Акции на СЈО (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Grmys
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Кажи де во кратки црти, да не мислиш дека имам намера и време стариот Саво да го гледам саат време како расправа залежан у таа кожната фотеља :D
на Александар мисли, новиот припејд експерт :(
 
Кажи де во кратки црти, да не мислиш дека имам намера и време стариот Саво да го гледам саат време како расправа залежан у таа кожната фотеља :D
Па не е за кратки црти, за скроз нов Устав зборуваше, на граѓанска основа, и сосема различен од сегашниов. И во смисла на дефинирање на државата и во смисла на владеење на правото.
 
Па не е за кратки црти, за скроз нов Устав зборуваше, на граѓанска основа, и сосема различен од сегашниов. И во смисла на дефинирање на државата и во смисла на владеење на правото.

Да не сака Ацо да биде и уставотворец? Да знам да исчистам сачмарката.
 
Па не е за кратки црти, за скроз нов Устав зборуваше, на граѓанска основа, и сосема различен од сегашниов. И во смисла на дефинирање на државата и во смисла на владеење на правото.

Устав на граѓанска основа за кој што ќе дадат согласност и браќата?
Тоа значи браќата ќе се откажат од сите привилегии што им носи тоа 25%.
Тешко тоа.
 
СДСМ е крива што сеуште Груевски не касапи како што сака. Добитна рака држеа и ќе успеат да ја прокоцкаат. Се поради нивната огромна неспособност. Аматери невидени.

А што правиме ако сдс се соучесници во некое сценарио подготвено однапред :cautious:
Личност која има 800 запослени, Б.Ц,Шеќерката (кои си плаќаат кирија сами на себе) ,еден куп професори итн итн може се да се, само НЕ Аматери ;)

Да живее сдс-дпмне :popce:
 
Исланд, држава со 330.000 жители, но илјадници излегоа на протест барајќи оставка на премиерот, поради сметките во Панама.

635953821517072104-EPA-ICELAND-PROTEST-PANAMA-PAPERS.1.jpg

protest_panama_papers_crowd_from_above_040416.png

Во меѓувреме во Македонија, лавови влегуваат во матни води заради еден сендвич

maxresdefault.jpg
 
Последно уредено:
Па не е за кратки црти, за скроз нов Устав зборуваше, на граѓанска основа, и сосема различен од сегашниов. И во смисла на дефинирање на државата и во смисла на владеење на правото.

А да направиме нов устав каде што Груевски би бил цар? Илија Димоски би можел да биде дворски лудак...

Заебанцијата настрана, ми е страв да помислам каков устав би напишале "експерти" од ДПМНЕ.
 
Како си го залажуваат членството со нов Устав , и тоа од универзитетски професор . :LOL:

Охридски рамковен договор

5.1. На централно ниво, уставните амандмани и Законот за локална самоуправа, нема да
можат да се усвојат без квалификувано мнозинство на две третини од гласовите, во
рамките на што ќе мора да има мнозинство од гласовите на пратениците кои тврдат
дека припаѓаат на заедниците кои не се мнозинско население во Македонија.

(4) За одлука за менување на Преамбулата, членовите за локална самоуправа, членот
131, која било одредба што се однесува на правата на членовите на заедниците,
вклучувајќи ги особено членовите 7, 8, 9, 19, 48, 56, 69, 77, 78, 86, 104 и 109, како и
одлука за додавање која било нова одредба која се однесува на предметот на тие
одредби и членови, ќе биде потребно двотретинско мнозинско гласање од вкупниот број
пратеници во кое мора да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои
тврдат дека припаѓаат на заедниците што не се мнозинско население во Македонија.

Заебанцијата настрана, ми е страв да помислам каков устав би напишале "експерти" од ДПМНЕ.

Мене не ми текнува на луѓе. Шкариќ, ако е жив дотогаш. Камбовски е проблематичен, знае да прифати сугестии од политичари, Галев исто. Владо Поповски ја заеба еднаш, дозволи Фрле да му го киднапира. Не знам кој би можел да напише здрав граѓански Устав, автентичен и направен за нас, а да не биде криминална копија на белгискиот/југословенскиот.
 
Протуѓер можеби? :D
 
Аце и Саво Климовски и Каракамишева како експерти од Правен, Илија Димовски и Влатко Ѓорчев како студенти со најголем стаж на Правен и како последни членови на новата уставна комисија нека бидат уставните судии што ги укинаа членовите од законот за помилување.

Има таков устав да напишат, ќе не опеваат во учебници по Уставно Право и еден куп докторски дисертации низ светот ќе се напишат за нас.
 
Дали ако пишеме нов устав ќе се ресетираат прошливе 25 години агонија и ќе треба да ги пројдеме наредните 25 кенкајки дека сме нова држава?
За другар прашувам.
 
Дали ако пишеме нов устав ќе се ресетираат прошливе 25 години агонија и ќе треба да ги пројдеме наредните 25 кенкајки дека сме нова држава?
За другар прашувам.

Нека ни каже попаметен друго чаре. Еве, да претпоставиме, овие ќе се испоапсат, ќе дојдат други, пак ќе ги користат истите дупки, маани и фалинки во уставот со гласање криминални закони у собрание и за десетина години ќе ја имаме истата слика. Ако не и порано. Земи на тоа натрупани амандмани полни (позитивна) дискриминација со проценти и негативна дискриминација во делот "еднакви шанси"(за македонците, во однос на процентите), простор за рушење на принципот на Монтескје за трите власти... скршен во дефиниција самиот карактер на Уставот како национален и ред други работи. Ваков Устав е во исто време практично неупотреблив и шанса за решавање на најголемите проблеми во распределбата на моќ у државава во еден единствен потег: негово целосно укинување и пишување нов Устав.
Уште луѓе да најдеме...
 
Да не сака Ацо да биде и уставотворец? Да знам да исчистам сачмарката.
Што му фали на Ацо бе? Баш го личи ко за уставотворец.
Устав на граѓанска основа за кој што ќе дадат согласност и браќата?
Тоа значи браќата ќе се откажат од сите привилегии што им носи тоа 25%.
Тешко тоа.
Со ДУИ во парламент, невозможно. Ама Мафо вика ќе бојкотирале избори ДУИ, така му дошепнале од Високата порта.
А да направиме нов устав каде што Груевски би бил цар? Илија Димоски би можел да биде дворски лудак...

Заебанцијата настрана, ми е страв да помислам каков устав би напишале "експерти" од ДПМНЕ.
Британски. Се е дозволено. :D
 
Со ДУИ во парламент, невозможно. Ама Мафо вика ќе бојкотирале избори ДУИ, така му дошепнале од Високата порта.
Што е до тебе, ти би немал проблем да се издејствува граѓански устав каде што нема да се споменуваат етникуми (ова те прашувам зашто си член на ДПМНЕ)? Јас лично би немал никаков проблем, би навивал да се случи тоа.

Ако се оди на таа солуција, на дело би требало да се покажат Џабир Дерала, Маргилен Демири и сите останати борци-револуционери... Ама целиов муабет е во доменот на научнатa фантастика...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom