Астрономија (истражувања, откритија, новости)!

  • Креатор на темата Sagan
  • Време на започнување

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
Еве уште еден факт на Зекерија Сичин што на некој начин го потврдува и НАСА.
Каков факт, тоа е само теорија.
Исто како теоријата дека Месечината била астероид заробен од Земјината гравитација и теоријата дека Месечината се одделила од Земјата.
 
Член од
20 јуни 2010
Мислења
7
Поени од реакции
0
Vselena

Zdravo na site.Kako sto mozete da vidite jas sum nov clen.Mnogu me interesira vselenata i se sto e povrzano so nea.Pa zatoa se resiv da otvoram tema vo koja bi prasal nesto,pa ocekuvam odgovori: Zosto nie lugjeto,gledajki so teleskop,bez razlika kakov, dobivame slika od galaksija koja pr. e oddalecena ...sletlosni godini... slika koja ni kazuva kakva bila galaksijata ili zvezdata pred tolku i tolku godini nanazad,a ne takva kakva sto e denes.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
поради „доцнењето“ на светлината ...
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Светлината треба да го помине тоа растојаније за одредено време.Па така галаксијата која е оддалечена 2 милијони светлосни години од нас денес испрати светлина до Земјата таа светлина ќе стигне до Земјата за 2 милијони години.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Ете феникс како шо кажа ...
значи до нас Светлината ќе допатува за 2милиони години .. значи објектот кој го набљудуваме го „гледаме“ како шо бил пред 2милиони години ..
 
Член од
20 јуни 2010
Мислења
7
Поени од реакции
0
Znaci,sega nie se sto gledame e vsusnost slika na nesto sto bilo mnogu odamna.Pa togas nema somnez deka postoi zivot na druga planeta...
 
Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Znaci,sega nie se sto gledame e vsusnost slika na nesto sto bilo mnogu odamna.Pa togas nema somnez deka postoi zivot na druga planeta...
Темава во секој случај ти ја спојувам со онаа посточеката во која што е сега... ако ти се дискутира/ло за вселена и истражувања и онака била за тука, а ако ти е за вонземски живот... разгледај, има теми за различни аспекти на истиот.
 
cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Цела армија телескопи го набљудуваат Сонцето, а она што тие го регистрираат сугерира дека Сонцето доживува сериозни промени.

Одамна се забележани темните пеги на површината на Сонцето и заклучено е дека се појавуваат и исчезнуваат во циклуси кои траат приближно 11 години. Но , во последните две години пегите само исчезнуваат без да се појават нови. „Такво нешто немаме забележано до сега“, вели физичарот Дејвид Хетавеј од NASA, пренесува New Scientist

Научниците не се целосно сигурни што ова би можело да значи, но претпоставуваат дека се работи за смалување на оваа ѕвезда, а истото би имало и големи последици врз светската клима.

Но и без конкретен одговор, резултатите без сомнеж укажуваат на тоа дека со Сонцето нешто се случува. Најновите соларни бури кои периодов беа тема низ медиумите и кои може да ги загрозат екелтронските системи на Земјата само ја нагласуваат неопходноста науката сериозно да се позанимава со овој проблем.

[video]http://brightcove.newscientist.com/services/player/bcpid2227271001?bctid=90892143001[/video]

извор
Eeeee , "temnata strana" drugar jade burek.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
Фото: Бакнеж од вселената

Вселенскиот телескоп на НАСА снимил “бакнеж“ од вселената. Ианкук, станува збор за супер жежок облак од гас, што го испушта ѕвезда што умира. Неверојатно потсетува на усни на човечки усни.
Во суштина белата точка на средина на облакот е најголемата ѕвезда во галаксијата, В385 Карина. Таа се наоѓа на 16.000 светлосни години оддалеченост од Земјата. Нејзината светлина е преку милион пати посилна од Сонцето и 35 пати е поголема, пренесува “Дневник хр“.

Нетпрес
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
Откриена нова планета 1ПХС 1609

Прва фотографија на планета наречена 1РХС 1609 објавиле научниците од Универзитетот во Монтерал. Небесното тело кружи околу оддалечено сонце во група планети, кои според процените настанале пред пет милиони години.
“Национал географик“ на својата интернет станица објавил дека снимањата направени со телескопот “Гемини Норт“ на Хаваи потврдиле дека станува збор за планета, која кружи околу млада ѕвезда.
Според тврдењата на научниците двете тела се движат низ вселената со иста брзина и во иста насока. Од Земјата се оддалечени околу 500 светлосни години, пренесува “Индекс хр.“

Нетпрес
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
Конечно добра вест од НАСА:

Одложено пензионирањето на вселенските бродови
Американската вселенска агенција НАСА вчера соопшти дека вселенските бродови ќе бидат пензионирани во 2011 година, а не оваа година, како што претходно беше најавено. Причина за одолговлекувањето лежи во тоа што е потребно подолго време отколку што се претпоставуваше за достава на сета потребна опрема за Меѓународната вселенска станица. Овој научен објект, кој кружи во постојана орбита околу Земјата, леталата го опслужуваат веќе со децении. Моментално, постојат три бродови, кои полетуваат како ракета, а слетуваат како едрилица. Тоа се „дискавери“, чиешто последно патување, според новата агенда, ќе се изведе во ноември, „ендевор“, кој последен пат ќе полета во февруари 2011 година и „атлантис“, кој веќе е официјално пензиониран. Меѓутоа, според последната одлука на НАСА, „атлантис“ би можел да полета уште еднаш, и тоа во јуни наредната година. Потоа целата флота дефинитивно би била повлечена од употреба. НАСА процени дека продолжувањето на периодот на користење на бродовите во текот на 2011 година би чинело по 200 милиони долари месечно. Одлуката за повлекување на застарените летала од употреба, што требаше да се случи оваа година, е донесена во 2004 година, а нејзин поставувач е тогашниот американски претседател Џорџ Буш. Сегашниот претседател Барак Обама оваа недела ја објави вселенската владина политика, која предвидува идното истражување на вселената да стане поглобално. Во план е на ова поле да се здружат повеќе светски земји за до 2025 година да се пратат астронаути на еден астероид, а потоа и на Марс. Обама на НАСА и нареди да се насочи кон реализирање на тие потфати, додека комерцијалните фирми би го преземале доставувањето на товар и на астронаути до станицата. Првиот пробен лет со вселенски брод бил изведен во 1981 година, а редовната употреба почнала една година подоцна. Оттогаш, во вселената летаа 132 пати, а се случија две несреќи - со „челинџер“ во 1986 година кој експлодира при полетувањето и со „колумбија“ во 2003 година, кој беше уништен при враќање на Земјата. Тогаш загинаа 14 астронаути.

„Сојуз“ ќе ги замени бродовите

Додека комерцијалните компании не бидат подготвени за превоз на патници по пензионирањето на бродовите, американските астронаути ќе патуваат до станицата со руските вселенски бродови од типот „сојуз“. Секое такво патување ќе ја чини НАСА десетици милиони долари по астронаут. Џон Глен, астронаут од некогашната американска програма „Меркјури“, бивш сенатор и пилот на брод, минатата недела изјави дека повеќе би сакал тие пари да ги вложи во одржување на бродовите додека не се најде соодветна замена.

Извор

Се надевам дека другата година пак ќе го пролонгираат пензионирањето на шатлите.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
867
Поени од реакции
79

Колку приоритет се дава на овие работи просто е да се чуди човек а околу нас или воопшто на земјината топка е катастрофа од не реализирањето на проектите што ќе овозможат ублажување или подобрување на работите на земјината топка што е наш заеднички дом и да се размисли за овие средства што џабе се трошат кој е ефектот а се плашат од десет души шпиони што се фатени некаде или уште ќе ни продаваат муда за бубрези или демек цел свет нафта пиа а не вода и нашле да ми кажуваат и да се фалат со фселенски бродови а кај што живее и опстојува му смрди на скапано од таквите силеџиски и самоволија а настојуваат па дури и цел свет да им ги плаќа глупостите.Стварно е да се чуди човек и дали тоа ќе има некој крај или се ќе славиме револуционери што пролевале крв.Па тоа еднаш или еден период може да се случи и требе човештвото да извлечува позитивна поука и да не се враќа практично на таквите периоди бидејќи нај малку човештвото го заслужува тоа.
 
Војо, ако мислиш дека вселенските програми се многу скапи, оди жали се кај војската која троши стопати повеќе пари за развој на оружја, војни и друго.
Науката е секогаш на прво место, а астрономијата е една од најважните науки и иднина на човештвото.
 
Е со оваа твое размислување нај многу се слагам и тоа е точна констатација .Уште еднаш бравос а и јас мислам дека е така и дека човештвото ќе тргне по тој пат.БРАВО и ПОЗДРАВ
и да знаеш во легално издаден Патент што се надоврзува до Науката нема промашување а и да се случи некаде со мала корекција ќе се дојде до реалноста на барателот.

Астрономијата е важна наука за демагогии а нај важна НАУКА е науката што служи за човештвото за да има по добар и по лесен живот и да не правиме катастрофи со науката на земјината топка или да си правиме самите проблеми со развојот на Науката.И требе да се стрмиме да ги оправаме грешките во Науката со нови научни достигнувања од страна на човекот и никој жив човек нема право да се покори на Науката туку да ја критикува и ако може нека ја надоградува бидејќи целата механика и техника е измислена од човек а и тој бил како нас.А нај малку на некои си што ни кажуваат гачки а не те рачуна за жив.ПОЗДРАВ
 
Kajgana Shop

На врв Bottom