Јас да сум ти сосед намерно ќе ти правам вакви закачки, за да видам дали го знаеш законот за сопственост и други стварни права и дали ти вреди дипломата.
Прегледај го приврзокот 142060
Познавање на закони нужно не мора да претпоставува и поволен исход на суд.
Има фактори повеќе во процес.
Го знам законот за сопственост и голема работа, ги знам повеќето членови и го имам законот испечатен,
има за злоупотреба на право на сопственост во законот.
Но што и кога би се преземало мерки против човекот.
Во законот за сопственост има одредби за заштита на вознемирување на правото на сопственост, човекот може да се жали дека му е вознемирено правото на сопственост.
Тој ќе се жали на тоа, јас на моево ќе се жалам и ќе се влечеме по судови така до недоглед.
Ќе чекам да поминат неколку години да видам колку ќе пораснат во височина дрвјата, ако пораснат само толку колку што еден член поставил слика ќе биде добро, толкави дрвја нема да прават многу лисја, но од кај да знам дека се баш од таа сорта дрвјата, има круши и јаболка кои раснат повеќе во височина од тие кои членот ги поставил во темава.
Човекот зборувал дека дрвјата ќе ги калемел, сега што значи тоа дали дрвјата нема многу да раснат или ќе раснат во височина не знам.
Плодови нема да земам од тие дрвја, за неколку килограми од тие овошја месечно јас секогаш си купувам од пазар и од продавница.
И не е како што некои членови пишаа јас да посадам багреми, ореви и слични дрвја. Бидејќи лисјата од тие џинови мене ќе ми прават штета.
Куќата на човекот е подалеку од мојата иако сме соседи, дворовите се поголеми. Тој околу неговата куќа има празен простор и таму ете не сади дрвја, туку се пика околу мене.
А на истотое тоа место каде сега посаидл дрвја цело време тој си садеше компири и праз.[DOUBLEPOST=1458809119][/DOUBLEPOST]
@Dallas Mavericks ептен ти е километарски постот, може и ќе скокнам нешто. А, може и нема. Јас не знам каде гледаш закани и од кој тип, ама, ако така мислиш твој проблем. Живеам во куќа со двор и има 3 сливи и 1 орев. Можеш да замислиш јас колку лисја чистам. Посебно од сливите. Мали, со неправилна форма...ни метла ги фаќа како што треба, ни гребло. Од оревот, по сезона полнам 8-10 50л вреќи. Знаеш колку лисја се тоа? Стамбените згради и нивните дворови ќе бидат чисти во зависност од луѓето кои живеат таму. Сакаш пример? На 100м воздушно од мене има 4 згради и порано сите беа само со Егејци. Светеа од чистота. Фасада по пропис, дворот со трева, некоја грмушка, дрвјата без суви гранки, лисјата собрани, влезот чист, поштенски сандачиња здрави, во боја... Дојдоа "ојлевци/дојлевци" и зградите станаа запуштени. Знаеш, можеш да го напуштиш селото, ама тешко селото да те напушти тебе. Посебно, "кад се сељак покондури" работава. Како и да е, нема сила што ќе ме натера да живеам во стан како сардина. Балкански синдром или не, општината е должна да се грижи за дворовите на зградите. Затоа што им наплатува ѓубрарина, има да чисти. Нервира селективното однесување на општина кон зградите и станарите. Како може, една зграда секој ден да ја средуваат, а останатите не? Може, таму живее советник во истата општина
Во поглед на мастики џвакање по улица, не го напиша тоа, па да ти кажам дека можеби ти си полош од мене, иако се обидуваш да ја префрлиш топката кај мене. Не само што ја фрлам хартијата во контејнер и џебовите некогаш ми се полни со таква хартија и празна кутија цигари, туку и мастиката прво ја виткам во хартија, па ја фрлам во контејнер
Кажи некој друг дека го прави ова. Да се вратиме кај мене во двор
Од моите сливи, комшиите околу мене секоја година земаат сливи. Насадени се покрај сама ограда и пола дрво е во двор, пола или кај комшијата или на улица. Не само што ќе скинат, туку имаш и: комшија, да набереме кило две, за слатко, компот, сок... И пази, сите чистиме. Поголем дел останува на мене, но другиот е среден од нив. Оревот кога "паѓа", цела улица "се тепа" кој побрзо да помине и да земе од паднатите ореви. Летно време, имаш војна кој да паркира под сенката. И, што? Ми смета? Ми смета паркирањето. И имам намера да викам пајак на секое. Другото? Нормални комшиски односи. Барем во Македонија се нормални. Сакам да го избегнам сето ова? Ќе ги исечам дрвјата и решен проблем. Кој губи? Јас! Зошто да немам некоја слива или орев? Заради лисја во есен? Ма дај. А, за примерот, во друга прилика
Искрено и јас кога користам мастика хартијата отпадокот си го ставам во џеб па го фрлам кога ќе најдам на контејнер низ град, или па и дома си го фрлам во канта па после тоа носам да фрлам во контејнер.
Користам и него бонбони и со нив отпадот истото го правам.
Супер и ти ако правиш така.
А зградите и ѓубрето од лисјата. Сериозно мислиш дека ако има според закони општина да треба да го чисти ѓубрето, дека така и ќе биде во реалноста?
Што ако наплаќа општина за тоа пари од станарите?
Ова е Македонија и балкан и овде има само закон кога нешто треба да се наплати, а кога треба да се возврати тогаш никој никаде го нема.
А за ова моево треба да си дадеш одговор, а не да бегаш со: А, за примерот, во друга прилика.
Дај одговор а не да бегаш.
Еве ти еден пример со тоа што ти го застапуваш како неприкосновено право на сопственост.
Две ниви соседни, на едната нива земјоделецот си садеше секоја година различна полјоделска култура ( една година ќе садеше пченица, следната година пченка, па следната јачмен, некогаш овес, па пак пченица и така во круг) и земјоделецот така си ја садеше нивата со децении.
А соседната нива долго време стоеше необработена, бидејќи сопственикот беше полицаец во град живееше и работеше на служба.
И помина време, полицаецот замина во пензија, и имаше некоја викендица во близина на нивата, и бидејќи тој немаше механизација од трактор и слично, зема на нивата си посади ореви дрвја.
Но гледај сега меѓата помеѓу тие две ниви е долга околу 300 метри, и полицаецот мангуп земал и посадил ореви дрвја во својата нива но на само 10 сантиметри од меѓата, и за неколку години оревите дрвја букнаа и гранките отидоа преку 2 метри во нивата на земјоделецот кој од тие 2 метри гранки не може да си ја оре и работи на мир својата нива и не може да вади храна за себе и за стоката како што вадел претходно.
Нормално земјоделецот фин и културен човек уште кога биле дрвјата ореви засадени му кажал на полицаецот дека не треба да сади дрвја толку блиску до меѓата и дека гранките ќе пречат на земјоделецот да ја ора нивата, но полицаецот нормално му кажал дека за тоа не му е гајле.
Значи целиот тој ред од околу 300 метри кај беше линијата и меѓата помеѓу двете ниви на само 10 сантиметри од меѓата имеше заседено долг ред од дрвја ореви, и на преку 300 метри имаш 2 метри гранки од дрвја во нива на земјоделецот кој не можеше од тие гранки да ора и да ја обработува нивата.
Ова не е измислен, туку вистинит пример.
Секако ти гледам во овој случај ќе бидеш на страната на полицаецот со тоа неприкосновено право на сопственост и приватност.
Се надевам не си судија или обвинител, мада имаме и такви судии и обвинители затоа така и оди се во ова општество.