Еднакви како збор се користи за „еднакви пред законот“ и рамноправност подразбира „еднаквост пред законот“. Ти сакаш да кажеш дека „не се исти“. И не се исти. Пазарно либералните економии покажуваат распределба на моќ и супериорност поради различни фактори. Дури и во просек, да има повеќе/помалку жени во некои работни сектори, битно е да се понуди еднаква шанса на секој и кој е најдобар, тој да го добие местото. Додека пак на западот повеќе нема дискриминација врз основа на пол (најчесто), на други места од планетата има, како на пример огромен процент од Азија, Африка и делови од Европа, Америка и Австралија.
Прашањето е дали гените одговорни за тоа што го нарекуваме интелигенција, се поврзани со половите разлики и се неменливи од околината, се гени поврзани со половите разлики кои се менливи од околината, се гени кои не се поврзани со половите разлики и се менливи од околината или се гени кои не се поврзани со полови разлики и не се менуваат поради околината. На пример, има студии кои покажуваат дека генетската експресија на невроните цело време се мења зависно од стимулите од околината. Има мал милион фактори кои влијаат на когнитивните способности.
Не постои евиденција дека постои полова разлика кога станува збор за математичко и научно резонирање.
Тоа е релевантно кога станува збор за тоа дали женските можат да бидат добри научници како машките, нешто што Мајло го негира, а е точно.
Ова е пример кој не е релевантен на дискусијата. Тоа е исто ко да ти кажам дека група мажишча ретоси, ја сереа Савант за математичко решение кое и' беше точно пошто е жена. Таа студија што ја наведуваш, не е невронаучна студија, туку резултати кои треба да имаат статистичка вредност, нешто за што честопати ги сереме социјалните науки пошто статистичките резултати сами по себе, непоткрепени со друга помускулеста форма на научни докази, се најслаба форма на евиденција.
Камо контрола, камо елиминирање на стотици фактори? Една студија треба да биде реплицирана повеќе број пати, на различни луѓе од различни култури и малце „поконтролирана“ од тоа што го наведуваш.
Така да просто кажано, овој шлајм од дијаграм, не кажува комплетно ништо за полови разлики поврзани со интелект соодветен за бивање добар научник.