Лажирањето на видео записи само што стана многу поедноставно

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.055
Поени од реакции
29.418
Лажирањето на видео записи само што стана многу поедноставно. Замислете што се не станува можно со софтверов кој од опрема бара само осредно добар компјутер и веб камера:
- политичари кои пред камера кажуваат што ќе посакате
- бизнисмени кои отворено признаваат криминални дејности
- јавни личности кои... ајде де, ви текнува веќе ;)

И порано имав гледано слични алатки за продукција на анимирани филмови, ама ова веќе е на сосема друго ниво. Не знам дали информацијава е можеби некоја патка, но сепак одлучив да ја споделам со сите - затоа што можностите за злоупотреба се бескрајни во денешниов свет кој е длабоко зависен од медиумска пропаганда.
Погледајте:

 

Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
Комбинација на Brave New World и 1984.

Ем закопан во неупотреблива и лажна информација, ем следат во секој чекор да ја имаат целата вистинска информација за секоја единка.
Дилемата “Магаре да ти го бапне или змија да ти го лапне“ полека преминува во “Магаре ти го бапнува додека змија ти го лапнува“.

:)
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.055
Поени од реакции
29.418
@Благоев
Ех Лаки... Кој денес сеуште ги чита Хаксли и Орвел? Фејсбук, вајбер, твитер, итн - се најблиску што огромното мнозинство доаѓа до пишаниот збор. :(

Што е полошо, уште ќе испадне дека утопијата од Храбриот Нов Свет е прекрасна алтернатива на тоа кон што забрзано се движи денешново (робовладелско) општество. Таму барем имаше класи/касти, за разлика од реалноста во која денес работите одат кон двокласен систем со 99.9999% ултрасиромашни (на кои им е дадено едвај колку да прежуваат и робовски да одработуваат), и 0.0001% ултрабогати (кои го поседуваат целиот имот/капитал).
 

Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
Тие што сакаат, читаат. Тие што не сакаат, не читаат. Порано ги немало овие електронски збиралишта, па системот си наоѓал начин како да го дефокусира вниманието на единките. Денес тоа се случува побрзо. Но, од друга страна и самите единки губат фокус многу побрзо. Од секое чудо за три дена, станува секое чудо за три минути.

Правилната и добрата информација денес е подостапна од било кога. Но, човек како и во античките времиња, треба да се помачи да дојде до неа. А тие што се мачат, најчесто и не котираат високо во денешното социјално уредување.

Како и да е, на еден или друг начин сите одат низ животот со помош на неуспешни експерименти и импровизации. Тие што имаат повеќе ресурси (материјални и нематеријални), ќе надвладеат. Начинот на владеење низ вековите не се променува. Единствено што се променува се технологиите и методите на кој начин ќе се спроведе тоа владеење.

Самите касти/класи се модел и човечка творба за рационализација и полесно единките да ја прифатат и соџвакаат реалноста. А биле пет, а биле десет, а биле две, исто му се фаќа.

Единствен спас од сето ова е човек да не си го изгуби духовниот мир, и врската со природата. Затоа што, и со нас, и без нас, животот продолжува.

:)
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
Можеби е малку офтопик, но мислам дека сепак е во контекст
As neuroscientists decipher the workings of the brain, new questions will be raised about decoding memories, ascertaining intentions and defusing criminal behaviour. What if neuro-evidence is invited into the courtroom?

Како беше оној филмот со Том Круз, Minority Report или така нешто?

http://www.conspiracyarchive.com/2016/03/07/davos-2016-what-if-your-brain-confesses/

 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.055
Поени од реакции
29.418
Можеби слично, но не и исто. Дури и со многу помалку достапни информации, сметам дека луѓето од пред неколку генерации биле многу потешки за манипулирање. Денес луѓето се програмирани без прашање да проголтаат се што ќе им сервираат медиумите. Најголемата глупост да е, мнозинството ќе ја прифати - ако доаѓа од извор кој се научени да го прифаќаат.


Самите касти/класи се модел и човечка творба за рационализација и полесно единките да ја прифатат и соџвакаат реалноста. А биле пет, а биле десет, а биле две, исто му се фаќа.
Па не баш, не е сеедно дали ќе постои нешто како средна класа. Мнозинството ќе прифати подредена улога во општеството, доколку животот е пролазно добар - доколку без стегање се има доволно средства за секојдневните потребштини, редовни одмори и патувања, сеедно што истите би биле нешто поскромни и без луксузирање.

Но модерниот двокласен систем кон кој се движи светов - дозволува само ултрасиромашни и 0.0001% ултрабогати.
Така да не - „не му се фаќа исто“.


Единствен спас од сето ова е човек да не си го изгуби духовниот мир, и врската со природата. Затоа што, и со нас, и без нас, животот продолжува.
Тоа станува се потешко, заради погоре опишаните причини. Дури веќе се забрануваат народни лекови со билки, се оди до таму да во ’мурика дури и едни најобични ореви од ФДА се класифицирани нешто како „медицински суплемент“ и како такви не смее да ги продава/одгледува секој. Туку само со лиценци.
Нешто како канабисот и конопот овде. Наместо да се дозволи садење на 4-6 растенија за лична употреба на пациентите (како што е тоа во ’мурика и во други држави), лиценци имаат само неколку големи компании кои тоа ќе го продаваат за дебел профит.

Врска со природата?
Со Кодекс Алиментариус се забранува одгледување на домашна храна. Или поточно се побарува имање лиценца, за што треба имање фирма и исполнување на милион услови и побарувања. Што едноставно и практично, значи забрана.
Така да тој „духовен мир и врска со природата“, се повеќе и повеќе стануваат се понедостижни.
се инсистира на
 

Не-го-знам

svetac ivan iscelitel
Член од
3 мај 2015
Мислења
590
Поени од реакции
389
Ова го имам работено. Потребно е само веб камера и IR диоди. Нај евтина ,а и нај добра за овие раобти е камерата за PS3. Имам изработено и неколку анимирани филмови од 10 секунди со ова.
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Ако некој е програмер и му иде математика, може сам да си го направи
http://opencv.org/
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.377
Поени од реакции
5.838
Ако некој е програмер и му иде математика, може сам да си го направи
http://opencv.org/
Кажи, ако го вметнеме и Сорос во равенката, заклучокот би бил ``сепак се сечени и лепени`` хахах
 

Shahbaz

Транс Шиптaр
Член од
15 октомври 2013
Мислења
515
Поени од реакции
1.016
Ех Лаки... Кој денес сеуште ги чита Хаксли и Орвел?
Освен тебе, мајсторе, никој. Ама шуќур те имаме овде, Хаксли и Орвел тебе со вреќи, ти нам со торби.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.055
Поени од реакции
29.418
Знаеш ли @Shahbaz кое е единственото нешто за кое ние луѓето со сигурност знаеме дека е бесконечно? ;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom