договоривме да го направиме тоа. И ај да го направиме. Нек се отворат случаеви, нек се процесираат обвиненија, нек се види дали и колку има вина, нек се проверат списоци, нек се одржат фер избори.
Зрели сме за такво нешто сите ние заедно?
 
Чадорот е зборот што двајцата Зорани го употребувале во приватна комуникација. Не е ни од Курир, ни од мене. Од скајп разговорите на Верушевски и од Вајбер разговорите на Заев е.

И кој е чадорот? Ако имаше чадор како што Куририте го замислуваат, одамна Грујо ќе беше прежален. :)
 
На Никола му избувнало егото. И наместо да го укине СЈО, решил да го аболира Заев? (Себеси се нема аболирано, СЈО сеуште може да го покрене случајот) Многу глуп овој Никола...

Заев никако немаше да биде осуден, дури и да беше укинато СЈО, не продавај сеа Љупче Златев муабети. Нема да е првпат да стори непромислен потег по кој ќе има некоја колатерална штета. Потегот може да е во согласност со меѓународна заедница само ако им има ветено нешто големо. Тоа за нас е промена на името. И овојпат ќе мора да го исполни тоа што им го има ветено, ќе повторам ако е ова е под договор со нив.
 
Меѓународната заедница му даде шанса на власта да оправда тврдењето дека нема никакви криминали, нема измами нема лаги....
Договорија, да се прочисти список, одржат фер избори, испитаат обвинениа со формирање на СЈО.
Не е до Грујо да каже “списоко е прочистен, нема криминал, изборите се фер“
Не е ни до меѓународната заедница то да ни го каже.
До нас е. Тие можат само да ни се придружат во констатацијата.
Треба НИЕ да дојдеме на ниво кога и позиција и опозиција и неутралните ќе кажат, “да, случаите се решени, виновните се казнети, нивините ослободени, списокот е во ред и изборите се фер“
Како шо е номално во свет каде се стремиме, како шо е нормално во Холандија или Англија или Франција или Германија.
Тоа се основи за едно правно и законско општество. И се договоривме да го направиме тоа. И ај да го направиме. Нек се отворат случаеви, нек се процесираат обвиненија, нек се види дали и колку има вина, нек се проверат списоци, нек се одржат фер избори.
Зрели сме за такво нешто сите ние заедно?
Не функционира така светот. Ќе дојде 6ти јуни, ќе правиме муабет. Ако нешто реши денешниов ден, е дека избори на 5ти јуни ќе има.
И кој е чадорот? Ако имаше чадор како што Куририте го замислуваат, одамна Грујо ќе беше прежален. :)
Не како што Курир го презентира. Ама соработка има. И нормално е да не сакаат да се компромитираат.
Заев никако немаше да биде осуден, дури и да беше укинато СЈО, не продавај сеа Љупче Златев муабети. Нема да е првпат да стори непромислен потег по кој ќе има некоја колатерална штета. Потегот може да е во согласност со меѓународна заедница само ако им има ветено нешто големо. Тоа за нас е промена на името. И овојпат ќе мора да го исполни тоа што им го има ветено, ќе повторам ако е ова е под договор со нив.
Како немаше да биде осуден, кога го има на снимка од ПИ мерки како од Груевски бара оставка во замена за необјавување на снимки и како бара мито? Немало да биде осуден. :D Од непромислен потег, до ретардиран потег има разлика. Не може Груевски да нарачал аболиција за да не го гони СЈО. Како прво, Груевски не е аболиран. Како второ, СЈО пак може да го гони.

Пробуваш да продадеш приказна што е скарана со секоја елементарна логика.
 
Уште ми е смешно тоа што членови на вмро контра-протестираат пред седиштето на сдсм зошто не се согласувале со одлуката заев да биде аболициран по втор пат...
Тоа ти е исто ко у 2001 место пред Собрание да се протестирало пред Воена болница...
 
Не функционира така светот. Ќе дојде 6ти јуни, ќе правиме муабет. Ако нешто реши денешниов ден, е дека избори на 5ти јуни ќе има.
Јас ќе организирам избори дома кај мене на 23 Април, па да видиме дали грујо ќе победи
 
Немој Златев, немој таа несреќа да ја спомињаш. Малер ќе го фати форумов серверот ќе падне. Со Чилиманов најсериозни кандидати за 40 year old virgin.
 
Јас ќе организирам избори дома кај мене на 23 Април, па да видиме дали грујо ќе победи
Супер. Ако можеш да наплаќаш даноци, да ставаш во затвор, да држиш монопол врз сила, уште подобро за тебе.
 
Видеото е вознемирувачко, ако имате слабо срце не го отворајте.

На крајот на видеото, можете да го видите лидерот на опозицијата, што е доволен доказ кој стои зад сето ова.

Спојлер: Прејака шлаканица на самиот почеток.

 
@Inglourious Basterd

Прво, грујо не е аболиран но утре да има обвинение ќе биде затоа што хорхе кажа дека аболицијата ќе важи и за идни дела.

Второ, викаш ако заев пак ги објавува бомбите ќе биде одново гонет, но ќе биде и обново аболиран оти пак хорхе рече дека аболицијата важи и за идни дела и ако и во иднина пак се јавела ваква ситуација ќе го направел истото.

Абе потегов на хорхе е скаран со секоја логика, немате ли доверба у судството дека ќе ги извадеше невини сите ваши функционери, или можеби доказите на СЈО беа пресериозни (за разлика од тоа што го викаат написите на куририте).

Ама мене некако сепак ми делува за изнуднен потег од страна на меѓународната, за која причина појма немам, ситацијата сигурно нема да се смири со потегов ако тоа го очекувале.
 
Супер. Ако можеш да наплаќаш даноци, да ставаш во затвор, да држиш монопол врз сила, уште подобро за тебе.
услов да правиш избори е да можеш да затвараш??
гледај каква логика имаш, шо има врска власта со тоа кој треба да биди затворан? или кој да плати данок?
Закон треба да важи за сите подеднакво било кој да е на власт без разлика дал е Заев или Грујо или Амди.
Во нормална држава не треба да зависи ни од премиер ни од министар ни од пратеник кој ќе оди во затвор. Ни кој ќе плаќа даноци.
Ете зошто ни се случуваат вакви работи.
Имаме погрешна претстава шо е држава и шо преставува.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom