Акции на СЈО (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Grmys
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Батали. Грујо е минато. Неславно, свршено.
Груевски е премиер најмалку до 2020та. Ама тоа не значи дека денешнава пилула не беше горка. И дека треба да си чукне тоа главата во иднина кога ќе реши да калкулира повторно.
 
Интересен circle jerk има у темава со два-тројца што цело време постираат пропаганда и други бљувотини и меѓу себе си ставаат лајкови.
 
Ќе им каже некој на дечкиве што се пред штабот на Бихаќка дека кога протестираш за помилување на обвинети за криминал, не одиш кај наводниот криминалец, туку кај оној што го помилувал? Уствари, па и да кажат, џабе им е, нема да сфатат...
 
Најголемата грешка на Груевски, освен таа што не го прифати советот на Борисов за распишување на предвремени избори уште пред година дена - потег кој ќе не поштедеше од разно разни циркуси кои ги изнагледавме и изнаслушавме, е и себепреценувањето и борбата сам против сите.

Освен ако се ова не е по консултација со америчка Амбасада и еден вид претстава, крајот на оваа гарнитура е најизвесното нешто што ќе се случи. Навистина не го разбирам потегот на Иванов и по чии инструкции тој постапувал и кој давал совети на тој што му дал инструкции на Претседателот. Ако си веќе спремен и се чувствуваш моќен, заканата ја ништиш веднаш штом пројави опасност по тебе, а не ја оставаш година дена да тлее и да ти се заканува а ти се договараш со неа и ја чекаш да ја снема. Му заминаа многу возови на Грујо овојпат.
 
Ме интересира од која дрога земаат, сакам и јас малку :D

Земи лепче, стави во него по едно парче салама и кашкавал, замоти го во најлонче, остави го три дена во подрум и на четвртиот изеди го.
 
Груевски е премиер најмалку до 2020та. Ама тоа не значи дека денешнава пилула не беше горка. И дека треба да си чукне тоа главата во иднина кога ќе реши да калкулира повторно.

Сериозно, како го замислуваш тоа? Грујо оди на избори, и убедливо ги добива, затоа што нема опозиција. Потоа излегуваат претставниците на меѓународната заедница и кажуваат дека изборите поминале во најдобар ред, дека се е во духот на демократијата и му честитаат на Грујо? :)

Тоа нема да го биде, да не се лажеме. Нема никаква иднина за Грујо како премиер, треба да биде среќен со иднина на слобода.
 
Ќе им каже некој на дечкиве што се пред штабот на Бихаќка дека кога протестираш за помилување на обвинети за криминал, не одиш кај наводниот криминалец, туку кај оној што го помилувал? Уствари, па и да кажат, џабе им е, нема да сфатат...
Јакото е што протестираат против одредени личности,а за други се радуваат дека нема да одат во затвор.:pos: Е ова ти е луд,збуњен,нормалан.
 
Сериозно, како го замислуваш тоа? Грујо оди на избори, и убедливо ги добива, затоа што нема опозиција. Потоа излегуваат претставниците на меѓународната заедница и кажуваат дека изборите поминале во најдобар ред, дека се е во духот на демократијата и му честитаат на Грујо? :)

Тоа нема да го биде, да не се лажеме. Нема никаква иднина за Грујо како премиер, треба да биде среќен со иднина на слобода.
Не, ќе констатираат дека штета што изборите се оддржале без опозиција, и дека заради неисполнување на пржинскиот договор ќе ни ја одземат препораката за членство во ЕУ. Ама ќе продолжат да комуницираат со Груевски, и ќе соработуваат на секое поле, како и досега.
 
Груевски е премиер најмалку до 2020та. Ама тоа не значи дека денешнава пилула не беше горка. И дека треба да си чукне тоа главата во иднина кога ќе реши да калкулира повторно.

Груевски и сега не е премиер, да те потсетам само. И малку е веројатно дека некогаш пак ќе биде. Наголемо се зборува и меѓу членовите на ДПМНЕ дека Грујо е подготвен да вети и друг премиер, само тој да не биде гонет и да може да управува само од позадина, како сега со Емил.
 
:pos:

Бранко Геровски не е член на ВМРО-ДПМНЕ, господине врховен авторитет за случувањата во ВМРО-ДПМНЕ и одредувач за припадност.
 
Ахмети: Иванов веднаш да ја повлече одлуката!
 
Не, ќе констатираат дека штета што изборите се оддржале без опозиција, и дека заради неисполнување на пржинскиот договор ќе ни ја одземат препораката за членство во ЕУ. Ама ќе продолжат да комуницираат со Груевски, и ќе соработуваат на секое поле, како и досега.

Тоа ти се вика wishful thinking. А дури и да биде така, бомбите повторно ќе се активираат, СЈО ќе продолжи со обвиненија, протисокот врз една таква смешна влада ќе биде уште посилен. Грујо има маневарски простор нула. Сега веќе ништо не му може на Заев. Дури ниту на Верушевски не му може ништо, сигурно му доаѓа да си касне од мадето.

И друга работа, штотуку ТИ констатира дека Грујо е спремен да се држи до власта дури и по цена на губење на препораката за членство, што е државнички маневар без преседан.

Всушност, после цела твоја глорификација на генијалната политика на Мартин и Грујо, вистината е дека го јадоа немиен.
 
:pos:

Бранко Геровски не е член на ВМРО-ДПМНЕ, господине врховен авторитет за случувањата во ВМРО-ДПМНЕ и одредувач за припадност.

Ниту знам што напишал Геровски, ниту ме занима искрено. Ти зборам за луѓе што се партиски активни во ДПМНЕ, кои ова го трубат низ неформални муабети уште од оставката на Груевски.
 
Абе чекај малце. Овој тупсонов не ни може да прогласи аболиција. Собранието го прави тоа. Тупсонов може само да помилува конкретни индивидуи.
Одлукава е без правна основа. Ова е циркус.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom