Астрономија (истражувања, откритија, новости)!

  • Креатор на темата Sagan
  • Време на започнување
Член од
21 август 2007
Мислења
23
Поени од реакции
3

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.182
Поени од реакции
4.822
Вечерва ќе помине еден 15-метарски астероид покрај земјата.... интересно што го откриле во понеделник, тоа кажува колку сме спремни за откривање на вакви камења на време....

извор:Мистериозен објект ќе помине покрај Земјата
130 000 километри не се баш покрај Земјата...за астероид од 15 метра.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.201
Поени од реакции
81.303
Целиот овој trade нели треба да се убаци у тоа Наука и Технологија, или како и да се викаше?
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
what trade dude? Астрономијава ли? Ќе ја дадам кога ќе има модератор и таму :)
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Првата глобална мапа на Меркур објавена од тимот на МЕСИНЏЕР ќе биде клучна при набљудувањата на планетата кога МЕСИНЏЕР ќе влезе во нејзина орбита во 2011. Мапата е направенa со помош на сликите кои ги направи опсерваторијата при трите прeлетувања покрај Меркур, последното од нив во Септември 2009, како и фотографии од сондата Маринер 10 во 1970. Правењето на овој глобален мозаик претставува главно постигнување за сите во тимот на МЕСИНЏЕР. Со ова се отвора можност сондата повеќе да не биде само мисија во прелет туку да стане постојана опсерваторија на највнатрешната планета на Сончевиот систем.

Иако правењето на ваква мозаична мапа изгледа лесно, сепак е вистински предизвик да се направи картографски точна мапа од слики со различна резолуција (од 100 до 900 метри по пиксел) и услови на осветлување при прелетувањето на леталото со брзина од 2 km/ѕ. Мали несогласувања при насочувањето на камерата и променливоста на големината на сликите може да придонесат за помали грешки. Правењето на една ваква мапа бара високо специјализиран софтвер. Повеќе картографски експерти од Центарот за астрогеолошки науки работеле на одбирањето на контролните точки потребни за конструирање на финалниот мозаик користејќи го Софтверот за слики и спектрометри (ISIS). За оваа конкретна мапа биле одбрани 5301 контролни точки, секоја од нив се наоѓа на најмалку 3 слики (18 834 мерења) од вкупно 917 слики. По крајните проверки е заклучено дека грешките се многу мали и прифатливи и изнесуваат 1/5 од пиксел на 100 метри што е одлична точност. Штом леталото влезе во орбита околу Меркур тимот ќе има можност да направи подобрувања и целата планета ќе биде картографирана во уште поголема резолуција. Оваа глобална мапа е достапна за спуштање од интернет на сајтовите на USGS Map-a-planet и МЕСИНЏЕР.


извор
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.182
Поени од реакции
4.822
Плутон ја менува бојата

Астрономите останаа вчудоневидени откако Плутон, последната планета во Сончевиот систем , започна да го менува својот изглед и местоположбата на нејзините замрзнати делови.

Новите фотографии од Хабл телескопот покажуваат дека бојата на „планетата-џуџе“ се менува, исто како и ледените слоеви.

Фотографиите кои во четвртокот, беа објавени од НАСА, покажуваат дека Плутон е поцрвен отколку што беше во последните неколку декади. Замрзнатиот нитроген на површината од планетата расте и се смалува, осветлува на северниот дел, а потемнува на јужниот.

-Малку е чудно да се видат овие промени кои се толку големи и толку брзи, вели астрономот Марк Биуе.

Од 1954-та до 2000-та година Плутон, не ја менуваше својата боја, но потоа црвените нивоа се зголемија за 20 до 30 отсто. Во периодот помеѓу 2000-та и 2002-ра нивоата повторно се стабилизираа.


http://www.idividi.com.mk/Futurama/Planeta/578846/index.html
 
Член од
21 август 2007
Мислења
23
Поени од реакции
3
НАСА ќе прати роботи да ја истражуваат Месечината?

Проектот М е развиен од страна на Вселенскот Центар Џонсон, чија цел е да се постави робот на Месечината. Проектот би бил готов 1000 дена откако ќе добие зелено светло.


Една битна разлика која го прави овој проект поинаков од другите е што наместо да бидат ангажирани претприемачи, како обично, овој пат НАСА ќе се обиде да направи тим од сите познати имиња од астронаутиката, со цел овој проект да биде што подобро сработен и се тоа да се случи на време.






Неофицијално, проектот веќе има добиено зелено светло на 9ти Ноември, но ова сеуште не е потврдено.


Робонаут 2 како што е наречен од страна на НАСА е дело на инжeнерите и научниците од НАСА, Џенерал Моторс и Океанеринг кои се здружија за да созадат нов робот, кој ќе работи заедно со луѓето на мисии, како на Земјата, така и на Небото. Овој робот ке биде побрз, повешт и технолошки надмоќен во однос на неговите претходници.


Извор, и многу повеќе: http://astklubkum.xtreemhost.com/Joomla/index.php?option=com_content&view=article&id=334
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.182
Поени од реакции
4.822
Месечината на Сатурн содржи живот?
Месечината на Сатурн, Енкелад, можеби содржи живот, наведуваат научниците од НАСА откако открија нови докази за присуство на течна вода под површината на овој природен сателит. Според стручњаците од Американската вселенска агенција, сондата „Касини“ прелетала низ замрзнати гасови што избиваат од вулканите со мраз на Енкелад. Инструментите од леталото откриле молекули од вода со негативен полнеж, што претставуваат јасен знак за постоењето на подземно море. На Земјата, овој редок тип јони се произведуваат таму каде што има вода што се движи, како водопади или океански бранови. Ако постои течна вода на оваа месечина, научниците веруваат дека таму има услови за живот. Во претходните мисии до Енкелад, „Касини“ откри присуство на јод во вулканските гасови - знак за разложени соли во течна вода, која долго е во контакт со длабински карпи.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1940&ArticleID=133619


Интересно е тоа што се претпоставува дека можеби постои живот и на сателитот на Јупитер, Европа, но во близина на нејзиниот центар.
 
Член од
21 август 2007
Мислења
23
Поени од реакции
3
Метеор удрил во Мексико?

Според досегашните известувања светол запален објект е виден како се спушта на околу 200 километри од Мексико Сити, во средата во 18:30 часот локално време. Оваа случка била проследена со звук толку силен што зградите се треселе од него. Според друга статија, бил пронајден кратер од 30 метри во дијаметар на местото на ударот, како и дека бил срушен еден мост. Се додава и дека ова створило голема „вознемиреност меѓу луѓето“

Поновите информации тврдат дека можеби се работи за вселенско ѓубре, најверојатно од остатоците на рускиот сателит Космос 2421.

извор: http://astklubkum.xtreemhost.com/Joomla/index.php?option=com_content&view=article&id=343
 
?

..........

Гостин
навистина фасцинантна флеш презентација на универзумот.. планетава земја и се она што ни е познато... колку сме само ситни
Интересно, имаше на национална географија, сличен приказ во емисија, во времетраење од два часа, беше проклето интересна.:helou:
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.182
Поени од реакции
4.822
Темната материја „уловена“
Физичарите од Универзитетот во Минесота тврдат дека ги имаат првите конкретни докази за постоење темна материја, мистериозна скриена супстанција за која се верува дека сочинува 85 проценти од универзумот. Мистеријата околу темната материја постои повеќе од 80 години. Никој не може точно да го објасни составот на оваа супстанција, а научниците ја формираа теоријата за нејзиното постоење обидувајќи се да ги објаснат необичните аномалии во брзината на ротирање и формирањето на групите галаксии. Се верува дека темната материја играла главна улога во еволуцијата на галаксиите и во формирањето на конечниот изглед на универзумот во кој живееме. Сега, по девет години интензивно проучување и по едногодишна активност на ултрачувствителни сензори, детекторите закопани околу 600 метри под површината на земјата во рамките на опсерваторијата „ЦДМС 2“ во Минесота, регистрираа два „сигнала“ од нешто што, според научниците, најверојатно, претставува честичка од темна материја. И двата сигнала се опишуваат како „масивна честичка со слаба интеракција“ и се сметаат за најверојатни кандидати за основни елементи на темната материја. Сигналите беа откриени во временско растојание од неколку месеци и кај различни детектори. Сепак, и покрај тоа што овие две „ситни“ откритија многу голем прав, научниците од Минесота чекаат потврда од други научни организации дека, навистина, се работи за честички од темната материја. - Со само една или две честички, тешко е да се донесе конечен заклучок. Се работи за екстремно мали бројки. Многу луѓе веруваат дека сме блиску до едно такво револуционерно откритие, но се уште треба да експериментираме за да може да го потврдиме тоа. Се очекува дека во текот на наредните пет години некој ќе улови појасен сигнал - велат физичарите од „ЦДМС 2“. Концептот за темна материја настанал кога физичарите откриле дека количеството на материја во универзумот што го имаат идентификувано не може да произведе доволно гравитација што ќе ги држи групирани планетите и галаксиите. Мистериозната темната материја, чиишто поединечни честички имаат огромна маса, беше наведена како единствено решение за тој проблем.

Тешки за откривање

Честичките на темната материја исклучително тешко откривање поради слабата интеракција што ја имаат со обичната материја. Но, научниците сметаат дека може да ги откријат ако трагаат по мали количества енергија што се ослободува кога честичките од темната материја ќе се одбијат случајно од атомите на рабовите. Опсерваторијата „ЦДМС 2“ е дизајнирана да го прави токму тоа. Во нејзиниот центар се лоцирани детектори од германиум и од силикон замрзнати на минус 273,1 Целзиусови степени, каде што честичките од темната материја не би можеле да поминат без интеракција. Чувствителните сензорите може да ги регистрираат малите енергии што би ги испуштиле при судир со материјата.

Извор
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.182
Поени од реакции
4.822
Станицата го доби конечниот изглед
Откако астронаутите од вселенскиот брод „Ендевор“ на Меѓународната вселенска станица ја монтираа новата просторија и куполата за набљудување, заврши и десетгодишниот проект за изградба на овој научен објект во орбитата. Последните делови беа прицврстени на 12 февруари, а се работи за дел наречен „Транкилити“, просторија долга седум метри со седум огромни панорамски прозорци, кои секому што ќе влезе таму, му дава величествен поглед врз Земјата и вселената. Модулот „Транкилити“ и куполата за набљудување ги имаат изработено инженерите од Европската вселенска станица. Пред „пензионирање“ на вселенските бродови ќе бидат потребни уште најмалку четири мисии со овие летала, во чиишто рамки до Станицата ќе бидат доставени резервни делови. НАСА се надева дека сето ова ќе биде завршено до септември оваа година. Инаку, американската вселенска агенција ја продолжи мисијата на астронаутите од „Ендевор“ за еден ден, така што треба да се вратат на Земјата на 21 јануари, по 14 дена поминати во вселената.


http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1945&ArticleID=134061
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.182
Поени од реакции
4.822
Деветтата карпа од Сонцето
Астрономите чувствуваа несигурност околу статусот на Плутон уште од самиот почеток. Кога овој вселенски објект беше откриен пред точно осум децении, астрономите не беа сигурни дали тој мал свет може да влезе во планетарната парада на нашиот Сончев систем. Меѓутоа, 80 години откако беше забележан, Плутон покажа дека е жилав преживувач.
Оваа џуџеста планета го привлече вниманието на јавноста на 18 февруари 1930 година кога младиот астроном - аматер Клајд Томбог забележи необична точка на две фотографски плочи. Конечно, беше добиен доказ за постоење на планетата Икс, за која се шпекулираше дека кружи околу Сонцето зад орбитата на планетата Нептун. Единствениот проблем беше тоа што Плутон беше многу помал од тоа што го очекуваше Томбог, така што астрономот не беше сигурен дали открил планета или месечина. А, малите димензии на Плутон и осум децении подоцна предизвикуваат жестоки расправии меѓу астрономите. Дури и кога светот се навикна на идејата дека е пронајдена „деветтата планета“, некои астрономи почнаа да се сомневаат дека во најдалечните региони од Сончевиот систем постојат уште такви мини-светови - и дека Плутон можеби не ја заслужува титулата планета. Навистина, од 1992 година беа откриени многу ситни објекти во замрзнатиот раб на Сончевиот систем, познат како Куперов појас. А во 2005 година астрономот Мајк Браун, конечно, најде и нешто поголемо од Плутон, друг свет што го доби називот Ерис.
Во 2006 година, на големата расправа што ја организираше Меѓународната астрономска унија, каде што се постави нова дефиниција за поимот „планета“, стотици астрономи изгласаа Плутон да го загуби статусот планета и, заедно со Ерис, беше вклучен во нова група - џуџести планети. Оваа одлука, сепак, подоцна предизвика жестоки реакции против, а голем број астрономи потпишаа петиција дека не ги признаваат резултатите од гласањето и дека ќе продолжат да го сметаат Плутон за деветта планета во нашиот Сончев систем.
Како и да е, оваа планета, или според некои - џуџеста планета, навистина е необичен свет. Плутон е толку оддалечен од Сонцето што на Сончевата светлина, која за осум минути стигнува до Земјата, и се потребни неколку часа за да ја допре неговата површината. Овој вселенски објект од Сонцето е оддалечен 5,9 милијарди километри, а неговата година (полна орбита) трае 248 земјени години. И нема ништо мистично околу тоа што Плутон е цел на речиси секој вселенски истражувач. Иако вселенските сонди поминале покрај Меркур и Нептун, ниту еден сателит не по посетил Плутон. И затоа никој точно не знае како изгледа овој свет. Знаеме само дека Плутон е замрзнат објект од карпа и мраз, има три придружни месечини и е обвиткан од атмосфера богата со азот. Меѓутоа, можеби во наредните неколку години ќе дознаеме нешто повеќе за Плутон, некои нови информации што ќе покажат дали овој свет го заслужува називот планета. Во 2015 година вселенска сонда треба да помине покрај него, а нејзините сензори ќе дадат одговор на многу загатки што го опкружуваат Плутон, светот што претставува мистерија уште од самото откривање. Астрономите што работат на тој проект веќе знаат што да очекуваат:
- Ќе бидеме изненадени, ќе бидеме шокирани. Но, во тоа лежи забавата. Кога ќе стигнеме до Плутон и кога ќе ме прашате што сме нашле, ќе ви дадам точен одговор. А, тоа можам уште сега да го кажам: „Нешто прекрасно“.


соурс
 

Anti Spam Master

Anti Spam Master
Член од
22 октомври 2009
Мислења
100
Поени од реакции
1
вистинска мистерија е зошто црната дупка што се наоѓа во нашава галаксија е неактивна т.е спие.
тоа е така од 199*(не ми текнува точно која година беше)
но се верува дека кога ќе се разбуди ќе настане хаос во нашава галаксија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom