Според Груевски, медумите се регулирани, ахахахха, кому ли му се обрати човекот? на Швеѓани ли? или Исланѓани? Па пушти си сега вести на Сител и слушај, пола саат Латас како држи слободен говор против Сдсм.
Кои медиуми регулирани, со 16000 минути позитивни вести за Дпмне, и 16000 негативни за Сдсм?
Кои медиуми регулирани, ми текнува на последните избори како се известуваше за митинзите на Дпмне а како за тие на Сдсм. На митинзите од Дпмне фаќаа снимки каде се гледа полно народ, со еуфоричен глас на новинарот... додека за митинзите на Сдсм фаќаа делови каде има поретко симпатизери, а гласот на новинарот меланколичен како приказки пред спиење да чита. Дури се чудев зошто опозицијата не реагира на тој факт.
Што значи регулирани медиуми за Дпмне? Дали медиумите ќе бидат најрегулирани кога ќе успеат да си ги купат и Телма и 24вести? (единствените реални медиуми) Све си купија од медиумите, само уште тие им останаа.
Еве и сега видовме колку се регулирани медиумите, таман кога дојде време за поставување прашања, се скина линијата од вашата прес конференција
Според Груевски, нема да има притисок врз гласачите, според анкетите ние имаме сигурна победа .... па анкетите и во 2014 велеа дека имате сигурна победа, но вие ги пуштивте багабондите на МВР да вршат притисок, вие отворивте партиски штаб во МВР, ги сотревте неистомислениците.
Според Груевски, тие што ќе вршат злоупотреба на изборите, ќе одговараат
... да бе гледаме како одговараат, се наполнија затворите... а и на СЈО и помагате многу, дури и сваровски судиите ги тргнавте. А за Уставен суд што да ти кажам, љепота.
Тоа е тоа, 10 години глумење светец пред камери.