Мое лично мислење е верувам дека Заев ги добил снимките од луѓе од УБК, и дека само ги провериле заедно со Веруш, и добил уверување дека се автентични. Исто така дека убк прислушкувало да си ги има во раце сите функционери за да не биде утре, јас ќе си заминам, ве напуштам вие сте ова она, чекај застани, погледни/слушни што си правел, каде сега ќе одиш, баш поради таа причина. И секако не се ни надевале дека тие снимки ќе паднат во туѓи раце.
Исто така верувам дека намерно ја уништиле скроз опремата за да не се дознае никогаш кој прислушкувал него ете интересно е пред јавноста ќе ги обвиниме Заев, Веруш, Чауш и сите кои не разоткрија.
Ќе си дојде денот кога со докази сето ова ќе се потврди, фабриката за афери ќе ви биде потврдено дека е тотална измислица(како странски служби комбиња и разни глупости), па ме интересира кого тогаш ќе го обвинувате и какви се приказни ќе извртувате, дали пак ќе си зборите како навиени Заев, Сад, Катица, Чауш, Веруш и сл. или ќе си замолчите.
Читам цело време критика, Заев во почетокот едно зборел еден ден, друго следниот пат, па да не сакавте се да ви се исповеда од каде му се снимки, со кој разговарал и сл. Не е будала се да признае па доставувачите да ги ликвидираат подоцна.
Избори не треба да има додека не се реши проблемот со фалсификување, со изборни измами, она реалното од Пепиќ, Кире, Горде, не е само Пустец, секаде има изборен криминал.
Сето тоа да се докаже и да се испозатвори секој што правел уцени, фалсификати, фиктивни адреси, фиктивни гласачи, потплаќање и сл.
И секако ПУЧ да се изнесе се на виделина и да се покаже/докаже кој, како и зошто прислушкувал. Дури тогаш манипулираните граѓани кои само зјапаат по провладините медиуми ќе сфатат кој е вистинскиот криминалец во државава. Се додека не се докаже Пуч, граѓаните ќе си веруваат во монтираните приказни на сител/канал5 и ќе ги сскаат цело време дека сдсм е главниот виновник за се.
Се што има сомнително во снимките да се истражи и докаже, па нека лежат сите по затвор, кој сака нека е бел ден да не види. Нека се очисти конечно државата од зло.