Првата (конститутивна) седница ќе се состои од неколку точки на дневниот ред:
1. Конституирање и верификација на мандатите на пратениците
2. Избор на претседател на Парламентот (т.е. бирање на мене)
3. Преименување од Парламент на Република Кајгана, во Собрание на Република Кајгана
4. Донесува измени и дополнувања на Уставот и на низа Закони и поздаконски уредби, со што изборите ќе се забрзаат за наредниот пат, а мандатот наместо 1 месец, ќе трае 3 месеци.
5. Бројот на пратеници од моменталните 36, ќе се укине и ќе стане неограничен, но со изборен праг од 5 лајкови. Ова (ќе) значи дека секој(а) што ќе има 5 или повеќе лајка (гласови) ќе има право да учествува во работата на овој Законодавен орган на Републиката.
6. Регистрацијата на партиите нема да биде повеќе потребна, бидејќи повеќето веќе се регистрирани. Доколку се појави иницијатива за основање на нова партија, прагот од 15 лајкови ќе се намали на 10. Потврда за опстанок на партијата ќе се врши со собирање на нови 10 лајкови на секој 7 месеци (независно дали од истите или нови членови).
7. Одредбата за губење на мандатот, ќе се укине и ќе се донесе нова. Во новата ќе се предвиди дека мандатот може да прекине само со откажување од истиот или пак со собирање на 20 лајкови на предлог одлуката.
8. Секој член може и понатаму да си предлага закон. За изгласан односно прифатен ќе се смета доколку освои повеќе од 15 лајкови (гласови). Против секој закон ќе може да се поднесе преставка, за која ќе се разгледува од истото Собрание (јбг, немаме Уставен суд

) и по неа ќе се одлучува со најмалку 20 лајкови.
9. Дополнително, Собранието на Кајгана може да се преуреди во вистинско Собрание каде што одлуките донесени тука, ќе имаат полноправно дејство во целиот форум, односно со „амин“ од администраторите и модераторите, некои од одлуките би можело да се исполнат во целост на форумот. За таквите одлуки, пожелно ќе биде дуплиран број од лајковите (гласовите) како кај претходно наведените гласања, плус дополнително согласност од извршните власти (јбг, бадинтер и овде ќе мора да има).
10. Овој Кајгана Парламент (Собрание на Република Кајгана) може да биде споделен и на други членови, бидејќи гледам некако слабо е распространет низ целата Република