Да!
И кој ја менува темата?
Русија ја помагаше Ерменија, а богами го помагаше и Азербејџан. Не само што продаваше оружје на двете страни, туку нивни војници се бореа - за двете страни. Само еден пример ти е битката кај Горанбој:
https://en.wikipedia.org/wiki/Nagorno-Karabakh_War#Operation_Goranboy
Успешната оклопната офанзива на Азерите била запрена само после активно вклучување на руски сили кои ги бомбардирале позициите на Азерите. Во исто време, руски војници имало и на спротивната страна.
@
jamajka на ова мислев. Русија активно и помага на Ерменија, додуше само за да не изгуби - не и да победи. Истата стратегија ја имаат и во Сирија, Асад да не изгуби - но не и целосно да победи.
Затоа
@Human ќе те прашам пак - кoj момент од
divide et impera не ти е јасен?
Мислам дека имаш погрешна перцепција за кризата помеѓу Азербејџан и Ерменија околу Нагорно Карабах. Ерменија официјално не учествувала во конфликтот. Конфликтот бил внатрешен. Едно е Русија да те поддржува, а друго е да учествува. Разликата ја видовме во Сириската војна. Имај во предвид дека на страната на Азербејџан се бореле 10000 муџахедини, истите оние кои се борат во Сирија. 5000 Чеченци и 5000 Авганистанци. Што ако Русија го подржуваше Асад. Се додека Русија активно не се вклучи во војната, Асад губеше. Да не беа Хезболах, Асад одамна ќе го гледавме во некое видео попут она на Гадафи.
Втора работа што ти бега е фактот што Азербејџан потиша капитулација за да спречи војската на Нагорно Карабах да не го освои цел Азербејџан. Значи Ерменците имале тотална победа во оваа војна, па дури почнале да земаат територија надвор од Нагорно Карабах.
Ете гледаш не е дека Русите ги оставиле Ерменците без победа.Ерменците сами ја однеле победата. Русија била само навивач и била тотално неспремна за оваа војна. Исто како што беше неспремна за интерниот конфликт во Чеченија.
Од друга страна инструктори од Американските компании, присутни во Азербејџан ја тренираа војската на Азербејџан. Оваа војна не е масло на Русија. Конфликтот во минатото имал поинаква цел и позадина. Овој пат тој конфликт се одмрзнува од сосема поинакви причини. Тоа го прави САД со цел дестабилизација на подрачје, каде се судираат интереси на Иран и Русија. Азербејџаните се одлична алатка за тоа да се оствари. Имаат долг за понижувањето кое го доживееја пред 22 години. Со оглед на тоа дека војската на Азербејџан е навидум супериорна и према Ерменската армија, не верувам дека Ерменците би си ставале трн у здрава нога, да го активираат овој конфликт. Тие тоа што го сакаа го добија, сега Азерите си го бараат тоа назад. Блицкригот беше на Азербејџан.
Овој потег беше на САД, ја вмешуваат Турција уште повеќе, имајќи ги во предвид одличните односи меѓу Азербејџан и Турција. Воопшто Турското прашање е најгорко и за Иран и за Русија, ништо чудно да се одмрзнe некој конфликт и на среден исток, Таџикистан можда.