Живот во родна земја или странство?

  • Креатор на темата Креатор на темата robertmkd
  • Време на започнување Време на започнување

Дали повеќе би избрале:

  • Живеење во Македонија со сигурна плата (државна или приватна сеедно) од 35.000 ден.

    Гласови: 49 41,5%
  • Живеење во странство (Германија, УСА, Шведска...) со плата од 3-4К евра

    Гласови: 74 62,7%

  • Вкупно гласачи
    118
Абе и вас не си работи. Признајте си..
Сакате во канцеларија, со парно, клима и да лежите и плата од 3.000 евра да земате
Такви ги има многу. Но верувај и во државно веќе на некој места не е така. За приватно да не збориме. Се зависи од човекот. Секаде постојат мрзи.
 
35 000 и не е така лошо. Меѓутоа со еден вработен и рецимо две деца не бива. Двајца вработени x 35 000 и скромно станче кое ќе може да се одржува со овие 2 плати пак некако ќе се преживува :)

Некако ќе се преживува?!!?!? Двајца со по 10к некако се преживува, ова е итекако фино.

Инаку, можеби би отишол во странство на стандардна печалба како во стари времиња (налик од народни приказни). После со парите тука некој бизнис и од таму здравје ќе си го исполнувам сонот.
 
Македонија и сигурна плата ги ставил во една реченица. :coffee:
Зошто да не? Ако имаш пријатели и знаење и да пропадне фирмата ќе се снајдеш. А ако гледаш така секаде постои можност фирмата да пропадна, платата да се намали и слично ;)
 
Со голема плата од 500+ евра би живеел во Македонија.
Мислиш дека ќе ти стигне?
150 евра кирија
70-100 евра сметки
50 евра гориво
50 евра регистрација со одржување на возило распределени по месеци
Отидоа над 300 евра попатни трошоци и тоа да правиме математика да си сам со невевчето, а кога ќе се родат и деците, е тогаш поскапи се свирачите.
Кај ти е одморот за фамилија на лето, ами на зима, каде се хоби, спортови и слично.

Првата ставка ако ти е обезбедена од тато-мама можеби ќе крпариш со 500евра.
Математиката е за плата од еден што е најчест случај, со две плати можеби ќе излезеш до некаде на крај, али пак....
 
Ако имаш скромни амбиции најверојатно у Мк би сакал да останеш, пошто толку има да понуди...
 
Знам, но правиме споредба, односно ако виде ставив за гласање најгоре...[DOUBLEPOST=1460199960][/DOUBLEPOST]
Токму така. Но чисто сакав да ги прочитам мислењата. Јас лично имам можност да отидам и да се преселам и во германија и во америка. А и тука мислам дека добро би се снашол... но само мислам хаха..
...pa ti né mu ja misli, snajdi sé !
Zoshto ti treba forumov/temata ako mozhesh da se snajdesh ? Ochigledno ne e taka.

Toa okolu odenjeto vo stransvo i preseluvanjeto, odi vidi probaj, pa kje znaesh dali imash mozhnost i dali mozhesh da ostanesh na podolg rok. Vaka merenje sila na forum, drn drn...bum !
 
Ниедна пара во светов нема да ме натера да се вратам во Македонија. Роднините и пријателите ќе преживеат.
И онака секој си го гледа својот живот. :) Најсмешни ми се овие ама знаеш веќе имаш роднини, пријатели, комшии, ова она ќе ти недостигаат слави, крштевки, имендени, кафе со комшиите. :pos: Нека се запрашаат дали истите со кои сега заедно ги поминаат времето и не можат да се разделат, кога би заминале дали и тие исто ќе им недостигаат како на нив.

Ако си дружељубив секаде ќе имаш пријатели, комшии, колеги и ќе одиш на концерти, натпревари, итн. Само предноста е што нема да имаш ненајвени гости, нема да те озборуваат комшиите откако ќе го испиете кафето, роднините не знаат ништо за тебе и нема да ти фаќаат сеир. :icon_mrgr:
 
Недостигаат најблиските и тоа некогаш знае да биде болно, ама не те убива. Подобро ќе страдам на тој начин отколку некој доживотно да ми го гази образот. Негативните работи изобилуваат, а позитивните се бројат само на една рака. Освен роднини, пријатели и релативно евтини нешта што друго го има во Македонија, а го нема настрана?
ВМРО!
 
Кога почна да ги набројуваш партиите можеш сите до една, не цепкај :)

Ела си во мкд, шо бараш на ладното таму, тука е лепота, народ „ убав“, „убава политика“, уште поубави навики, култура на најниско ниво...ај да не ја фалам дотолку, ќе се намали бројот на туристи за во лето :D
 
Без разлика, колкава плата и да земам, останувам во Македонија. Можеби би отишол во странство на печалба во рок од година - две, но повторно би се вратил тука во Македонија, од проста причина што тука ми е се.................., семејството, татковината и еден куп спомени. Точно е дека парите ќе ти помогнат да го живееш полесно животот, но не е се во нив............., парите неможат да направат да се чувствуваш исполнето и среќно.

:)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom