Какви генерички одговори за учење на памет и без вклучување на мозокот. За кој к** е важно да имам роднини во Бугарија? Овие одговори ги смислил некој што не ја знае суштината во бидувањето "Бугарин од Македонија". Поентата на твоето докажување дека си Бугарин (или од бугарско потекло), не е поврзана со имање роднини во Бугарија. Тоа што си од Македонија е доволно, и самата Македонија е важечко место за имање на сите роднини, во тоа е и поентата што воопшто ни даваат право да аплицираме за бугарско државјанство.
Не знам од каде да почнам со коментирање на овој одговор. Ќе ти се потврдела твојата бугарска национална самосвест откако ќе си станел бугарски граѓанин. Јас ако го водам интервјуто и ако некој Македонец ми одговори вака, ќе му речам "оди отепај се ако твојата бугарска национална свест зависи од тоа дали ние ќе ти ја одобриме". Во таа смисла, одговоров е навистина самопонижувачки (не знам дали
@achtung го имаше истово на ум). Исто така, воопшто не е важно дали твоите предци некогаш биле бугарски државјани. Може да ти се такви околностите, што единствениот роднина од кого црпиш податок за бугарска припадност живеел во Османската империја и никогаш не станал бугарски државјанин. Нема поента да лажеш дека бил, бидејќи не е задолжително да бил. Одговори нешто со користење на мозокот - што ќе се промени??? Во тебе внатрешно ништо, меѓутоа твоите формални и правни врски со Бугарија ќе бидат олеснети и нема веќе да бидат раскинливи од трети фактори кои не зависат од тебе, како на пример евентуални визни режими (како што беше 2007-2009), исто така ќе можеш да се преселиш во Бугарија, бидејќи претходно постоеле административни пречки за тоа, ќе можеш своите деца да ги школуваш и воспитуваш во Бугарија и т.н. - тоа е исто така совршено прифатлив одговор, со предноста што е сто пати подостоинствен и поприроден. Сфати го интервјуто како прилика да си се застапуваш себе си, на некој начин да покажеш зошто си добар кандидат и зоато твоите конкретни околности ти го даваат тоа право, наместо да им изрецитираш тоа што мислиш дека сакаат да го слушнат од тебе, притоа самопонижувајќи се со тоа што непотребно лажеш.
*Едит за да нема недоразбирања: Коментаров не се однесува на било кого лично, дури ни на тој што го цитирам (
@TheDoc), само го коментирам квалитетот на одговорите што кружат на темава подолго време, а тој само ги споделил