Димитар Талев - кражба и фалсификат

Оправдувате ли кражбата и фалсификатот на Димитар Талев?


  • Вкупно гласачи
    28
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.744
Поени од реакции
7.259
не бе јас велев дека НЕ треба да се извиниш пошо твоите биле домаќини ипоштени луѓе а не ко фашистичките бугари кои ја окупираа Македонија.
Pocnucam da go razbiram. Da sum na negovo mesto i jas ne bi znael sto da pravam. Dedo mu ne osloboduval, ama Han ima razbiranje za administrativcite, okupatorite. Idi budi paneten

Sent from my SM-G7102 using Tapatalk
 
Член од
23 јуни 2010
Мислења
157
Поени од реакции
14
Izvini se za nasiot narod vo ime na tvojata drzava
Се извинувам дека во првата светска војна родените во Македонија Бугари, вклучувајќи целото ВМРО, освободиха својата родна земја! :icon_lol:
Уживаj! ;)
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.744
Поени од реакции
7.259
Се извинувам дека во првата светска војна родените во Македонија Бугари, вклучувајќи целото ВМРО, освободиха својата родна земја! :icon_lol:
Уживаj! ;)
E more Han, sto bi rekol sega dedo ti? Za ova li begal?

Sent from my SM-G7102 using Tapatalk
 
Член од
23 јуни 2010
Мислења
157
Поени од реакции
14
Гори потурак од турака.
Зборуваш за македонскиот Рамбо - Михаjло Апостолски,
кој сам истерал Германците? :pos:

"По капитулацијата на Југославија заробен е од италијанската војска и одведен е во логорот Вестоне. На 23 јуни 1941 година неговиот татко испраќа молба до бугарскиот министер за одбрана за негово ослободување и таа е одобрена.Тој потоа бил префрлен во Риека, каде што бил ослободен со група Македонци."



:kafence:

Ајде сега и таткото на генералот М. Апостолски бил окупатор на Македонија, бидејќи бил доброволец во бугарската војска. Сакате ли сега неговиот внук
Јордан Поп Јорданов (академикот од МАНУ)
да се извини на македонскиот народ дека бил окупатор и фашист? :pos:
 
Последно уредено:
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.560
Поени од реакции
1.019
Зборуваш за македонскиот Рамбо - Михаjло Апостолски,
кој сам истерал Германците? :pos:

"По капитулацијата на Југославија заробен е од италијанската војска и одведен е во логорот Вестоне. На 23 јуни 1941 година неговиот татко испраќа молба до бугарскиот министер за одбрана за негово ослободување и таа е одобрена.Тој потоа бил префрлен во Риека, каде што бил ослободен со група Македонци."



:kafence:
Не се прај сосила луд ! Човекот убаво ти вика , дека вие тука се правите поголеми католици од папата . А ти колку да се најдеш во муабет , постираш рецепт за кисело млеко !
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
Зборуваш за македонскиот Рамбо - Михаjло Апостолски,
кој сам истерал Германците? :pos:

"По капитулацијата на Југославија заробен е од италијанската војска и одведен е во логорот Вестоне. На 23 јуни 1941 година неговиот татко испраќа молба до бугарскиот министер за одбрана за негово ослободување и таа е одобрена.Тој потоа бил префрлен во Риека, каде што бил ослободен со група Македонци."



:kafence:
Не туку зборувам за македонците кои останале во северна грција (заедно со доселените бугари, либанци, и останати блискоисточни христијански бегалци) денес се поголеми грци од вистинските грци. Исто како и некои македонци од Пирин кои се поголеми бугари од вистинските бугари. Изреката е од Босна и означува дека тазе потурчените срби, хрвати и херцеговци правеле повеќе зло и биле поголеми муслимани и турци од самите турци. Мажите кои не се сигурни во својата сексуална определба се најгласни и најагресивни хомофоби. Луѓето кои не се сигурни во својата религиска определба се најголеми критичари и негатори на другите религии. Луѓето кои не се сигурни во својот идентитет се најгласни во негирање на туѓиот.

Изразот гори потурак од турака е исто што и поголем католик од папата.

Кога ќе бидете сигурни дали сте бугари, дали сте македонци во Бугарија или бугари чии претци биле асимилирани македонци, тогаш може да дискутираме за потекло и идентитет, но прво мора да бидете сигурни во својот.

Дедоми прво учел во окупаторско српско школо, каде го пишувале со српско име и презиме, потоа во бугарско школо каде го пишувале со бугарска варијанта на името и презимето. Уште ги памтам раскажувањата како бил тепан и присилуван да кажува ас см блгарин. Дедоми не станал ни србин ни бугарин, на сила не се менува идентитет. Преживувањата на предците и семејната историја се повалидни од било која книга, од било која енциклопедија, од било која пропаганда. Името на прадедоми е Јован. Окупаторските бугарски официри го терале да се кажува Иван, но тој бил и останал Јован. Имав среќа да фатам дел од неговиот живот и да ги слушам сеќавањата за малтретирањата од српските и бугарските официри кои го терале да се пише србин, а потоа бугарин.
Прадедоми Јован истрпел и преживеал три окупатори (турците кои го убиле татко му пред негови очи, србите кои го тепале и го терале да стане србин и бугарите кои го тепале него и неговите синови да станат бугари). Но и покрај се издржал и останал Македонец и својот идентитет и аманет го пренел на синови, своите внуци и правнуци. Секој што стапнал на ова парче земја дошол како окупатор и тиранин, а не како ослободител.

Во минатото стравот од македонците бил голем. Секој освојувач пробувал да го сотре семето македонско. Зборот Македонија и македонци биле забранети и се плаќале со живот.
Но крвта не е вода.

Немам ништо лично против бугарите или било кој друг народ, но не поднесувам кога некој што не е сигурен во својот идентитет се обидува да го оспори мојот.

Ако некој македонец земал бугарски пасош и станал бугарин (го земавте Талев за пример) има сосема право да се нарекува бугарини и своите деца да ги воспитува како бугари или јапонци или марсовци. Тоа не е воопшто спорно. Спорно е кога некој таков ќе го менува идентитетот и светогледот на своите предци.

Според старите најголем грев било да се одродиш од својот народ.
 

Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.662
Поени од реакции
736
Дедоми прво учел во окупаторско српско школо, каде го пишувале со српско име и презиме, потоа во бугарско школо каде го пишувале со бугарска варијанта на името и презимето.
Можеш ли да покажеш сведоштвото за раѓање на твојот прадедо, за да видиме како му е оригинално име, а потоа документи со другите негови имиња? :)
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.744
Поени од реакции
7.259
Можеш ли да покажеш сведоштвото за раѓање на твојот прадедо, за да видиме како му е оригинално име, а потоа документи со другите негови имиња? :)
Stipjanec, ovoj primer i jas sum go slusal doma. Da ne ti treba javno mislenje? Kakvo svedostvo baras za vasata okupacija? I, kakov Stipjanec si pa ti? Svedostvo?

Sent from my SM-G7102 using Tapatalk
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
ДАБНИЧКИОТ КОЛЕЖ…
Сведоштвото на Петко Велкоски, роден во 1914 година во село Прилепец, кој заедно со Тоде Ристески – Келешот од село Дабница се единствените преживеани во колежот кај Дабница, ноќта на 19 септември 1942 година:

„Во петокот вечерта, влегоа во стражарницата Куцаров (Иван Драганов Куцаров, шеф на Разузнавателното одделение на 13-от артилериски полк во Прилеп) и неколку агенти и војници. Ни наредија да легнеме помешечки и ни ги покрија главите со шинели. Не беше тешко да разбереме: во затворот од мавање беше умрел Сотир Дамески од Дабница.
На носила го изнесуваа неговото тело. По некое време пак ни рекоа да легнеме и пак ни ги покрија главите со шинели. Го изнесуваа Рампо Левката – беше пред умирање. Го однесоа некаде во касарната…
Таму и го убиле – и ден-денес не се знае каде е закопан.

Во саботата претпладнето одделија една група од 13 дабничани и 6 прилепчани и не пренесоа во затворот, а сите што беа во затворот пред тоа ги однесоа во стражарницата и коњушарницата. На сите ни беше јасно дека ќе бидеме ликвидирани.

Веќе се беше стемнило кога не изведоа низ една мала врата на касарната. Ноќта беше топла и блага, ама без месечина, речиси, темна. Ја поминавме Дабничката Река, во чие корито, во тоа време, од годината никогаш немаше вода, и излеговме на патот од Прилеп за Дабница. Одевме бавно, зашто ги придружувавме претепаните другари – тие одвај можеа да одат. Се влечкаа потпрени на нас. Не придружуваа триесет војници: пет напред, пет назад и по десет од нашата лева и десна страна. Ги водеше, се знае – Куцаров. Кога излеговме на патот, овој крвник ни рече:

- Знаеме дека има шумкари. Ако не нападнат, сите ќе ја слушате мојата команда!

Тргнавме по патот. Кога изминавме околу два километра од касарната, кај местото Завој, пукна една, па уште една, па уште една пушка. Куцаров нареди да легнеме. Првин легнаа, речиси паднаа, другарите што беа претепани кои не повлекоа и нас. Лежевме на сред пат. Куцаров издаде наредба до обезбедувањето да не остават и да тргнат неколку чекори напред. Сите тргнаа и не оставија сами и легнати по што издаде нова наредба:

- Нишани!

Па веднаш потоа:

- Пукај!

Беа триесет души и секој имаше пушка. Во текот на една или две минути на нас беа испукани сто и педесет куршуми. Грмеше наоколу како да се отвори небото. Некои другари беа смртно погодени и веднаш умреа. Некои беа полесно и потешко повредени. Јас бев сосема лесно ранет: само еден куршум ми ја издраска кожата на вратот.

Јас, лесно ранет, при полна свест, слушав се што можеше да се чуе, гледав се што можеше да се види во темнината. Двајцата другари врзани пред мене беа тешко ранети. Орде Кабацо, со кого бевме врзани за рацете, умираше веднаш до мене, тешко дишејќи и испуштајќи некој пискав глас. Крвта што околу мене клокотеше како мало поточе, беше негова крв.

Слушнав дека некој од оние што пукаа падна во несвест. Го фати крвта, како што велат старите. Тресна на земјата како вреќа. Куцаров побара вода од војниците. Побара матарка. Му одговорија дека никој нема. Поручникот почна да ги пцуе:

- Какви мажи сте кога не можете да издржите ликвидирање на бандити, кои работат против бугарското царство и против царот!

Реков веќе дека имаше другари што даваа знаци на живот. Куцаров оддели една тројка, им нареди да ги стават бајонетите на пушките и да ги доубијат преживеаните.

Почна бодењето…
Првин го избодеа Добрета Јовановски, кој беше пред мене. Додека го бодеа, преку неговото тело, во вратот ме закачи еден удар на бајонет. Ножот ми влезе можеби и цел сантиметар во вратните мускули. Се згрчив и молчев. Знаев: не смеам да давам знак на живот. Почувствував крв. До Добре беше врзан Сотир Џигиџик. Почнаа и него да го бодат. И пак се случи истото: го бодеа, пак преку неговото тело, и пак во вратот, ме закачи еден бајонет. Ми влезе длабоко во вратот. Почувствував како крвта наеднаш плисна и како почна да ми слегува по телото, да ме влажи со својата леплива топлина.

Го избодеа и Сотир. Ја пресекоа ортомата меѓу нив двајца и ги повлекоа неколку метри напред, влечејќи ги за рацете и за нозете.
Се вратија назад. Сега јас бев на ред. Кабацо во меѓувреме умре. Кога дојдоа до мене престанав да дишам. Претпоставувам дека ја видоа крвта што ми течеше од вратот и секако помислија: Готов е! Ја пресекоа ортомата меѓу мене и Кабацо, двајца ме фатија за рацете и почнаа да ме влечат. Главата ми удираше во тврдата правлива земја на патот, но молчев. Ме фрлија над Добре и Џигиџик. Бодењето продолжуваше. Одвреме-навреме ќе довлечкаа нечие мртво тело и ќе го фрлеа на купот, што се повеќе растеше. Тоа значи ќе го фрлеа преку мене. Така сите осумнаесет души. Крв течеше од мене, ама и од раните на телата на моите другари. Почна да ме притиска тежината на мртвите тела што почнаа да студенеат веќе, немав воздух, почнав и здивот да го губам. Толку бев натопен со крв што ми се стори како да сум во казан со врела вода. Тогаш запамтив засекогаш: крвта никако не мириса. Леплива е и тешка, но не мириса.

Кога бодењето заврши, еден од војниците му рапортира на џелатот Куцаров дека ликвидирањето е готово. Јас не гледав ништо, ама се слушав. А и како не ќе слушам кога сето тоа се случуваше на неколку чекори од мене. Свеста ми беше чиста како солза. Куцаров на петмина војници им нареди да останат на стража, крај купот од дваесетина човечки тела, а тој со другите војници тргна назад во касарната – да донесе нова група за стрелање.

Знаев дека не смеам да останам вака: можеби ќе дојдат и ќе ме закопаат жив! Почнав да правам план за бегство. Онаа притаена далечна надеж дека ќе се спасам почна се повеќе да се разгорува во мене. Користејќи ја темнината, со движење на телото, рацете и нозете, почнав да се измолкнувам од купот. Внимателно се ослободив од телата на другарите. Се ослободив – можев да ја кренам главата! Пред мене беа војниците, зад мене касарната, лево од мене ридот, а десно сувото корито на Дабничка Река. Почнав да се влечам кон коритото. Знаев дека не смеам да станам, само се влечкав. Дојдов до работ од патот – долу, на четири-пет метри длабочина беше коритото на реката. Наоколу имаше суво трње. Се фатив за него, тоа под мојата тежина попушти и јас со шум паднав долу. Се открив…

Месечината почна да се најавува со некоја слаба светлина. Војниците почнаа да пукаат по мене, а јас трчав по сувото корито на Дабничка Река и имав само една цел: да влезам во една од браздите што пролетните порои ги избраздиле и бев сигурен дека тогаш ќе се спасам. Тие пукаа по мене, а јас ќе потрчав па ќе легнев, божем сум погоден. Така три-четири пати. На неколку чекори од мене се наоѓаше една голема бразда што водеше на другата страна на брегот. Тоа беа последните неколку чекори што требаше да ги направам. Почнав да ползам – не сакав ништо да ризикувам. Кога влегов во браздата знаев дека сум спасен. Излегов на другата страна на брегот во еден тутун. Трчав, и трчав, и трчав, а устата се повеќе ми се собираше од сувотија. Дојдов до местото Кукул и оттаму, преку Баба Планина, дојдов во Прилеп. Се прибрав во куќата на Павле Павлески и побарав врска со Комитетот. Дојде Борка Ордановски и нему му раскажав се.
На патот меѓу Прилеп и Дабница останаа убиени: Добре Јовановски, Сотка Сотироски, Орде Паноски, Андон Слабејкоски, Киро Ќососки, Адем Адемоски, Димко Мрчески, син му Аце Мрчески, Андон Нунески, Ордан Кузманоски, Алекса Шаламаноски, Андон Нунески, Атанас Нунески, Орде Велкоски, Душан Бешироски, Алекса Бешироски и Тоде Кремчески. Седумнаесетмина подло убиени. Велам: седумнаесетмина, зашто Тоде Ристески – Келешот се спасил.
Вели дека кога припукале, некој куршум му ја скинал ортомата и тој во таа општа пукотница успеал да избега преку ритчето. Можеби е така, не знам…“
Куцаров планирал жртвите од Дабничкиот масакар да ги закопа во песокот покрај Дабничка река но во последен момент се премислил поради можноста телата лесно да бидат откриени и откопани од диви животни…
Изутрината Куцаров заминал со мотор да бара нова локација каде што ќе бидат закопани жртвите…
Локацијата ја нашол во близина на воените магацини кај Црвени Брегови а за да нема сведоци помеѓу стражарите, истите биле заменети со негови доверливи луѓе.
Телата на убиените откако цел ден лежеле на патот, вечерта биле натоварени во камион и закопани во близина на оградата од магацините.
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.744
Поени од реакции
7.259
Stipjanec, da ne ti trebaat maticni broevi? Ostaj go ti cicko Let, moze zgresil nesto...

Sent from my SM-G7102 using Tapatalk
 
Член од
21 февруари 2012
Мислења
1.649
Поени од реакции
867
Неможам да се изначудам која е таа будала од Македонија што се најде да издава дело од некој си Димитар Талев.
 
Член од
23 јуни 2010
Мислења
157
Поени од реакции
14
Изразот гори потурак од турака е исто што и поголем католик од папата.
Знам што значи и како да е била писана за Михаjло Апостолски. ;)


Во минатото стравот од македонците бил голем. Секој освојувач пробувал да го сотре семето македонско. Зборот Македонија и македонци биле забранети и се плаќале со живот.
Но крвта не е вода.
Овие лаги може и да се добри за 5 годишни Македончиња.
Барем во Бугарија никогаш не било забрането.
Немам ништо лично против бугарите или било кој друг народ, но не поднесувам кога некој што не е сигурен во својот идентитет се обидува да го оспори мојот.
На кој бугарин ли му е гајле за тебе - ако сакаш
биди Македонец, Индиец, Марсианец или Еским и никој нема да ти го оспори.

Спорно е кога некој таков ќе го менува идентитетот и светогледот на своите предци.
Сите вие токму тоа го правите!


Според старите најголем грев било да се одродиш од својот народ.
И јас сум крив, дека сте се одродиле? :facepalm:
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
Можеш ли да покажеш сведоштвото за раѓање на твојот прадедо, за да видиме како му е оригинално име, а потоа документи со другите негови имиња? :)
јас тука можам да те викам и да те напишам како сакам, но ти најдобро си знаеш како се викаш и кој си. Прадедоми бил неписмен, се потпишувал со оттисок со палец. Тоа што незнаел да си го напише името не го менува фактот дека мајка му Илинка и Татко му Ѓорѓија го крстиле Јован. Лично не чувствувам потреба да ти докажувам тебе или на било кој друг што бил, како се викал и како се чувствувал прадедоми. Имав среќа да биде присутен во дел од моето детство, да ми го раскаже својот живот, и семејната историја која му ја раскажал неговиот дедо.
 
Член од
21 февруари 2012
Мислења
1.649
Поени од реакции
867
Зборуваш за македонскиот Рамбо - Михаjло Апостолски,
кој сам истерал Германците? :pos:

"По капитулацијата на Југославија заробен е од италијанската војска и одведен е во логорот Вестоне. На 23 јуни 1941 година неговиот татко испраќа молба до бугарскиот министер за одбрана за негово ослободување и таа е одобрена.Тој потоа бил префрлен во Риека, каде што бил ослободен со група Македонци."



:kafence:

Ајде сега и таткото на генералот М. Апостолски бил окупатор на Македонија, бидејќи бил доброволец во бугарската војска. Сакате ли сега неговиот внук
Јордан Поп Јорданов (академикот од МАНУ)
да се извини на македонскиот народ дека бил окупатор и фашист? :pos:
Бил доброволец колку и мојот дедо што бил доброволец.
Никој не бил доброволец туку били насолно мобилизирани, или ќе служи у Бугарска војска или го стрелаат.
За време на балканските војни дедо ми бил насилно мобилизиран од бугарите а на дедо брат му од србите.[DOUBLEPOST=1460242801][/DOUBLEPOST]
 
Последно уредено:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom