Не знам, затоа што не е рецидив, туку е нова мутација. Креаторот на концептот е доста млад човек, и сеуште го развива. До 2013та се занимаваше само со политичкиот систем на Русија,
и тогаш се случи смена и стана надворешнополитички советник. Од тогаш натаму, низ цела Европа се менува политичката мапа. Нови партии добиваат на замав насекаде.
Дополнително, и САД видоа дека не можат да го спречат, па решија да го применуваат и доразвиваат. Во Полска денес имаш суверена демократија која се инсталира од човек кој е убеден дека Русите го убиле брат му. И тоа се инсталира на уште попервезен начин. Со премиерка за позирање пред камери.
Така да, ќе видиме како ќе се развива ова. Да беше рецидив, нешто како владеењето на Милошевиќ, ќе беше веќе видено, и ќе беше јасно како ќе заврши. Ама не е, и проблемот на опозиција е што с
амо Црвенковски досега уведе дека не е. САД сеуште го проучува моделот, и ги користи наивните опозиционери во држави како Македонија, Бугарија и Турција да му прави стрес тестови, и да види како реагира.
Ако земеш во предвид дека студената војна им донесе најмногу полза на САД и СССР, и дека денес не може да се војува со тенкови, мислам дека суверената демократија е далеку од маргинална појава во држави со недостаток на демократски капацитет. Капацитетот за креирање тензии на моделот е неверојатен. Дури и мажи против жени не е банализација. Во Македонија имаме ситуација на студенти против пензионери, иако се работи за внуци против баби и дедовци.
Се тоа е искреирано од Чеченец, растен по руски вукојебини, кој бил немотивиран да доврши било каков факултет, на кој во војска му било предосадно и почнал да солира па започнал кариера како телохранител на Ходорковски. Јас лично не можам да не почитувам таква генијалност.