Не е битно дали веста е точна или не, јасно е дека тоа ќе се случува ако СДСМ дојде на власт.
Да бидеме реални, 10 години не се на власт, жедни се за крв, одмазда и богатење, ги имаат во овие 10 години видено сите методи за пресметка на ВМРО, мислите нема да ги применат, уште и ќе ги усовршат.
И пак ќе наебе обичниот човек, оној кој случајно се вработил во време на ВМРО, кој отворил фирма во време на ВМРО, кој земал некоја субвенција, тендер, а нема врска со партијата, или може имал некој пријател во ВМРО кој му завршил работа, но ниту одел по митизни ниту на сендвич-протести.
Не е до партиите, општеството е болно, овие кои се сега на власт тераат некои правидни и одмазди од пред 70 години навака, овие другите ќе сакаат се да вратат како пред 2006 и така цело време. Нема некој арбитер во општеството, инстутиција или орган во кој веруваат и го подржуваат сите за да може да биде медијатор, затоа постојат две обвинителства, затоа едната страна бара и посебен суд, затоа уставниот суд сега е партиски за СДСМ, оти беше ист таков за ВМРО до 2011. Затоа што секој го признава единствено аворитетот на својата партија и лидерот и се друго му е небитно, е така држава не може да функционира.
Треба да помине многу време, или да се случи некој посебен настан, епска катастрофа, да се случи некоја катарза на општеството, па да почнеме одново.