Хорхе за британски Телеграф и мигрантската криза во Македонија, регионот и Европа.... читајте ги коментарите под веста, чисто онака да видите што мисли европскиот
НАРОД за цела оваа ситуација
Друго, читам по форумов, некои си либерали (добро знаеме кои), се жалат зошто Македонија ги затворила границите со грчка, и колку сме нехумани во однос на луѓето што се доле заглавени на ничија земја. Целата оваа збрка настана по вина на Европа, кога широко ги отворија вратите за бегалците, а притоа не ставија никаква безбедност за тоа кои влагаат во земјите ширум стариот континент. Значи во Европа не влагаа само Сиријци и Авганистанци (оние на кого им беше најважна помошта), туку имаше и бегалци од Африка и другите Азиски земји каде што моментално не се води никаква војна... подоцна овие бегалци ќе се наречат "економски мигранти", луѓе кои не дошле во Европа ради тоа што во нивните земји се води војна, туку ради подобар животен стандард. Ајде минатата година се движеа слободно додека можеа, НО одкако се наполнија капацитетите на Австрија и другите земји да примаат таканаречени "економски мигранти", решија тие самите да стапат на сила.... затварање на границите, и примање на одреден број мигранти кои доаѓаат од најголемите жаришта во Сирија...
Е што е сега проблемот? Како што пишав предходно, Австрија ќе прими само
одреден број на мигранти, колку што и е капацитетот, потоа ќе се затвара рампата ширум Балканот. Она што неможат либералните душички тука да го сватат е ради тие "економски мигранти" кои ги штитеа и им даваа поддршка што повеќе да дојдат, сега им се затвара вратата на оние луѓе кои доаѓаат од воените жаришта во Сирија, и кои навистина им треба вистинска помош од Европа. Башка да не заборавиме колку сомнителни луѓе од тие "економски мигранти" минаа низ балканскиот коридор... се сеќавате на Париските напади, кога беше откриено дека еден од напаѓачите поминал низ Грција, Македонија, Србија итн...
Мултикултурните либерални души немаат апсолутно никакво право некого да осудуваат, никој веќе не паѓа на нивните крокодилски солзи.
Еве читам денес, големи биле шансите на денешниот состанок што ќе се одржи по повод мигрантската криза, границите на Балканот да бидат целосно затворени... дел од мигрантите од Грчка ќе бидат пренесени во Турција, а самата Грција ќе мора да изгради камп што ќе прими 50,000 бегалци на привремен престој... убава вест за нас како држава.
И искрено ќе кажам, мене ми е жал за оние вистински бегалци од Сирија, кои навистина им требаше помоше од Европа, да бидат сега вратени назад во Турција. Е баш ради тие "економски мигранти", и неконтролираниот влез на бегалци ширум Европа, дојдовме до ова дереџе... на вистинските луѓе нема да им биде понудена помош, а земјите од типот на Македонија, Србија, Хрватска, Словенија итн... изгубија огромни парични средства со цел да си ги заштитат своите граници. Мејџор флоп од страна на поголемите Европски држави и нивната политика