Акции на СЈО (Генерална дискусија)

Статус
Затворена за нови мислења.

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.552
Поени од реакции
7.656
Грујо и фамилијата на црна листа на ЕУ , прво ќе почнат со пониски со статус советници .
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
Точно, може. Јас само кажувам кои опции ги има на располагање, не која ќе ја избере. Е сега, ако алудираш дека може и да се повлече, и тоа не можам да го знам, тогаш одговорот е едноставен. Груевски им има кажано на сите дека не се повлекува.
Од денес, ова стана маѓународен проблем и афера а големите сили нема да дозволат макар принципа ради секој да менува поништува и погазува договорено со нивно учество.
Многу малце веќе зависи од нас, покажавме дека не сме способни не сме одговорни не сме кадри.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.217
Поени од реакции
25.977
Еве, внимателно го прочитав ова, и никаде не гледам дека му се дава амин на Грујо за избори без опозиција. Првата реченица вели дека е неопходно и важно е овие избори да бидат спроведени на начин на кој ќе бидат признаени од меѓународната заедница.

Мене ова повеќе ми звучи дека без опозиција нема валидни избори отколку како дрмај ти Грујо на избори сам, ние ќе ти аплаудираме. И остатокот на инервјуто е во сличен тон. Јас мислам дека ти си преоптимистичен, како и обично во врска со иднината на Грујо.
Чекај, меѓународната заедница ќе го остави Груевски да организира избори, тој ќе освои над 500.000 гласа на нив (ако оди сам) и на крај ќе му речат, не важат овие избори?

И ајде, еве, нека му речат. Кој им е наредниот чекор? Како ќе го натераат да се повлече после 80-90 пратеници во Собрание.
Добро. И сеа и сам си свесен дека можна е и опцијата да се одржат, без опозиција и ЕУ/САДда не ги признаат. Значи 50-50 се шансите. Далеку од сигурна „победа“ на ДПМНЕ. Освен ако не им ветил нешто бабачко, ко името итн.
Ако САД и ЕУ пратат набљудувачи и го легитимираат оддржувањето, нема начин да не ги признаат.
Од денес, ова стана маѓународен проблем и афера а големите сили нема да дозволат макар принципа ради секој да менува поништува и погазува договорено со нивно учество.
Многу малце веќе зависи од нас, покажавме дека не сме способни не сме одговорни не сме кадри.
Меѓународната заедница си го доби тоа што го сакаше денес. Ќе биде бучна некој ден, за да ги брани “принципите“, па ќе ја снема. И ќе го тапшаат Хорхе по Брисели, дека супер си ја завршил улогата.
 

sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.072
Поени од реакции
4.942

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.552
Поени од реакции
7.656
Едно е Гоца или Миле, но сосема друго е носење на Грујо на распит, па читање негови сметки по банки, цитирање на негови наредби за плацеви, сметки, милиони, провизии, тоа ќе беше тотално фијаско за режимот само неколку месеци пред избори!Се чини дека по дознавањето дека следен на прес на тимот на Катица ќе биде токму вождот лично ги запали сијаличките и на сред посета на Колинда Грабар Китарович и Пахор во Скопје во сред работна недела наместо во некој глуп термин како викенд за време на некој празник а се ближат мајските празници па можеше да се почека, или слично како што обично прават за да нема бука и галама и да нема кој во Брисел да реагира, ДПМНЕ се реши на брз паничен потез со кој буквално ја извади од памет целата македонска јавност.


http://maktel.mk/News.aspx?id=65406
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.197
Чекај, меѓународната заедница ќе го остави Груевски да организира избори, тој ќе освои над 500.000 гласа на нив (ако оди сам) и на крај ќе му речат, не важат овие избори?

И ајде, еве, нека му речат. Кој им е наредниот чекор? Како ќе го натераат да се повлече после 80-90 пратеници во Собрание.
Се заебаваш, така? 80-90 шушумиги во Собранието се посилни од авторитетот на меѓународната заедница? :)

Па само да му ги подзавртат финансиските чешмиња ќе рикне за три дена. Да не зборувам за вонинституционални притисоци. Грујо е минато. Ќе ја одигра својата последна карта, избори без опозиција, и ќе остане без неа, а фактичката ситуација ќе биде иста. Ќе му кажат дека тие избори немаат кредибилитет, и тоа е тоа. После, нема бегање, крајот е блиску.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.697
Чекај, меѓународната заедница ќе го остави Груевски да организира избори, тој ќе освои над 500.000 гласа на нив (ако оди сам) и на крај ќе му речат, не важат овие избори?

И ајде, еве, нека му речат. Кој им е наредниот чекор? Како ќе го натераат да се повлече после 80-90 пратеници во Собрание.

Ако САД и ЕУ пратат набљудувачи и го легитимираат оддржувањето, нема начин да не ги признаат.

Меѓународната заедница си го доби тоа што го сакаше денес. Ќе биде бучна некој ден, за да ги брани “принципите“, па ќе ја снема. И ќе го тапшаат Хорхе по Брисели, дека супер си ја завршил улогата.
До ова денес, јас бев на истото мнение ко тебе дека можно е да се одржат избори и да ги легитимираат од САД/ЕУ.

Но со ова денес Хорхе ги самоуби. Тотално несфатлив потег. Очигелдно следен предмет на СЈО бил токму Никола па неговото его избувнало ко Етна и му наредил на Прецедникот да се изглупира порано од очекуваното.

Како ова му иде во прилог на Груевски во поглед на помошта од меѓународната заедница, ни ти не знаеш искрено, ама работа си е работа, мора да правдаш.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.217
Поени од реакции
25.977
Се заебаваш, така? 80-90 шушумиги во Собранието се посилни од авторитетот на меѓународната заедница? :)

Па само да му ги подзавртат финансиските чешмиња ќе рикне за три дена. Да не зборувам за вонинституционални притисоци. Грујо е минато. Ќе ја одигра својата последна карта, избори без опозиција, и ќе остане без неа, а фактичката ситуација ќе биде иста. Ќе му кажат дека тие избори немаат кредибилитет, и тоа е тоа. После, нема бегање, крајот е блиску.
Меѓународната заедница во Македонија нема авторитет. Има инструменти за притисок. Плус, цело време од различни позиции тргаме. Ти тврдиш дека меѓународната заедница му е лута на Груевски за денешниве случувања, јас тврдам дека меѓународната заедница ги има нарачано. Кој е во право, повторно времето ќе покаже.
 
S

silmarillion

Гостин
Криминалци ко криминалци пробуваат да се извадат на секој начин. Тоа што има слепци со два денара у џеб и ги бранат е скроз небитно.

Треба да одговара секој што украл и/или злоупотребил дали институционално дали на улица сеедно. Хорхињо де Назарио ги прогласи за криви сите спомнати во муабетите со неговата аболиција.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.197
Меѓународната заедница во Македонија нема авторитет. Има инструменти за притисок. Плус, цело време од различни позиции тргаме. Ти тврдиш дека меѓународната заедница му е лута на Груевски за денешниве случувања, јас тврдам дека меѓународната заедница ги има нарачано. Кој е во право, повторно времето ќе покаже.
Жал ми е, ама нема никаква логика ова што го зборуваш. Може да ми објасниш кој е интересот на меѓународната заедница во денешните случувања? Што тие добија од ова?
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.217
Поени од реакции
25.977
До ова денес, јас бев на истото мнение ко тебе дека можно е да се одржат избори и да ги легитимираат од САД/ЕУ.

Но со ова денес Хорхе ги самоуби. Тотално несфатлив потег. Очигелдно следен предмет на СЈО бил токму Никола па неговото его избувнало ко Етна и му наредил на Прецедникот да се изглупира порано од очекуваното.

Како ова му иде во прилог на Груевски во поглед на помошта од меѓународната заедница, ни ти не знаеш искрено, ама работа си е работа, мора да правдаш.
На Никола му избувнало егото. И наместо да го укине СЈО, решил да го аболира Заев? (Себеси се нема аболирано, СЈО сеуште може да го покрене случајот) Многу глуп овој Никола...
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.411
Поени од реакции
36.343
Ако потегов е во координација со амбасадата на Кале, сме го ебале ежот, оти ќе не остават да скапеме тука со бандитиве.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.217
Поени од реакции
25.977
Жал ми е, ама нема никаква логика ова што го зборуваш. Може да ми објасниш кој е интересот на меѓународната заедница во денешнире случувања? Што тие добија од ова?
Подеднакво компромитирани страни, оневозможување Груевски да направи комплетна победа, и себезаштита, да не прозборат Верушевски и Заев кој е чадорот, ако чадорот ги остави да накиснат.
 
Член од
28 ноември 2014
Мислења
155
Поени од реакции
46
Ќе се формира специјален суд во Хаг или во некоја друга европска земја. А наместо МВР ќе дојдат од Еулекс или од Европол за да ги апсат апашите на дпмне. Западот вечерва преку амбасадите дадоја јасни сигнали дека ќе се радикализира политиките на САД и ЕУ. Ништо повеќе нема да е како што беше. Иванов и вмровците вечерва дадоја авто гол.
Искрено јас не сум толку политички обоен. Но ова што се случува во Македонија е преседан. Инаку ова што го имаш напишано е најоптималното решение за ова мала и хендикепирана земја. И ако што малку делува како мини протекторат убаво би било па макар и ова сценарио да се случи ама државата да се спаси од бандитите.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.197
Подеднакво компромитирани страни, оневозможување Груевски да направи комплетна победа, и себезаштита, да не прозборат Верушевски и Заев кој е чадорот, ако чадорот ги остави да накиснат.
А до чадорот дојдовме? Е тоа ти се Курир муабети, на тоа ниво не дискутирам. Чадорот човече. Чадорот.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom