Воведот ти е крш, ама темата може да биде интересна, па ќе ја оставам да живее
Кој и да биде селектор ќе треба да се соочи со фактот дека Лазаров ќе има големо улога во кроење на составот, па дури и во правењето на тактиката. Мислам дека и од РФМ се свесни за тоа и веројатно самите селектори се запознаени со случајот уште пред да се согласат да застанат на кормилото на репрезентацијата. Не знам која е причината за ваквото однесување на Кире (а, веројатно и на Мојсо од искуството од минатото
),кога со сигурност ниту еден селектор не би го ставил во подредена улога. Местото во прв тим му е загарантирано, играта секако ќе се базира на него, немаме играч со квалитет приближен до неговиот, па не знам зошто има потреба и да се меша кај што не му е местото. Под вакви услови, кој и да биде селектор не може да го даде својот максимум. Ограничен си во креирањето на составот (мада реално, тоа се играчите), единствено можеш темелно да го анализираш противникот, ама твојата тактика може да не биде прифатена и никој да не одговара за тоа. Си земаш пари, имаш некој минимален успех и то је то...
Од понудените, Брестовац мислам дека нема капацитет да биде селектор на првиот тим. Ниту има авторитет врз репрезентативците, а по вчерашното фијаско тешко дека бил и добар експерт при анализирањето на противниците. Плус на што личеше заминувањето во факинг Шамбери сред натпреварите од ЕП?
Лино со застарените методи и со наводната добра работа со младите? Немој да ме јебеш
Не му ги оспорувам успесите со Хрватска и фактот дека е добар тренер, ама не можам органски да го поднесам, ако го стават за селектор, а мислам дека тоа им е следниот потег, ќе треба да навивам ПРОТИВ нашата репрезентација
Раул Гонзалес и Камара би се нафатиле само ако добијат одврзани раце, да они бидат оние кои 100% би решавале за секоја одлука околу составот и тактиката на теренот. Како навивач на Вардар не би сакал залудно да си го трошат времето, наместо да се посветат 100% на мојот клуб, така да ниту оваа опција не ми се допаѓа. Би вовеле помодерна игра во составот, мада играчите од Вардар се од поразличен профил од овие и не знам како би успеала таа брза транзиција, ама би било интересно да се види
Вујо мајсторе, ќе се степа со цел тим уште пред да почнат натреварите. Вујо е тренер за играчи со муда, да ги мотивира до небо, не за овие што играат во моментов и немаат никаква спортска дисциплина вон терените.
И покрај се, би одбрал тренер од профилот на Вујо, или он или Трефилов, само ќотек, ама да се свестат и Кире и РФМ дека за да има промени, мора да го сменат начинот на однесување. Промените може нема да вродат со плод, бидејќи следниве генерации не ветуваат многу, ама мора да се проба некогаш...