Акции на СЈО (Генерална дискусија)

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Најискрено, оние луѓе што ќе си дозволат политички партии да го доведат до тоа физички да се пресметуваат меѓу себе, целиот ќотек што ќе го јадат го заслужуваат.

Па уште и закани плашења, груевски до држел народот мирен иначе не знам што ќе било, добар блеф, ама знаеме македонскиот народ и неговиот гнев, држи една вечер и толку, ако има будали кои ќе ризикуваат и лежење во затвор за тепачки или немири во име на партијата или лидерот, нека повелат, ситните риби секако нема да бидат аболирани.
 
Член од
25 септември 2008
Мислења
357
Поени од реакции
239
Да ме извините ама ова се решава само со Граѓанска војна нека им е на душа
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.778
Поени од реакции
8.228
Ама, тие кои се гневни од вмровците не се гневни на Заев. Кур ги боли за Заев. Гневни се на комшиите кои веќе над година изиграваат фраери со закани. Груевски досега им викаше дека не смеат да им покажуваат сила. Од сега, не знам. Не ми е логично да продолжи да го прави истото.
Закани и курчење се од денес до утре. Тоа се глупости. Вчера свиреле со коли и викале сите ќе ве нема, покажувале мускули и се заканувале, затоа денес не се на власт. После аболиција, ако следно биде одмазда и крв по улици, Груевски е единствено одговорен, затоа што ги научил дека тој го има прстот на тоа копче, има мандат и привилегија за ништење на сопствениот народ. И него ќе му падне чеканот на глава.
 

MiaSanMia

Chipolopolo
Член од
7 април 2012
Мислења
9.974
Поени од реакции
8.682
Абе не се глупирајте.Решение било граѓанска војна,граѓанска војна поради ВМРО и СДСМ.:pos::pos::ROFLMAO: Едни против други да се тепаат поради политички партии хаха.Ај разбирам поради вера,националност и остали заебанции,ама поради партии да се тепаат,е тоа би било чудо над чудата.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.227
Поени од реакции
26.014
Закани и курчење се од денес до утре. Тоа се глупости. Вчера свиреле со коли и викале сите ќе ве нема, покажувале мускули и се заканувале, затоа денес не се на власт. После аболиција, ако следно биде одмазда и крв по улици, Груевски е единствено одговорен, затоа што ги научил дека тој го има прстот на тоа копче и има мандат врз привилегијата за ништење на сопствениот народ. И него ќе му падне чеканот на глава.
Не може Груевски да те натера да удриш некого, ако ти не сакаш да го удриш. Ја нема таа моќ. Гневот ќе мора некако да го исканалира. Како, мислам дека ќе зависи од Заев. Ако тој продолжи со улица стратегија, ќе се канализира на улица. Не се луди по втор пат да му ја остават улицата на Заев, кога нема способни луѓе да ја држи. Еднаш веќе ја направија таа грешка.

Ако Заев си го потсмири членството, издувниот вентил ќе бидат откази после избори. Ама дека се ќе заврши со „беше забавно, до наредниот пат“, малце потешко. Иако Заев успеа да се извлече засега. Други му го избоксуваа комфортот.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Пичку матер, гром, дуи, дпа, вмро, сдсм, сите се против хорхе, само латас го поддржува...
Сами против светот ! :pos:
 

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.581
Поени од реакции
7.712
Чекај, ти тука мирно седиш и подржуваш политичар кој сака да предизвика физички пресметки помеѓу Македонци? Тоа е мастерпланот на Грујо?

До каде оди лудилото, сериозно? Па не е Грујо толку скапоцен, не може да вреди повеќе од братоубиствени пресметки.
Братоубиствените пресметки се код на ВМРО -врховистичка , ништо ново.
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
Груевски не с'ска ништо, напротив, Груевски е единствената причина зошто тие досега не се случија. Сега, кога веќе е очигледно дека стратегијата со отстапки да го донесе СДСМ до избори му е погрешна, мислам дека ќе си ја признае грешката. Како што најави во последниот говор.
И кој ќе биде исходот од се тоа? Има некаква алтернатива која завршува со политичка победа на било која партија - учесник во таква “кој прв ќе попушти“ пресметка?
Или што, има некакво непишано правило каде што после доволно претепани припадници на спротивната група, се преминува на следното ниво каде што те чека главниот.
Не може во таква tit for tat стратегија било кој од учесниците сам да одлучи кога да прекине и победи, зошто реципроцитетот трае, потенцијално, бесконечно. Од еден судир на улица, ќе помине во многу судири на улица. Интензитетот и трошокот идат само нагоре.
И каков ќе биде епилогот кога станува збор за двете најголеми и најдоминанти групи (за жал, во секоја смисла) во македонската етничка заедница
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.227
Поени од реакции
26.014
И кој ќе биде исходот од се тоа? Има некаква алтернатива која завршува со политичка победа на било која партија - учесник во таква “кој прв ќе попушти“ пресметка?
Или што, има некакво непишано правило каде што после доволно претепани припадници на спротивната група, се преминува на следното ниво каде што те чека главниот.
Не може во таква tit for tat стратегија било кој од учесниците сам да одлучи кога да прекине и победи, зошто реципроцитетот трае, потенцијално, бесконечно. Од еден судир на улица, ќе помине во многу судири на улица. Интензитетот и трошокот идат само нагоре.
И каков ќе биде епилогот кога станува збор за двете најголеми и најдоминанти групи (за жал, во секоја смисла) во македонската етничка заедница.
Да де, се тоа е точно. Затоа во тие случаи е битно кој прв почнува.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.346
Поени од реакции
18.226
Кај е бе @Brutus му има некој видено око поладнево :D


Ауфффф, Џорџе го кажа своето историско НЕ
поштуем, Претседателов на РМ имал МАДИНА
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom