Акции на СЈО (Генерална дискусија)

Статус
Затворена за нови мислења.

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
Не, не. Тоа што Груевски 10 години се трудеше да не ги брка од работа, на крај го донесе во ситуација да мора да договара на Кале како да го распушти СЈО, а тоа да не биде распуштање на СЈО. И истите што ги нема избркано од работа, да му протестираат дека ги бркал од работа. Затоа што на телефон кажал некој колку би било најпрекрасно да ги избрка од работа.

И сега, Груевски ќе испадне тешка будала ако продолжи да ја води старата политика. Сега е доведен во „ја би да ми то кољемо куме, и онако че прича да смо је клали“ ситуација.
Tреба маж на власт кој ќе ги реши проблемите а не да ги одржава во живот и ги продлабочува.
Ако СДСМ вработувал партиски и наполнал администрација, ВМРО требаше таа пракса да ја промени, да го доведе нивото на администрација на издржливо и оптимално за ова земја, и да престане со партиски вработувања и да внесе механизми истото да го прави. имаа деценија да направат нешто, имаа време имаа финансии кредити помош.... али место то сега имаме можеби уште поголема администрација и стотици милиони евра вредни стиропори и ламарини
Треба да се стисне заби и да се направи историски чекор кој не секогаш е популарен али мора да се направи. Постојат и методи и начини али ништо од тоа не е направено, напротив, речиси секој одговор на власта е “И СДСМ правеше така.... еми вие ко вработувавте убо ви беше...“
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
Да де, се тоа е точно. Затоа во тие случаи е битно кој прв почнува.
Мислам дека ќе бидат различни одговорите во зависност од тоа која група ги дава. И за кој временски период.
Фактот што збориме за кој прв почна, а не зошто немаме механизам што спречува било кој прв да почне е тоа што треба да не исплаши и да не натера да си ја чукнеме главата. Второто ја прави разликата помеѓу заедниците што преживуваат и се адаптираат и оние останатите, ако мене некој ме прашува. Историјата е полна со примери за заедници која ја немале нашата среќа, околности и благонаклонетост од големи играчи, па за многу поситни детали ги снемувало од мапата.

За овие две години направивме толку политички преседани, колку што некои држави прават за 500 години. Имаме преголем багаж што ќе го влечкаме и во иднина, а тоа е нешто што најмалце ни треба во моментов.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.218
Поени од реакции
25.977
Tреба маж на власт кој ќе ги реши проблемите а не да ги одржава во живот и ги продлабочува.
Ако СДСМ вработувал партиски и наполнал администрација, ВМРО требаше таа пракса да ја промени, да го доведе нивото на администрација на издржливо и оптимално за ова земја, и да престане со партиски вработувања и да внесе механизми истото да го прави. имаа деценија да направат нешто, имаа време имаа финансии кредити помош.... али место то сега имаме можеби уште поголема администрација и стотици милиони евра вредни стиропори и ламарини
Треба да се стисне заби и да се направи историски чекор кој не секогаш е популарен али мора да се направи. Постојат и методи и начини али ништо од тоа не е направено, напротив, речиси секој одговор на власта е “И СДСМ правеше така.... еми вие ко вработувавте убо ви беше...“
Да, да замрзне вработувања во администрација, и министрите да бидат минирани на секој чекор од некој мал Верушевски. Грешката на ВМРО е што не ја прочисти, наместо да ја прошири администрацијата. За професионални стандарди, во Македонија не можеме да зборуваме. За да воведеш професионални стандарди во администрација, прво треба да имаш доволна база на професионалци од кои би можел да бираш. Јас не познавам способен човек, кој при здрава свест би сакал совесно да работи во администрација, за некоја смешна плата, ако ги нема страничните бенефити.[DOUBLEPOST=1460492477][/DOUBLEPOST]
За овие две години направивме толку политички преседани, колку што некои држави прават за 500 години. Имаме преголем багаж што ќе го влечкаме и во иднина, а тоа е нешто што најмалце ни треба во моментов.
За ова комплетно се согласувам. И тука најголемата вина е на Груевски. Тој одлучи да влезе во процес на бесконечни преседани, кој денес и официјално го прогласи за неуспешен експеримент. Со последиците, ќе видиме како ќе се носи.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
Да, да замрзне вработувања во администрација, и министрите да бидат минирани на секој чекор од некој мал Верушевски. Грешката на ВМРО е што не ја прочисти, наместо да ја прошири администрацијата. За професионални стандарди, во Македонија не можеме да зборуваме. За да воведеш професионални стандарди во администрација, прво треба да имаш доволна база на професионалци од кои би можел да бираш. Јас не познавам способен човек, кој при здрава свест би сакал совесно да работи во администрација, за некоја смешна плата, ако ги нема страничните бенефити.
деценија имаа, буџети имаа подршка имаа и сега кој е крив шо имаме партиска админстрација која е и неефикасна, превработувања во државни фирми...???
Кој требаше во овие 10 години да се справи со тоа? ој требаше да ја запре и искорени таа пракса која е можеби најболна за МК стопанство?
Историска личност треба не некој кој гледа само лична и семејна корист.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.218
Поени од реакции
25.977
деценија имаа, буџети имаа подршка имаа и сега кој е крив шо имаме партиска админстрација која е и неефикасна, превработувања во државни фирми...???
Кој требаше во овие 10 години да се справи со тоа?
Историска личност треба не некој кој гледа само лична и семејна корист.
Груевски е виновен за тоа. Апсолутно. Има неколку покрупни грешки, кои му направија гордиев јазол. Сега, дали ќе одлучи да го отплеткува, додека сите му гледаат сеир, или ќе го пресече, како тој што го стави на плоштад, ќе видиме. Тој ќе си ги сноси последиците од одлуката најмногу.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
Груевски е виновен за тоа. Апсолутно. Има неколку покрупни грешки, кои му направија гордиев јазол. Сега, дали ќе одлучи да го отплеткува, додека сите му гледаат сеир, или ќе го пресече, како тој што го стави на плоштад, ќе видиме. Тој ќе си ги сноси последиците од одлуката најмногу.
Сега? Сега и БЦ би почнал да ги отплеткува работите кои ги засрал.
Не ТОЈ, НИЕ ќе ги сносиме последиците, пошто секоја негова одлука и потег немаат ефект само дома кај него туку и дома кај мене.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.778
Поени од реакции
8.228
Неутралка ,алелуја !
Шо не е точно?
Груевски е виновен за тоа. Апсолутно. Има неколку покрупни грешки, кои му направија гордиев јазол. Сега, дали ќе одлучи да го отплеткува, додека сите му гледаат сеир, или ќе го пресече, како тој што го стави на плоштад, ќе видиме. Тој ќе си ги сноси последиците од одлуката најмногу.
Треба и друго нешто да му признаеш. Дека овде не беше прашање на прагма, туку на обична ефтина пропагандистичка политика. Десет години си на власт, имаш карт бланш да апсиш и пикаш по зандани се од транзициски профитер, сите директорчиња шо ја искрадоа државата...ама не. Ти (ДПМНЕ) наместо тоа ги оставаш во огромен дел на слобода, некои ги земаш во свој табор, а ги користиш во црни кампањи на избори за да покажуваш со прст. После, имаш десет години да средиш администрација...ама не. Дополнително ја трупаш со членови, а на избори користиш во црна кампања партиски вработувања како проблем наследен од време на комуњари. Се ова се политички, кампањски одлуки, а не државнички и реформски. Се што им се случува им е заслужено затоа што во 2006та беа гласани заради ветени реформи, а денес станаа ефтини популисти.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.218
Поени од реакции
25.977
Сега? Сега и БЦ би почнал да ги отплеткува работите кои ги засрал.
Не ТОЈ, НИЕ ќе ги сносиме последиците, пошто секоја негова одлука и потег немаат ефект само дома кај него туку и дома кај мене.
Да де, ама кај него имаат најмногу. Грешките на Црвенковски тешко се оправаат, затоа што не се резултат само на негови одлуки, туку и на интереси на втори, трети, петти страни. Грешките на Груевски се резултат не некои негови калкулации, кои на крај испаднале погрешни, ама може да ги смени веднаш, исто како што ги направил.
Треба и друго нешто да му признаеш. Дека овде не беше прашање на прагма, туку на обична ефтина пропагандистичка политика. Десет години си на власт, имаш карт бланш да апсиш и пикаш по зандани се од транзициски профитер, сите директорчиња шо ја искрадоа државата...ама не. Ти (ДПМНЕ) наместо тоа ги оставаш во огромен дел на слобода, некои ги земаш во свој табор, а ги користиш во црни кампањи на избори за да покажуваш со прст. После, имаш десет години да средиш администрација...ама не. Дополнително ја трупаш со членови, а на избори користиш во црна кампања партиски вработувања како проблем наследен од време на комуњари. Се ова се политички, кампањски одлуки, а не државнички и реформски. Се што им се случува им е заслужено затоа што во 2006та беа гласани заради ветени реформи, а денес станаа ефтини популисти.
Никаде не реков дека не се најбазични калкулации.
 
Член од
1 февруари 2005
Мислења
1.290
Поени од реакции
1.788
Убаво е што Ѓоре Иванов пробува да направи нешто, доколку е лично негова идеја е вред, само да не е под притисок на странски оранжева револуција менаџери.
Во суштина неми се допаѓа предлогот, Иванов треба да извади поука од блиското минато, Сирија, Гадафи, Јанукович, неможе во исто време да се клањаш на бога и на мамонот, колку повеќе го слушаш НСР, толку повеќе губиш. САД, ЕС, НАТО е една иста структура за геноцид, евентуално може да станеш нивна мароинетка, но тогаш ќе е многу лошо за македонскиот народ. Штом си се одлучил да се бориш против ционизмот неможе да бараш подршка од ЕС, на практика и тие се дел од таа структура за организирање портокалови револуции и граѓански војни.
Неможе да си малку невина, така да или треба да се обрне за помош од слободниот дел од светот Кина и Русија или следува украинско сценарио. Не станува збор само за Заев, тоа е многу стара колонијална психологија, секогаш и кај секој народ може да најдеш луѓе спремни да се вазали. Така да што и да преговара со западот е само во наша штета, секое нешто кое се договара со нив е уште еден чекор напред кон нивната цел да ја преземат нашата државата, дали преку портокалова револуција, граѓанска војна, албанскиот фактор не е важно, ционистите се спремни на секакво сценарио, но ако на време се подготвиш и избереш правилни сојузници, мислам дека сеуште има шанса, мој впечаток е дека Иванов гледа да спечали време и чека БРИКС да го сруши доларот, но мислам дека треба активно да се вклучи во таа борба, БРИКС не е бескрајно силен и секоја помош за него е добродошла, ако само знае каков концентрационен лагер готват ционистите за сите Гои, воопшто нема што да се колеба.
 

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.364
Кој е бе овај Хорхе туку така да се обраќат, ко шо ќе му текнит него?
Кај е бе биден до сега овај Хорхе?
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Знае некој зошто се протестира пред штабот на СДСМ?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom