Активисти на невладини повторно инспиратори за насилниот „марш“ на мигрантите кај Идомени 10.04.2016 Постои сомнеж дека во организирањето на денешниот „марш“ се смешани волонтери од Британија и Германија, кои се прикриваат зад невладината „Солидарност" која делуваше на грчкиот остров Лезбос, а од пред неколку дена е присутна во Идомени. Уште еден планиран и организиран обид за илегален влез на мигрантите од грчка на македонска страна. Десетици илјади флаери напишани на арапски јазик, од синоќа биле лепени и делени во кампот Идомени со повик група од 3000 бегалци, утринава во 9 часот да тргнат кон граничниот Kамен 59, како би го продолжиле патот кон ЕУ. Маката на мигрантите уште еднаш ја злоупотребија активисти и членови на невладини организации на грчка страна, кои досега во два наврати ширејќи дезинформации и преку социјалните мрежи, поттикнаа стампедо бегалци да тргне кон македонската граница. Постои сомнеж дека во организирањето на денешниот „марш“ се смешани волонтери од Британија и Германија, кои се прикриваат зад невладината „Солидарност" која делуваше на грчкиот остров Лезбос, а од пред неколку дена е присутна во Идомени. Според информациите на Алфа, грчката полиција не ги информирала нашите безбедносни служби за намерите на мигрантите. Бегалците кои утрово тргнаа од Идомени кон Македонија имаат развиено тактика за дејствување. Според нашите информации, поделени се во три групи, првата која брои по 30 до 100 одат да ја кинат мрежата, додека вторите од 1000 одат до портата, позади нив е трета група мигранти кои дејствуваат насилно фрлајќи камења и тврди предмети кон полицијата и армијата провоцирајќи физички да се пресметаат со македонските безбедносни сили. Сценариото на невладините и волонтерите во кампот Идомени е веќе познато. Обид за илегален влез, во Македонија, се планира и организира во викенди со делење летоци со инструкции. Разликата денеска е што бројката на беглаци кои тргнаа кон граничниот Kамен 59 е 2500 до 3000 бегалци за разлика од претходниот пат,кога група мигранти во март влезе во Македонија кај селото Моин. Уште еден ваков обид имаше 10 дена подоцна но помина без успех. Грчките власти тогаш најавија дека ќе отворат истрага кој го организирал маршот на бегалците, но се остана на ветување. Во кампот во Идомени 10.000 мигранти се заглавени веќе 1 месец и живеат во мизерни и нечовечки услови.