Живот во родна земја или странство?

Дали повеќе би избрале:

  • Живеење во Македонија со сигурна плата (државна или приватна сеедно) од 35.000 ден.

    Гласови: 49 41,5%
  • Живеење во странство (Германија, УСА, Шведска...) со плата од 3-4К евра

    Гласови: 74 62,7%

  • Вкупно гласачи
    118
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Во Македонија. Сепак се се сведува на тоа што сакаш од животот. Јас друштвото и околината не би ја менувал за ништо. Е сега ако мислиш дека не си носталгичен и имаш шанси надвор да напредуваш тогаш може да си ја пробаш среќата.
Најлошо е да не сакаш да одиш воопшто ама да отидеш. Само ќе потрошиш година две и ќе се вратиш уште повеќе разочаран. Значи само ако си навистина решен да одиш надвор тогаш оди.
Во секој случај мора да се измерат многу работи, не е едноставно не е само платата.
 
Член од
2 октомври 2015
Мислења
109
Поени од реакции
50
Не секој има своја куќа во Македонија и зема 35000 МКД. Поќето со куќа живеат со родителите а и куќата е веќе по старичка, ако земаме просек.
Знам, но правиме споредба, односно ако виде ставив за гласање најгоре...[DOUBLEPOST=1460199960][/DOUBLEPOST]
Во Македонија. Сепак се се сведува на тоа што сакаш од животот. Јас друштвото и околината не би ја менувал за ништо. Е сега ако мислиш дека не си носталгичен и имаш шанси надвор да напредуваш тогаш може да си ја пробаш среќата.
Најлошо е да не сакаш да одиш воопшто ама да отидеш. Само ќе потрошиш година две и ќе се вратиш уште повеќе разочаран. Значи само ако си навистина решен да одиш надвор тогаш оди.
Во секој случај мора да се измерат многу работи, не е едноставно не е само платата.
Токму така. Но чисто сакав да ги прочитам мислењата. Јас лично имам можност да отидам и да се преселам и во германија и во америка. А и тука мислам дека добро би се снашол... но само мислам хаха..
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Знам, но правиме споредба, односно ако виде ставив за гласање најгоре...[DOUBLEPOST=1460199960][/DOUBLEPOST]
Токму така. Но чисто сакав да ги прочитам мислењата. Јас лично имам можност да отидам и да се преселам и во германија и во америка. А и тука мислам дека добро би се снашол... но само мислам хаха..
Чим толку му ја мислиш седи си тука а во Германија и Америка оди на одмор :)
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.261
Поени од реакции
21.179
Поарно ич да не заминел, ако е способен со фриленс може многу повеќе да направи барем за тоа има многу работа денеска. Луѓево мислат Германија и пари ќе си врнат и ќе им се реши животниот проблем. НЕ, треба сами да си ги заработат, не е битно каде и што
Па добро сега, нема да остане на толку тој. Сепак, тоа му е почетна плата и еден вид отскочна даска. Секако понатаму ќе напредува во кариерата, а можност за напредок во Германија и Македонија, не се споредува.

А колку саати? Минимална плата е 8,5 Евра и излагаш со 40 саати неделно некаде кај 1100 Евра нето.
Е не знам тоа. Дека почетник, можно е да работи и помалку саати.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.766
Поени од реакции
82.751
Животот у Германија не е само плата, животот е и функционирање на институциите, слободни избори, незагаден воздух од по 900 микрограми, чување на националните богатства и екологија и еден тон други работи со кои тука те ебат у здрав мозок, при секој момент на твојот живот, а таму се granted.
Наивно и глупо, но константно, луѓето го мерат животот во странство само според плата. Животот во странство се и мал милион работи кои не се поврзани со плата, а функционираат нормално, за разлика од вакви држави како нашата.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Со Македонска плата Америка може само на слики да ја гледа.
35.000 плата е муабетот и жена му 35.000 = 70.000. Ако имаш стан мислам дека може неколку пати Америка да ја посетиш во животот.
А инаку да, животот е многу повеќе од платата - слави, крштевки, имендени, родендени на пријатели со кои се дружиш од основно, кафе кај комшиите, посета на село кај дедо баба, утакмици на вардар, на македонска репрезентација, одење на пиво со другари, на концерти со старото друштво и многу други работи.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.090
Поени од реакции
11.494
Јас лично имам можност да отидам и да се преселам и во германија и во америка. А и тука мислам дека добро би се снашол... но само мислам хаха..
Ако навистина имаш можност за УСА ич да не му ја мислиш, купувај куфери уште сега. Батали овие филозофите што те лажат со сентиментални глупости, другари и пријатели и таму ќе стекнеш.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Да, во Америка и роднини може да се купат. Шибај. Слушај ги овие што те тераат да одиш а си седат во Македонија:)
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.730
Поени од реакции
4.481
Просечната плата 1800, кирија 900-1000 (зборуваме ако живееш малце понастрана од метрополите а за внатре ич не треба да зборуваме), сметки, ова она, и со 800-900 евра месечно таму ќе преживаш со леб и сол
Каде бе 900 евра кирија 600-700 евра имаш скоро секаде поефтино во периферија.(Сепак зависи која држава кој град ама па таму давачките каде што се повисоки вообичаено и платите се)

Ако работиш сигурно нема да живееш на запад со леб и сол можеби ќе имаш друг тип проблеми од носталгија, немање пријатели и слично ама финансиски проблеми се реткост.

Е сега ако си бил неспособен во МК и на запад ќе бидеш неспособен, ако не знаеш/не научиш јазик тоа е веќе твој проблем.

П.С На запад не е розево ама да не се лажеме дека тука не е 10 пати полошо.
П.С2 Повеќето луѓе не идат на запад поради парите иако тоа е една од причините, повеќето луѓе идат поради мирна глава или со други зборови администрацијата работи, судството функционира, здраството не остава млади момчиња и девојчиња да умрат и еден куп други срања што се случуваат.
 
Член од
13 февруари 2014
Мислења
233
Поени од реакции
110
Ама никогаш нема да стекнеш фамилија
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.090
Поени од реакции
11.494
Да, во Америка и роднини може да се купат. Шибај.
Кога пола од роднините ти се по странство и не се некој аргумент за останување во Мкд.

Слушај ги овие што те тераат да одиш а си седат во Македонија:)
Седат во Мкд затоа што УСА, Аус, Канада не делат иселенички визи на лепе очи. Да не требаше виза ќе збришеа на гурбет уште утре. Море уште вечер, куферот е на готовс.
 

sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.072
Поени од реакции
4.942
35 000 и не е така лошо. Меѓутоа со еден вработен и рецимо две деца не бива. Двајца вработени x 35 000 и скромно станче кое ќе може да се одржува со овие 2 плати пак некако ќе се преживува :)
 
Член од
23 октомври 2015
Мислења
128
Поени од реакции
72
Od start trgnuvas so pretpostavkata deka izborot e permanenten. Mnogu e verojatno deka prosecniot Makedoinec vo tekot na zivotot ke go fati nekoj zort da mora da bega. Prevedeno, zivotot vo makedonija e privremen dodeka ne se meni vlasta koja te poddrzuva, posle sakal nejkel najdobra opcija e pakuvanje kuferi.
Taka da vo Makedonija zivotot e ubav ako imas pari dodeka ne ti gi udrat klocite, sto ne zavisi od tvoite sposobnosti tuku od rodninsko-prijatelsko- partiskite vrski sto gi imas.
 
Член од
12 мај 2015
Мислења
102
Поени од реакции
137
Абе и вас не ви се работи. Признајте си..
Сакате во канцеларија, со парно, клима и да лежите и плата од 3.000 евра да земате
 

Kajgana Shop

На врв Bottom