Кај нас секогаш, ама секогаш народот оди против луѓето кои ги подржува западот. Половина од негативната кампања против ЛуБчо пред 2002 беше баш затоа што постапуваше по некои желби на странците, а народот за тоа беше против :прифаќањето на бегалците од Косово, давањето на воздушниот простор за напад на Србија, прифаќање на некои непопуларни економски мерки како последица на потпишувањето на договорот за асоцијација и стабилизација(намалување на буџетарите за 4% секоја година , ликвидација на Хемтекс, продажба на загубари или нивно затворање, воведување на ДДВ...), ``релативно млака реакција во 2001``, отворено преговарање за решение за спорот со името(на јахтата со Симитис)
Тие работи тогашаната(и сегашна) опозиција ги користеше за напад и рушење на рејтингот на ЛуБчо: организирање на митинзи за подршка на Србија со палење на америчката амбасада во која сега се крстат(раководено од Добри Величковски), вриштење на сиот глас во 2001 дека ``отсуствува енергична реакција кон ОНА``(Владо Бучковски во Тетово), кревање на стечајците на протест(на кои после 15-ти им го начукаа), организирање на трибини и протести против воведувањето на ДДВ(предводено од проф.Наталија Николовска), организирање на протести поради ``продажба на името по јахти, облечен во бермуди(ЉуБчо)
Ова е еден од факторите поради кои сега СДСМ има мал рејтинг. Игра на музиката на странците на која играше и ЉуБчо, а народот секогаш, ама секогаш гласа протов него.
Сигурен сум , и спремен на кладба дека доколку пред 4-5 години Грујо ги започнеше преговорите, и странците му наметнеа спорведување на мерки, досега ќе беше паднат и тоа дирекно на земја.
Само да напомниме: воведување на големи акцизи за бензин, посебно за штетниот дизел, кафе, цигари, алкохол, на коли со поголема снага(луксуз), даноци на разни имоти, такси на многу производи и услуги, забрани за носење на роба од нива во супермаркет и кафана(само од сертифицирани производители), забрана за индивидуално печење на ракија(Тиквеш и Струмица)......
У ствари сега ќе го имавме заборавено и како изгледаше и се викаше Грујо