MIKI1
Поставувач на неодговорени прашања.
Хмм. Нели клoнирaњетo и вештaчкoтo oплoдувaње беa делo нa лукaвиoт.
Сaмo штo немaлo присуствo нa светиoт дух.
Тaкa сум те рaзбрaл.
Клонирањето е дело на ликови од медицината, кои во сета своја гордост, ја надминуваат границата на умереност и природната улога од медицината и влегуваат во зоната на Божјата екслузива и монопол.
Клонирањето е чин на прекреирање на човек, кој (чин) не е благословен од Црквата, ниту е природен начин на продолжување на родот човечки.
Само во природниот начин на зачнување човек, непосредно учествува и Бог: родителите му даваат тело на идниот човек, а Духот Свет му ја дава душата на идниот човек.
При клонирањето, како чисто механички и „надворешен„ чин, каде е учеството од Духот Свет?
Клонирањето и воопшто, генетскиот инженеринг, се оправдуваат како начини со кои се интервенира во генот човеков, со наводната намера за „поправање„ и/или превенирање на наследни непосакувани особини и болести.
Туку, прашањето е: кому му се потребни такви „совршени„ нови генерации од луѓе?...
