Lester Freamon
A man of focus, commitment, sheer will...
- Член од
- 14 јануари 2015
- Мислења
- 16.238
- Поени од реакции
- 36.512
Од кога овошјето е добро за слабеење?[DOUBLEPOST=1459890462][/DOUBLEPOST]Кардио вежби и исфрлање на џанк храната (сокови, грицки, брза храна, итн.), и поголема конзумација на вода, зеленчук, овошје. Сега ова со кардио вежбиве, доколку не сакаш да идеш по фитнес центри и да даваш пари, најдобро ти е возење на точак и трчање. Почни полека, биди уморен и константен.
Рацете ќе ти ослабат како и да ја вртиш, а ако удриш само на кардио т.е трчање како што те советуваат, ќе изгубиш најмногу баш во тој дел. За да задржиш што е можно повеќе мускулна маса, а да изгубиш на масти ќе мора да воведеш и тежински тренинг, ако не во теретана, барем со своја тежина (склекови, вратило, разбој, стомачни..) ако трчаш на кеј, имаш справи таму може да ги изведуваш овие вежби.Вака дечки... За една година се здебелив 30 кг. Имав 50 сега имам можи поќе од 80. И наравно пуштив стомаче. Неќам да сум на диети од страв да не ослабам пак многу ама сакам да го немам стомакот. Значи, некој со слично искуство да ми кажи како до рамен (или ете немора скроз рамен) без да ослабам на друго место (раце, нозе)?
Исфрли џанк фуд, намали на внес на јаглехидратите, зголеми протеински внес, ако не сакаш да се замараш со броење на калории пробај да се замараш со огледалото, т.е ако гледаш на огледало дека има ефект и почнуваш да слабееш си на добра патека со храната и тренигот, ако нема ефект мора да намалиш на храната и да зголемиш на тренинг. Во кратки црти е тоа, ако сакаш да вадиш сикс пак и да имаш колку толку раце, гради, грб, рамена ќе те боли малку повеќе главата.
Последно уредено: