Жена не сака економската благосостојба на семејството да зависи од нејзината работа. Може да сака да работи, да сака кариера, ама нема да и биде лагодно ако од тие пари зависи семејството. Жена не сака да носи одлуки. Без разлика што никогаш не би го признала тоа.
И не сака, не значи не може. Ако мора, може. Ама тогаш ќе почне да го презира партнерот, и бракот или врската нема да трае долго, ако најде алтернатива.
Тоа не објаснува зошто жените се борат за еднаква платеност. Многу е ретко и најчесто исцрпувачки финансиите на едно семејство да се потпираат на еден сопружник.
Никој не сака да мора да работи за да преживее, го праиме тоа пошто мораме без разлика дали станува збор за мажи или жени.
"Жена не сака да носи одлуки."
И ова претпоставувам се базира на фактот дека низ историјата жените поретко носеле одлуки од мажите, и тотално го занемерува тој другиот факт дека тоа се должи на тоа што на жените им било одземено правото да носат одлуки.
Во краен случај, повторно се сведува на ова, а тоа е дека објективно нема никаква разлика во двата случаи. 1500=1500. Толку. Кој мисли поинаку не е во право.[DOUBLEPOST=1458930246][/DOUBLEPOST]
Е за тоа е целата дискусија, затоа што психолошките претпоставки кај мажите и жените не се исти.
Постојат милион други фактори кои оформуваат психолошка претпоставка, повеќето од нив со многу поголема тежина од полот.