Конечно се враќаме на Месечината:
Подготвена за лансирање, новата ракета Арес 1-X се наоѓа на лансирната рампа 39B. „Новата ракета е доста повисока и има супер изглед“, вели д-р Брајан Кокс (Dr. Brian Cox). Сепак, некако се чини дека оваа ракета би требало да биде поширока. Таа дефинитивно е висока: со своите 100 метри, е за 43 метри повисока од вселенскиот шатл. Изгледот настрана, ова е историски настан, бидејќи за првпат по 25 години, нова ракета е поставена на лансирната рампа во вселенскиот центар „Кенеди“, на Флорида.
Нова ракета на лансирната рампа во вселенскиот центар „Кенеди“
Тест-ракетата беше поставена на рампата во вторникот, во 07:45 часот по локално време. Транспортерот ја напуштил зградата за подготовка на леталата во 01:39 часот, и до рампата се движел со брзина не поголема од 1,5 километри на час, поминувајќи го вклупното растојание од 6,5 километри. Ракетата била осигурана на лансирната рампа во 09:17 часот.
Пробниот тест на Арес 1-Х е закажан за во 08:00 часот на 27 октомври. Овој тест ќе и овозможи на НАСА да ги тестира хардверот, моделите, можностите и земјените операции поврзани со моторот и лансирањето на ракетите Арес 1. Ќе биде тестирана модификувана конфигурација на Арес 1, преку суборбитален лет, кој ќе ја лансира ракетата на 43 km во висина. Ова е првиот пробен тест на програмата „Соѕвездие“, која ги вклучува ракетите Арес 1 и 5, леталото Орион и лунарниот модул Алтаир.